- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 6.497
- Поени од реакции
- 18.955
“Учи за да не работиш!”, реченица што веројатно многумина од нас ја слушале уште од мали. Учете, завршете факултет, стекнете диплома и ќе имате подобар живот, добра работа и финансиска сигурност. Така нè учеа, така нè воспитуваа, а ние верувавме дека образованието е сигурен пат до успехот. Барем добар дел од нас (ја се ставам во таа категорија). Но, колку ова навистина важи денес?
Сè почесто имам впечаток дека годините поминати во образование, вложениот труд и стекнатото знаење не се вреднуваат доволно. Од друга страна, луѓе без формално образование, но со добар бизнис, присуство на социјалните мрежи или едноставно со способност да препознаат профитабилна можност, понекогаш заработуваат многукратно повеќе од луѓе што учеле со години.
Не велам дека образованието нема вредност, ниту дека секој може лесно да заработува без него. Но, се прашувам дали денес навистина се исплати да вложиш толку години во образование, ако тоа не ти гарантира ниту добра плата, ниту финансиска стабилност, ниту подобар квалитет на живот. Дали навистина учиме за да имаме подобар живот или само сме научени да веруваме дека дипломата е мерило за успех?
Што мислите вие? Дали денес повеќе се исплати да бидеш образован човек или да знаеш како да заработиш пари? И дали, кога би можеле повторно да избирате, би го поминале истиот пат? Дали вие ја следевте таа девиза и ви се исплати истата? Што уствари мислеле кога го збореле тоа?