Јас сум за комплетна наставна програма.
Техничка струка сум, ама да се разбереме, не е само гурај стручните предмети и си завршил работа.
Во животот и работата си требаат сите предмети. Ете јас за голем минус го сметам изоставувањето на англиски и македонски јазик на ГФ.
Произведуваме стручњаци и професори дури, кои сеуште си зборуваат на локален дијалект од кај што дошле, а на меѓународни средби јас со мојот диво научен Англиски сум им фронтмен.

Второ, учењето физика ти развива еден дел од мозокот и те тренира да мислиш како физичар, хемијата како хемичар, биологијата.... за да бидеш комплетен инженер, лекар, адвокат, мора да бидеш способен и да имаш вештини кои ќе го надополнат твоето стручно знаење и практика.
Јас да сум на власт во основно до крај би вовел обавезно музичко воспитување, не реда ради, него секој ученик да научи базично еден инструмент, тапан- тапан, супер за ритам и дисциплина на мислење.
Ама колку што гледам големиот бизнис се држи до тесно оградени аргачи, разбирливо зошто. Думста бауер-дикста картофелн теоријата. Т.е. што поспецијализиран стручњак, полесен за манипулација и држење под контрола, бидејки специјализацијата му ја смалува сферата на можен ангажман.