Дискутабилно.
Но, во право сте, подобро сменете наслов во биртија. Кафана некои тука ги сметаат, не знам, лаунџ баровите. Не знам за какви биртии вие знаете штом ги прифаќате жениве тука, но единствено женско во такви места е певаљката која останала на масата откако се ставил клуч бидејќи завршило сечие работно време. Дури и во кујната ако е жена не е тоа биртија. Сејф спејс за мажи е тоа, да си кажеме гревовите за да не се повторуваме со другари кај некоја, па да ве споредуваат низ женски друштва. На пример. Нема деца кои се таму за да се најадат, па да сметаат некому цигарите. Чадот има клензинг ефект, како свештено лице да прокадило, а тебе те смирува духовноста. Низ магла си кажуваш што ти тежи и ако добро бакшижирате, дозволено е и чаша да се скрши ако некој го погодила многу краљица тротоара пуштени на јутуб каде вртат и реклами. Во принцип, ако газдата ви остави клуч и си отиде дома, си бил на вистинското место. Ресторани каде се слави Нова Година, ако таква е и кафанава, дајте сметка да си платам и да бегам.