Франција, немири, здраво

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е од AI видео, и е едно од многу. Пред некој ден имаше и слики од како протестанти соблакаат цивили, кои што исто се AI генерирани.

Ради тоа сум тука, да научам како правилно да се размислува. :pivo2:

Ако се овие на лево и се либтарди, зошто би протестирале против Макрон кога нивниот најголем ривал политички РН (Ле Пен) е на чекор до власт? Нема сенс. Овие приказни дека они протестираат со цел Европа да се исламизира, а Ле Пен е тука да ја заштити е политички корисна реторика за некои политички струи да дојдат до власт али нема везе со реалност. По сликиве се гледа дека се локална популација.

Ниту црква, ниту џамија не е запалена. Зошто би биле запалени, ако протестите им се против државата и економски прилики? Во главном јавни институции и вакви работи се кршат (што не е оправдано, али е индикативно за тоа што е извор на немирот):

Прегледај го приврзокот 489722
Да од сиве запалени и ограбени објекти ја истакна сликава од Мекдоналд. Демек бунт против клетите капиталисти. Абе прочитани се веќе левичариве. Корисни идиоти и платеници на исламистите. Протестите беа започнати ради условите во образованието па затоа беа запалени училишта.!? Ево ќе те прашам тебе шо кога муслиманите ќе станат доминатни? Дали си свесен шо ќе се деси со левичарите, либералите и феминистките? Мислам која е поентата да примиш илегални мигранти да ти се посерат на државата?
Дај ми некое логично објаснување. Сите видовме кој пали и кој ограбува,да не се правиме на мутави.
 
Абе прочитани се веќе левичариве. Корисни идиоти и платеници на исламистите. Протестите беа започнати ради условите во образованието па затоа беа запалени училишта.!? Ево ќе те прашам тебе шо кога муслиманите ќе станат доминатни?
Значи по тебе овие што протестираат против Макрон, се левица и либерали, и план им е да донесат муслимани со цел да ја исламизираат Европа. За да го направат тоа, планираат да го бутнат Макрон за Ле Пен да дојде на власт? Нема логика. Најлесно е да се прогласи една струја за спасител на Европа кога прво ќе се измисли нешто од кое наводно само оваа струја сите ќе ги спасува, па ќе се окриви примарен политички ривал дека "целото зло на светот е во нив" или "они се корисни идиоти". Стравот е моќна политичка алатка за некој да дојде на власт, али не е доказ и нема везе со реалност.

Дали си свесен шо ќе се деси со левичарите, либералите и феминистките? Мислам која е поентата да примиш илегални мигранти да ти се посерат на државата?
Во ултра-десно кругови секоја ривалска струја се прикажува како "они сакаат да ја исламизираат Европа, ние ќе ја спасиме" или "они сакаат да уништат се, ние градиме". Ова е политички подобно за собирање гласови, али нема везе со живот, нема везе со држава и државно управување. Еве, објасни каде протестираат луѓево со цел повеќе мигранти да дојдат во Франција? Дај ми еден доказ дека е тоа така. Која е врската меѓу протестиве и миграција? Благе везе немаат едно со друго.

Под предпоставка дека сите овие се сите ИСИС под кошулите и сакаат Европа да биде под шеријат, што мајка бараат да протестираат, кога парите од казни можат на адвокати за азил да ги дадат или политички да вршат притисок за повеќе мигранти да дојдат? Нема логика тврдењево, пошто не е вистина.

Миграција е покомплициран проблем, што се разбира треба да се реши, али е малце комично да се прави муабет за тоа како левичари и либерали сакаат преку неа да ја уништат државата во која самите живеат, нема сенс.
 
Значи по тебе овие што протестираат против Макрон, се левица и либерали, и план им е да донесат муслимани со цел да ја исламизираат Европа. За да го направат тоа, планираат да го бутнат Макрон за Ле Пен да дојде на власт? Нема логика. Најлесно е да се прогласи една струја за спасител на Европа кога прво ќе се измисли нешто од кое наводно само оваа струја сите ќе ги спасува, па ќе се окриви примарен политички ривал дека "целото зло на светот е во нив" или "они се корисни идиоти". Стравот е моќна политичка алатка за некој да дојде на власт, али не е доказ и нема везе со реалност.

Немора да значи дека све е испланирано за да дојдат муслимани али нивна политика и идеологија се залага за тоа. Плус нивно уривање и палење на све остава простор за нешто друго да се всели (во овој случај муслимани или генерално небелци). Со нивните погледи и протести прават друг проблем и во тоа е цела ситуација.
Макрон соработуваше со крајната левица само да спречеше да крајната десница дојде на власт, ете сега како му се одразува.
Во ултра-десно кругови секоја ривалска струја се прикажува како "они сакаат да ја исламизираат Европа, ние ќе ја спасиме" или "они сакаат да уништат се, ние градиме". Ова е политички подобно за собирање гласови, али нема везе со живот, нема везе со држава и државно управување. Еве, објасни каде протестираат луѓево со цел повеќе мигранти да дојдат во Франција? Дај ми еден доказ дека е тоа така. Која е врската меѓу протестиве и миграција? Благе везе немаат едно со друго.

Под предпоставка дека сите овие се сите ИСИС под кошулите и сакаат Европа да биде под шеријат, што мајка бараат да протестираат, кога парите од казни можат на адвокати за азил да ги дадат или политички да вршат притисок за повеќе мигранти да дојдат? Нема логика тврдењево, пошто не е вистина.

Миграција е покомплициран проблем, што се разбира треба да се реши, али е малце комично да се прави муабет за тоа како левичари и либерали сакаат преку неа да ја уништат државата во која самите живеат, нема сенс.

Хаха... најлесно е да обвиниш дека ултра-десничарите сееле страв за гласови и слично, погледи само на теренот што се дешава.
Десничариве укажуваат на низа пропусти и реални проблеми за кои ќутат или игнорираат, па после кога десничариве ќе настапат со етикети, тогаш тие собирале наводно поени.

Многу просто и површно гледаш на проблемот, немора да значи дека сите се ИСИС а и толку им црпката да собираат за адвокати, едноставно палат рушат сè дека ги боли брига за културата, инфраструктура, држава. Они се тука што повеќе да зграбат, уништат и профитират од анархијата, тие луѓе едноставно ја мразат Франција. Се ограбуваа само дуќани на Французи, не и на Арапи, ова ако не ти иницира нешто тогаш не знам...

Никој не ни кажуваше дека протестиве се директно поврзани политички со миграција, туку на теренот се видеа ПОСЛЕДИЦИТЕ од миграција, да не се правиме на Тошо.

На повеќе снимци што ги видов буквално имаше извици Алах Алах а и повеќе видов Палестина знамиња него на Франција, буквално за што протестираат за Палестина или за цените?

Либералите и левичарите просто ја уништуваат државата а не дека сакаат, буквално никаде осуди за вандализмот, само уште повеќе пумпање. Нив им одговара да се сруши цела држава за да они воспостават власт и да имплементираат свој светоглед што ќе биде погубен за западната цивилизација.
Денеска гледај пак како Франција се руши...
 
Тролање :pos:

Автоматски споено мислење:

Живеење во соба од 9м2 (9 квадратни метри)
Во Париз и другите француски градови, стотици илјади луѓе живеат во соби од 9м2 (9 квадратни метри).
Тоа се претежно студенти и жители со ниски приходи кои мигрирале од провинциите за подобар живот.
Овие соби се наоѓаат на горниот кат, без лифт, на 8-ми или 9-ти кат.
Недостатокот на кујна е чест во овие соби; тоалетот е во ходникот, или ако нема, се купува мал, преносен
Ладно е во зима и жешко во лето; изолацијата во овие стари згради е лоша, а температурата во зима е 17-18 степени Целзиусови (63-64 степени Фаренхајт), достигнувајќи 38 степени Целзиусови (100 степени Фаренхајт) во лето.
Овие мезанини се изнајмуваат за 500 евра (приближно 50.000 рубли) и повеќе, понекогаш за 1.000 евра (приближно 100.000 рубли).
Сопствениците, кршејќи го законот, ги издаваат неофицијално под наем и не плаќаат даноци. А станарите се принудени да ги изнајмуваат овие мали соби по претерани цени.
Ако на станарот нешто не му се допадне, сопственикот едноставно ќе му каже да се спакува и да си замине; секогаш ќе има други кои се спремни.
Работа најчесто има само во градовите, а младите луѓе ги напуштаат провинциите за подобар живот.
Овие луѓе немаат друг избор освен да најдат подобро место; домувањето е многу скапо, а платите се ниски.
Милиони луѓе во Франција заработуваат минимална плата од 1.500 евра.
Затоа, тие се принудени да живеат во толку ужасни услови за живот.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------
И тоа е Франција... кој би рекол
 
Последно уредено:

Франција е во криза, нешто како Вајмарска Германија. Левичарите пробуваат да ја искористат кризата за да се довлечкаат на власт, али све што направија повеќе им донесе рејтинг на десничарите наместо на нив.
 
Немора да значи дека све е испланирано за да дојдат муслимани али нивна политика и идеологија се залага за тоа. Плус нивно уривање и палење на све остава простор за нешто друго да се всели (во овој случај муслимани или генерално небелци). Со нивните погледи и протести прават друг проблем и во тоа е цела ситуација.
Правење Баба Рога од левица и вакви некои идеи дека они наводно по идеолошка линија се залагаат за исламизација на Европа не се точни. По твојава логика: мигрантиве палат општински згради и кршат јавен простор, за во остиве места се населат мигранти? Што ќе им е тоа кршење и ризик од депортација, ако можат само да се населат. Нема логика.

Франција е држава која има долга традиција на протести. Државата се има родено од протести (незадоволство од лошо владеење), и скоро сезонски има масовни движења во рамки на Франција што се протестни (како синдикати што протестираат за плати или работни услови, па фармери за цени на млечни производи и пазарна конкуренција, ветерани, студенти, цело време има протести.). Некои од тие протести се насилни и низ историјата биле. Тоа не е оправдано, али насилството на протестите во Франција не е увезено од надвор.

Ако ти тврдиш дека извор се ИСИС и исламистички движења: еве докажи дека тие што кршат и уништуваат се мигранти. Не користи твитови на Трамп или AI слики, анегдоти или рекла казала муабети, покажи нешто кредибилно (пример, објава од весник дека мнозинството уапсени се мигранти, или полициски извештај). Миграцијата знае да биде проблем, али ова што го гледаме во Франција нема везе со миграција.

Хаха... најлесно е да обвиниш дека ултра-десничарите сееле страв за гласови и слично, погледи само на теренот што се дешава.
Десничариве укажуваат на низа пропусти и реални проблеми за кои ќутат или игнорираат, па после кога десничариве ќе настапат со етикети, тогаш тие собирале наводно поени.
Во ред, еве докажи дека изворот на насилството се мигранти, па ќе правиме муабет.

Се ограбуваа само дуќани на Французи, не и на Арапи, ова ако не ти иницира нешто тогаш не знам...
Еве, дај ми информација од негде дека ова што го пишуваш е вистина (дека не се кршени дуќани на арапи, само на французи). Ќе те почекам. :pivo2:

Либералите и левичарите просто ја уништуваат државата а не дека сакаат, буквално никаде осуди за вандализмот, само уште повеќе пумпање. Нив им одговара да се сруши цела држава за да они воспостават власт и да имплементираат свој светоглед што ќе биде погубен за западната цивилизација.
Значи левичарите сакаат да ја уништат државата за да дојдат на власт и сакаат да ја исламизираат цела Европа со цел да ја уништат западната цивилизација, а ултра-десницата сака да ја спаси пошто они се добрите. Добро те разбирам?
 
Правење Баба Рога од левица и вакви некои идеи дека они наводно по идеолошка линија се залагаат за исламизација на Европа не се точни. По твојава логика: мигрантиве палат општински згради и кршат јавен простор, за во остиве места се населат мигранти? Што ќе им е тоа кршење и ризик од депортација, ако можат само да се населат. Нема логика.

Франција е држава која има долга традиција на протести. Државата се има родено од протести (незадоволство од лошо владеење), и скоро сезонски има масовни движења во рамки на Франција што се протестни (како синдикати што протестираат за плати или работни услови, па фармери за цени на млечни производи и пазарна конкуренција, ветерани, студенти, цело време има протести.). Некои од тие протести се насилни и низ историјата биле. Тоа не е оправдано, али насилството на протестите во Франција не е увезено од надвор.

Ако ти тврдиш дека извор се ИСИС и исламистички движења: еве докажи дека тие што кршат и уништуваат се мигранти. Не користи твитови на Трамп или AI слики, анегдоти или рекла казала муабети, покажи нешто кредибилно (пример, објава од весник дека мнозинството уапсени се мигранти, или полициски извештај). Миграцијата знае да биде проблем, али ова што го гледаме во Франција нема везе со миграција.

Во ред, еве докажи дека изворот на насилството се мигранти, па ќе правиме муабет.

Еве, дај ми информација од негде дека ова што го пишуваш е вистина (дека не се кршени дуќани на арапи, само на французи). Ќе те почекам. :pivo2:

Значи левичарите сакаат да ја уништат државата за да дојдат на власт и сакаат да ја исламизираат цела Европа со цел да ја уништат западната цивилизација, а ултра-десницата сака да ја спаси пошто они се добрите. Добро те разбирам?

Ти при здрав разум будала се правиш или?

Не ги правам баба рога сами се наместија да се баба рога, кој го запали Лимож? Главни виновници се леичарите, значи не целиот зулум е само од мигранти туку и од внатрешни одртавени структури.

Мигранти кршат се затоа што се таков менталитет и импулсивни се, некој друг им спроведува исламизација, буквално сите ги доселуват војно способни а нивното е што повеќе да беснеат и да ствараат криза, не се чуствуваат таму ги заболе кур за Франција.

Вика нема везе со миграција оф мори мајко...
Буквално отвори очи човек, какви извештаи сакаш?
Мислиш полиција ќе искочи во јавност со статистика за мигранти? Па не се луди уште толку да го загреваат теренот за поддршка на десницата.

Имаше видеa споделени кај Warwawe на инстаграм, доаѓаат да кршат им излезе забулена некоја и одма "наши се, наши" и се вратија, додека кај онаа либералка Французинка што пробуваше да ги спречи видовме како помина.

И добро си ме разбрал, може немаат некои намера ама во пракса така ќе биде. Ќе се сруши западот.

И секој здраво разумен човек ќе им даде поддршка на десничарите затоа што излегоа на улица да си го штитат имотот! Да ја штитат јавната површина и културата од оваа багра. Кој тука спасува а кој ништи? Десничарите не се за Макрон ама сепак имаат свест за национално добро и ќе си се штитат нив и Франција.

Добри информации се што вероватно се спрема забрана за крајно левичарските партии на Меленшон и слични.

„Светот што некогаш го познававме е мртов; претпочитам да ги зачувам моите слики од него недопрени. Оттогаш, се случи катастрофа.“

- Жан-Мари Ле Пен
Автоматски споено мислење:

Иако статистиката опфаќа објекти што им припаѓаат на сите верски заедници, главниот удар е насочен кон католичките објекти – во Франција ги има околу 45.000. Истовремено, според Ламаз, во земјата на секои 15 дена се гради нова џамија, додека исчезнува по една христијанска црква – тренд што тој го нарекува „пресвртна точка“ за верскиот пејзаж на нацијата.

Според податоците на француските служби за криминалистичко разузнавање, само во 2018 година биле евидентирани 877 напади врз католички верски објекти. Во текот на изминатата деценија, бројот на инциденти поврзани со вандализам е зголемен петкратно, а околу 5.000 цркви денес се соочуваат со ризик од исчезнување. Експертите наведуваат дека општините – кои според законот од 1905 година се законски сопственици на верските објекти – често немаат доволно средства за нивна поправка и заштита, што го забрзува уништувањето на верското наследство на нацијата.

Ова се постари податоци, во 2025 се евидентирани повеќе од 1100 напади на цркви со цел да се уништат или оскрнават! И секако кој стои зад нив, па здружената коалиција - левица и миграција.
 
Последно уредено:
Значи по тебе овие што протестираат против Макрон, се левица и либерали, и план им е да донесат муслимани со цел да ја исламизираат Европа. За да го направат тоа, планираат да го бутнат Макрон за Ле Пен да дојде на власт? Нема логика. Најлесно е да се прогласи една струја за спасител на Европа кога прво ќе се измисли нешто од кое наводно само оваа струја сите ќе ги спасува, па ќе се окриви примарен политички ривал дека "целото зло на светот е во нив" или "они се корисни идиоти". Стравот е моќна политичка алатка за некој да дојде на власт, али не е доказ и нема везе со реалност.

Во ултра-десно кругови секоја ривалска струја се прикажува како "они сакаат да ја исламизираат Европа, ние ќе ја спасиме" или "они сакаат да уништат се, ние градиме". Ова е политички подобно за собирање гласови, али нема везе со живот, нема везе со држава и државно управување. Еве, објасни каде протестираат луѓево со цел повеќе мигранти да дојдат во Франција? Дај ми еден доказ дека е тоа така. Која е врската меѓу протестиве и миграција? Благе везе немаат едно со друго.

Под предпоставка дека сите овие се сите ИСИС под кошулите и сакаат Европа да биде под шеријат, што мајка бараат да протестираат, кога парите од казни можат на адвокати за азил да ги дадат или политички да вршат притисок за повеќе мигранти да дојдат? Нема логика тврдењево, пошто не е вистина.

Миграција е покомплициран проблем, што се разбира треба да се реши, али е малце комично да се прави муабет за тоа како левичари и либерали сакаат преку неа да ја уништат државата во која самите живеат, нема сенс.
Тие шо ја водат левицата и либералите се платени опуртунисти. Левичарите кои ја следат нивната идеологија се корисните идиоти. Секој протест во иднина ќе биде искористен од страна на илегалните мигранти за палежи и грабежи затоа шо ја мрзат државата која им овозможила се. Ти текнува кај нас 99та колку бегалци примивме од Косово па како ни се заблагодарија во 2001ва? Истото им се дешава во Западна Европа.
 
Последно уредено:
Франција и забеганите од западна европа, главно Британците и Германците немаат искуство со муслиманите и незнаат како да се справат со нив, од сите христијани највеќе православните имале контакт со исламот во поново време, додека католиците си немаат појма на што отворија врати, највеќе ми е жал што истите тие мајмуни европејци нас ни ставија камен околу врат со рамковниот договор, да не се мешаа сами ќе ја средевме својата држава како што треба.
 
Во 1853 започна Кримската војна. Франција и Англија испратија голема војска како помош на Турција во војната против Русија која до тој момент цело време и нанесуваше порази на турската армија. Руската војска во таа војна беше поразена со огромен број на жртви. Со тоа ја продолжија агонијата на христијанското население на Балканот. Ама кармата дојде по своето.
 
Ние на балканот по никој случај да не дозволуваме нашите политичари и нашата територија да биде за чистење на западна европа, со здравје да си ги гледаат, балканот е православен.
 
Вика нема везе со миграција оф мори мајко... Буквално отвори очи човек, какви извештаи сакаш? Мислиш полиција ќе искочи во јавност со статистика за мигранти? Па не се луди уште толку да го загреваат теренот за поддршка на десницата.
Со други зборови нема такви јавно достапни податоци. Ако е ова така, по која логика треба да веруваме на изјави на политичари, или на твитови од анонимни профили, дека сите протестанти или палачи се мигранти? Со жими мајка тези не се докажуваат. Такви податоци е невозможно да се скријат, во најмала рака извештаи истекуваат во раце на новинари, полициски службеници во Франција за разлика од кај нас се одделени од власт (можат да објават што сакаат).

Очигледно е дека има пропагандна кампања да се оцрнат протестиве како "мигранти против белци" или "цркви се палат" кога е доста очигледно дека овие протести не се такви. Европа има проблеми со миграција, али овие протести имаат 0 врска со тоа.

Тие шо ја водат левицата и либералите се платени опуртунисти. Левичарите кои ја следат нивната идеологија се корисните идиоти. Секој протест во иднина ќе биде искористен од страна на илегалните мигранти за палежи и грабежи затоа шо ја мрзат државата која им овозможила се. Ти текнува кај нас 99та колку бегалци примивме од Косово па како ни се заблагодарија во 2001ва? Истото им се дешава во Западна Европа.
И добро си ме разбрал, може немаат некои намера ама во пракса така ќе биде. Ќе се сруши западот.
ЕУ е главен економски ривал на САД, не Кина (ЕУ има поголемо БДП од Кина и покрај сите проблеми во моментов). Мигрантскиве проблеми, Украина, Иран, се начин преку кој САД ја носи ЕУ во своја орбита и ја става под своја капа (ја неутрализира како економски ривал). Можно е и Франција да е дел од таа слика. Ле Пен самата изјавува дека сака да ја уништи ЕУ. ЕУ како унија е втора најголема економска сила во светов, али ако се распадне, економски ќе биде плен, а не закана. Ултра-десницата е генерално анти-ЕУ, така да тоа што го гледаме е - миграција доаѓа стимулирана од 30 години непрекинати војни на Блиски Исток и паралелно на тоа растат анти-ЕУ движења. Кој ги предизвикува тие нестабилности на Блиски Исток? Не би рекол дека тоа се феминистски и либерали од Берлин или Лисабон.

„Светот што некогаш го познававме е мртов; претпочитам да ги зачувам моите слики од него недопрени. Оттогаш, се случи катастрофа.“ - Жан-Мари Ле Пен
"Германската окупација на Франција не беше така нехумана" - исто така Жан-Мари Ле Пен.
 
Ова ќе сакаат да го кажеме ние за кралската српска окупација и фашистичката бугарска окупација, но реално секоја окупација каде се ништи домородната култура, јазик и нација е еднаква и брутална на еднаков и ист начин, само за сегашните луѓе моменталната окупација(рамковно албанска) е најлоша оти ја живеат.
На денешен ден 1689 е дигнато Карпошовото востание, незнам дали да славам или да се срамам.
Загина за тарабуки да се чукаат на камен мост
 
Последно уредено:
Денес ако прецакаат браќава, мислам дека ќе си купат некоја година раат. Мислам дека енергијата е издишана и ќе помине релативно мирно. Сепак..
 
Последно уредено:
Protestite se voglavno za zivotniot standard.

Tie koi krsat se tepani i od policijata i od mirnite demonstranti.

Ima mnogu koi pobegnaa i koi nema da bidat kazneti, kako i sekogas.

Losa e situacijata od bezbednosen plan.

Odlicna e situacijata da konecno francuzite ja izvadat glavata od supakot i glasaat uste pomasovno za desnicata.

Mora da se odi postrogo kon gomnarijata od afrika.
 
Back
На врв Bottom