Политички случувања во Израел

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Ти одговорив. Информации дека бил информиран постојат повеќе од 3 години. Њу Јорк Тајмс имаа објавено за тоа дека планот бил познат барем година порано, али дека го имаат отврфлено. Не е прв пат да постојат информации за закана по национална безбедност, а Израел да не реагира (реткост е, али се случува). Ради ваква работа има паднато владата на Голда Меир 1974та (после нападот на Сирија и Египет). Зборот ми е, има силни индиции дека информации постоеле, али не е реагирано. Ако се теории, се доста веројатни пошто не е еден извор (ОАЕ, Египет), него повеќе (и луѓе од внатре од владата во Израел, луѓе од воено безбедносни служби што биле на границата каде се случил масакарот на 7ми Октомври, и тн).

За крај, и под предпоставка дека ништо не знеле (што е доста малце веројатно, Израел има доста компетентни служби), ништо не оправдува бомбардирање на цивили, раселувања на народ (од Западен Појас), бомбардирање хуманитарни коридори, жени, деца, старци, и тн. Тоа не е легитимно средство за уништување на Хамас. Мој впечаток е дека се користи 7ми Октомври етнички да се чисти арапската популација, како што обично се случува кога се врши геноцид: дехуманизација на цела популација (Хамас се поистоветува со се палестинско), па после иде насилно протерување и убивање. Еве и видеа од Западен Брег, каде нема очигледна закана, редовно се врши насилство над цивилна популација, се протеруваат и напаѓаат селани, се под изговор на "ова е Израел" а не "борба против Хамас" (не кријат зошто се таму). Овие дејствија се етничко чистење, а не борба против тероризам, пошто целта овде очигледно е протерување на цивилно население, не борба против Хамас.
Израелците цело време добиваат известувања за напади. Не знам колку си прател, ама и пред 7 октомври скоро секоја година имаше мали сукоби помеѓу Израел и Газа. Хамас ќе земат ќе фрлат 5-6 ракети, ќе повредат 1 човек пример, после Израел нормално ќе им врати. Од друга страна, доколку Израел реагираше, тогаш на вас про-Палестинците пак немаше да ви чини. Да потсетам, 6-дневната војна почна така што Израел реагираше бидејќи беа свесни дека Египет наскоро спрема голем напад врз нив (кога претседателот на Египет ги избрка ОН миротворците од Синајскиот полуостров). Тогаш пак го прогласивте Израел за агресор. Инаку на прашањето од вчера сеуште ми немаш дадено конкретен одговор. Јас те прашав како ти би се справил доколку си премиер на Израел и доколку терористи извршат голем напад врз твојата држава. Ти само ми одговори дека би ги спречил доколку си добил некаква информација. Што би направил еве доколку ненадејно извршат таков голем напад врз твојата држава? Дали би ги поштедил и помилувал терористите?
 
Израелците цело време добиваат известувања за напади. Не знам колку си прател, ама и пред 7 октомври скоро секоја година имаше мали сукоби помеѓу Израел и Газа. Хамас ќе земат ќе фрлат 5-6 ракети, ќе повредат 1 човек пример, после Израел нормално ќе им врати. Од друга страна, доколку Израел реагираше, тогаш на вас про-Палестинците пак немаше да ви чини... Тогаш пак го прогласивте Израел за агресор.
Не сум со "вие про-Палестинците", тоа се твои зборови. Тоа исто како да кажам ти си про-Геноциден. Да не си лепиме етикети, ниту сум за Израел, ниту за Палестина, сметам во нивен интерес е да коегзистираат. Единствена ствар против која сум е убиства на цивили, геноцид, етнички чистења.

Инаку на прашањето од вчера сеуште ми немаш дадено конкретен одговор. Јас те прашав како ти би се справил доколку си премиер на Израел и доколку терористи извршат голем напад врз твојата држава. Ти само ми одговори дека би ги спречил доколку си добил некаква информација. Што би направил еве доколку ненадејно извршат таков голем напад врз твојата држава? Дали би ги поштедил и помилувал терористите?
Во случај на напад, одговор би бил контра-напад конкретно врз терористите. Тоа би значело праќање војска во делови каде е Хамас и таргетирање стриктно на оние кои држат оружје. Во денешно време со дронови, сателитски снимки и капацитет каков што го има Израел, смешен изговор е дека неможе другачје.

Убивање жени, деца, затварање на простор за хуманитарна помош, таргетирање цивилна инфраструктура, не се средства за борба со тероризам, него се тероризам. Етничко чистење на Западен Брег не е политика на борба против Хамас, него се етничко чистење кое е дозволено од државата. Овие политики се надвор од легитимни средства за борба против тероризам и се убиства врз цивили. Овој момент делумно го игнорираш или делумно го оправдуваш со "таму се крие Хамас". Под тој изговор, секој геноцид или етничко чистење во историја можеш да го оправдаш.

Ти не одговори: како протерување, палење на куќи на селани и убиства на Западен Брег се самоодбрана? 65.000 деца кои се или убиени, или осакатени во Газа - како се они легитимна цел? Коментарите на пратеници, генерали за етничко чистење на Газа, како да не постојат? ОН прогласува геноцид? Овој дел го игнорираш.

Да не се вртиме во круг, очигледно гледаме различно на ова. :pivo2:
 
Не сум со "вие про-Палестинците", тоа се твои зборови. Тоа исто како да кажам ти си про-Геноциден. Да не си лепиме етикети, ниту сум за Израел, ниту за Палестина, сметам во нивен интерес е да коегзистираат. Единствена ствар против која сум е убиства на цивили, геноцид, етнички чистења.

Во случај на напад, одговор би бил контра-напад конкретно врз терористите. Тоа би значело праќање војска во делови каде е Хамас и таргетирање стриктно на оние кои држат оружје. Во денешно време со дронови, сателитски снимки и капацитет каков што го има Израел, смешен изговор е дека неможе другачје.

Убивање жени, деца, затварање на простор за хуманитарна помош, таргетирање цивилна инфраструктура, не се средства за борба со тероризам, него се тероризам. Етничко чистење на Западен Брег не е политика на борба против Хамас, него се етничко чистење кое е дозволено од државата. Овие политики се надвор од легитимни средства за борба против тероризам и се убиства врз цивили. Овој момент делумно го игнорираш или делумно го оправдуваш со "таму се крие Хамас". Под тој изговор, секој геноцид или етничко чистење во историја можеш да го оправдаш.

Ти не одговори: како протерување, палење на куќи на селани и убиства на Западен Брег се самоодбрана? 65.000 деца кои се или убиени, или осакатени во Газа - како се они легитимна цел? Коментарите на пратеници, генерали за етничко чистење на Газа, како да не постојат? ОН прогласува геноцид? Овој дел го игнорираш.

Да не се вртиме во круг, очигледно гледаме различно на ова. :pivo2:
Епа друже, тоа ти објаснувам два дена. Палестинците не сакаат апсолутно никаква коегзистенција. Кога Палестинците прифатиле план за две држави? Апсолутно никогаш. Дури и во 1947 кога Обединетите нации направија план, во кој Палестинските арапи ќе требаше да добијат повеќе територија од Евреите, а Ерусалим како најмултикултурен град ќе беше управуван од меѓународна заедница. И од тогаш уште 5-6 пати имаат одбивано било каков план за мир. Во 2000-та година, Јасер Арафат најпрво му кажа на Клинтон дека ќе се согласи на планот за две држави, во кој Палестина требаше да ја добие Газа и Западен Брег (и Источен Ерусалим како главен град). Но во последен момент одби и започнува интифада и нова војна. Како планираш да правиш стриктно таргетирање кога терористите секогаш се кријат меѓу цивили? А инаку каде се крие Хамас ако не во цивилни инфраструктури?? Да не имаат воени бази во Газа па таму да се кријат случајно? Исто како ти што игнорираш тоа што милиони Палестинци славеа кога Израелци беа масакрирани и силувани.
 
Никој нема сочуство кон Хамас, терористичка организација е, ова не е точка на дискусија (тука се слагаме). Проблемот е што Израел го користи Хамас како изговор за етничко чистење на Газа (а од скоро и Западниот Брег) и масовно убивање на цивилна популација. Реакцијата на Израел треба да е пропорционална на проблемот и да е насочена кон Хамас. Проблемот во овој случај е двоен: прво, што нападите се често насочени кон цивилни цели и второ, што одговорот е диспропорционален на заканата.
Хамас се крие зад цивили бре човече божји. Нека не се кријат како пички ќе биди среден проблемот за 24 саати.

Не знам дали воопшто го прочита артиклот што го сподели. Израел ја отфрли two-state solution во 2024 година, по нападите од 2023. А што правиме со претходните 70 години, кога повеќе израелски влади преговараа околу некаква форма на две држави? Тој дел некако го прескокнуваш.

Изгледа ги гледаш само настаните што се совпаѓаат со твојата перцепција на конфликтот, а сe што не се вклопува во приказната едноставно го игнорираш.
 
Последно уредено:
Мој впечаток е дека се користи 7ми Октомври етнички да се чисти арапската популација, како што обично се случува кога се врши геноцид: дехуманизација на цела популација (Хамас се поистоветува со се палестинско), па после иде насилно протерување и убивање. Еве и видеа од Западен Брег, каде нема очигледна закана, редовно се врши насилство над цивилна популација, се протеруваат и напаѓаат селани, се под изговор на "ова е Израел" а не "борба против Хамас" (не кријат зошто се таму). Овие дејствија се етничко чистење, а не борба против тероризам, пошто целта овде очигледно е протерување на цивилно население, не борба против Хамас.
Не мислам дека целта на Израел е некаков геноцид или чистење на Палестинците, иако нивното однесување кон нив не е за оправдување, целта на Израел е создавање држава која ќе има стратешка длабочина од воен аспект и сигурност при судир со поброен непријател во иднина.
Израел има географски голем проблем, но најслабата точка им е Западниот брег.
Доколку немаат апсолутна контрола над тој дел, многу лесно може да бидат поразени во евентуална војна или момент на слабост во иднина.
Во Израел работат и функционираат еден куп националности, огромен број на Арапи меѓу нив, кои се дел од самото општество. Не е целта на Израел бришење на одредени народи, целта е да не дозволат држава или ентитет во рамките на сегашните граници (ова не ја вклучува Газа), бидејќи истиот во иднина ќе биде искористен против Израел.
Начинот на кој го прават тоа не е за оправдување, ама е најдоброто што го имаат засега. Разбирливо за нив, никако за другата страна.
 
Епа друже, тоа ти објаснувам два дена. Палестинците не сакаат апсолутно никаква коегзистенција. Кога Палестинците прифатиле план за две држави?
Тоа е посебна точка на дискусија, овде збориме за убивање на цивилно население. Дали се согласиле за една, две, нула држави, во овој разговор е ирелевантно. Политички несогласувања не се оправдување за агресија врз луѓе само поради нивен етникум (нешто што е надвор од нивна контрола, дадено им е од лотарија на раѓање).

Исто како ти што игнорираш тоа што милиони Палестинци славеа кога Израелци беа масакрирани и силувани.
Игнорирам пошто е шпекулација. Ако грешам, еве ако не ти е тешко: покажи доказ дека милиони палестинци славеле. Под предпоставка меѓу нив и да имало поедини такви садисти (какви што сигурен сум постојат и на двете страни), некој да слави туѓо страдање, ниту тоа не оправдува убиство над цивили и етничко чистење.

Не знам дали воопшто го прочита артиклот што го сподели. Израел ја отфрли two-state solution во 2024 година, по нападите од 2023. А што правиме со претходните 70 години, кога повеќе израелски влади преговараа околу некаква форма на две држави? Тој дел некако го прескокнуваш.
Ирелевантно е, тоа што политичкото водство на палестинците не прифаќа формула за две држави, не оправдува убиство над цивили и етничко чистење над цивилната популација што живее во тој регион.

Не мислам дека целта на Израел е некаков геноцид или чистење на Палестинците, иако нивното однесување кон нив не е за оправдување, целта на Израел е создавање држава која ќе има стратешка длабочина од воен аспект и сигурност при судир со поброен непријател во иднина.
Тоа е во ред, секој си има право на свое мислење. Надвор од нашите уверувања, има утврдување од независна комисија на ОН дека таму се врши геноцид. Овде збориме, за утврдена фактичка состојба: се врши геноцид (истребување на популација само поради тоа што се арапи и не се евреи).

Сигурен сум дека целта е повисока сигурност, али по таа логика, секое злодело над цивилна популација може да се оправда со истото објаснување: да може Х држава убива У цивили, али тоа им е ради национална безбедност пошто тие цивили може да им се закана еден ден.

Израел има географски голем проблем, но најслабата точка им е Западниот брег. Доколку немаат апсолутна контрола над тој дел, многу лесно може да бидат поразени во евентуална војна или момент на слабост во иднина.
Не се слагам, нуклеарна сила се. Кој би им бил закана по опстанок на БИ, кога се единствена сила во регионот со нуклеарки? Али еве, и да не е тоа така, по оваа логика дека "оваа граница им е слаба страна и може некој да им биде закана", секоја инвазија е оправдана. Кажи ми една агресија што неможе да се оправда со овој принцип? Од перспектива на вршителот на агресија, секоја граница може да ја посочи како закана за да си оправда ширење на власт, територија, покажување моќ и требење на други етникуми.

Ако Израел шири територија (кон Сирија, Либан), буквално секоја соседна држава може да и биде "закана по безбедност" и тоа да се користи како оправдување за воена сила во иднина без крај не?
 
Ирелевантно е, тоа што политичкото водство на палестинците не прифаќа формула за две држави, не оправдува убиство над цивили и етничко чистење над цивилната популација што живее во тој регион.
За тебе е ирелевантно, за многу други и те како е релевантно.

Никој не оправдува убивање на цивили, таа крв е на тие кукавици што се кријат зад палестинските цивили, Хамас.
 
Никој не оправдува убивање на цивили...
Прочитај ги коментарите погоре. Прво, почнавме со "таму нема геноцид" па се пребацивме на "не е добро убивање цивили, ама..." или "сите палестинци славеа...".

...таа крв е на тие кукавици што се кријат зад палестинските цивили, Хамас.
По оваа логика, секое бомбардирање во историја каде се таргетираат цивилни цели може да се оправда со "непријателот се крие меѓу цивили, моравме вака". Буквално секое.

Али оправдувањето на страна, на Западна Обала се убиваат и протеруваат арапи кои не се Хамас, немаат допирни точки со оружје, селани се, али поради етникум и религија се протерувани. Целта е очигледна.
 
Тоа е посебна точка на дискусија, овде збориме за убивање на цивилно население. Дали се согласиле за една, две, нула држави, во овој разговор е ирелевантно. Политички несогласувања не се оправдување за агресија врз луѓе само поради нивен етникум (нешто што е надвор од нивна контрола, дадено им е од лотарија на раѓање).

Игнорирам пошто е шпекулација. Ако грешам, еве ако не ти е тешко: покажи доказ дека милиони палестинци славеле. Под предпоставка меѓу нив и да имало поедини такви садисти (какви што сигурен сум постојат и на двете страни), некој да слави туѓо страдање, ниту тоа не оправдува убиство над цивили и етничко чистење.

Ирелевантно е, тоа што политичкото водство на палестинците не прифаќа формула за две држави, не оправдува убиство над цивили и етничко чистење над цивилната популација што живее во тој регион.

Тоа е во ред, секој си има право на свое мислење. Надвор од нашите уверувања, има утврдување од независна комисија на ОН дека таму се врши геноцид. Овде збориме, за утврдена фактичка состојба: се врши геноцид (истребување на популација само поради тоа што се арапи и не се евреи).

Сигурен сум дека целта е повисока сигурност, али по таа логика, секое злодело над цивилна популација може да се оправда со истото објаснување: да може Х држава убива У цивили, али тоа им е ради национална безбедност пошто тие цивили може да им се закана еден ден.

Не се слагам, нуклеарна сила се. Кој би им бил закана по опстанок на БИ, кога се единствена сила во регионот со нуклеарки? Али еве, и да не е тоа така, по оваа логика дека "оваа граница им е слаба страна и може некој да им биде закана", секоја инвазија е оправдана. Кажи ми една агресија што неможе да се оправда со овој принцип? Од перспектива на вршителот на агресија, секоја граница може да ја посочи како закана за да си оправда ширење на власт, територија, покажување моќ и требење на други етникуми.

Ако Израел шири територија (кон Сирија, Либан), буквално секоја соседна држава може да и биде "закана по безбедност" и тоа да се користи како оправдување за воена сила во иднина без крај не?
ШПЕКУЛАЦИЈА било дека Палестинците ги славеле убивањето и силувањата?? Молам?? Друже преиспитај се малку дали се ти е во ред. Еве само погледни го ова видео. Значи овие во видеово се цивили, обични граѓани на Газа, имај го тоа на ум, ова се обичните цивили, не Хамас. Ако обичните цивили им се вакви, тогаш можеш да замислиш каков е Хамас

Твојот вокабулар е полн со: "цивилно население" "цивилно население" "цивилно население" "геноцид". Израел треба да дозволи терористи да ги убиваат и не треба да возвраќаат. Ќе повторам по 100-ти пат. Хамас кукавиците нека престанат да се кријат меѓу цивили, ако тоа го направат нема да има толку многу цивилни жртви. Значи Израел не е проблемот, проблемот е Хамас и сличните на нив.
 
Сите палестинци дека славеле е твоја шпекулација. Овде поставуваш видео од топла што слави, како што ти пишав погоре вакви психопати ќе постојат и во Палестина (како Хамас), али има вакви ликови и во Израел. Во Израел има Тик-Ток тренд од инфлуенсери каде се исмеваат на палестинците што немаат вода, што им се убивани бебиња, што немаат струја и тн. Дали по таа логика дека се величи трагедија кај дел од популација и кај двете страни, масовно насилство и од едните и од другите е оправдано кон цивили? Нема сенс аргументов.

Хамас има поддршка од 18% на Западна Обала и 30% во Газа. Мит е дека секој палестинец е про-Хамас. Наголем дел од палестинците се против.

Невооружано 12 годишно дете и татко му се застрелани пред камера. Ова е долги години пред 7ми Октомври. Од поново време, 3 годишно дете е мачено пред татко му. Татко и син во Западниот Брег се нападнати од толпа израелци. Израелски доселеници напаѓаат селани со цел да ги протераат. Ова како го оправдуваш? Ова се поединечни трагедии врз цивилно население, али ако одзумираш и ги видиш апсолутните бројки на страдања, ќе укапираш дека не е само Хамас таргет. Хамас е легитимна цел, али се надвор од Хамас е нешто друго.

Тоа не значи дека Израел нема право да ги гони Хамас како терористичка организација, али две вистини можат да постојат во исто време: и Хамас е гонет воено, али и масовно се убива и протерува цивилна популација. Ова е факт. Не се 2 милиони Хамас во Газа. Бебиња не се Хамас - за ова луѓе и од внатре од Израел се бунат. Според ОН, има таргетирање на деца (со намера се убиваат). Никој не спори дека Израел има право да се брани, али во овој случај има очигледно прекорачување од право на одбрана, и оди до етничко чистење и геноцид, што е малце бизарно како се оправдува овде. Погоре примерите со деца како се мачени, убиени, извештаите на ОН, го докажуваат токму тоа. Под изговор на "Хамас се крие меѓу цивили" може 2 милиони да се убијат. По оваа логика секое бомбардирање во историја може да се оправда пошто "непријателот не е на плоштад, него се крие меѓу цивили" и секој цивил после по екстензија на таа логика станува цел.
 
Не реков сите Палестинци дека славеа. Реков милиони Палестинци. Во светов има над 11 милиони Палестинци. Те молам убаво читај. Друже, анкетите буквално се нови. И како можеме да сме сигурно колку се точни? Палестинците сега не го сакаат Хамас, затоа што Хамас ги вовлече во катастрофа, и затоа што Хамас не им го исполни ветувањето, а тоа е Израел да не постои. Ти мислиш дека Палестинците во моментов не го сакаат Хамас затоа што на Палестинците одеднаш им текна да станат љубители на демократија, човекови права и соживот? Не бе друже. Хамас им вети победа, а наместо победа им донесе голема катастрофа. Палестинците се лути на Хамас затоа што Хамас не успеа да го уништи Израел и затоа што не успеаја да убијат доволно Израелци. Да прашавме некој Германец во јуни 1945, веројатно ќе ти кажеше дека е разочаран и лут на Хитлер. Ама не е разочаран и лут на Хитлер поради сите масакри што ги направија нацистите, туку е лут и разочаран на него затоа што не успеа во неговите планови и затоа што им вети победа, а им донесе пораз. Јас погоре имам кажано многу пати дека е жално тоа што цивили страдаат. И никаде не реков дека ИДФ се безгрешни, секоја армија има свои злодела, па така и Израелската армија со тој случај со таткото што ми го посочи. Но во споредба со Хамас, Хезболах, Иран итн..., Израелците се Мартин Лутер Кинг за нив.
 
Последно уредено:
Прочитај ги коментарите погоре. Прво, почнавме со "таму нема геноцид" па се пребацивме на "не е добро убивање цивили, ама..." или "сите палестинци славеа...".
Точно, не е геноцид. Тоа е колатерална штета во воена операција насочена кон терористички организации. Геноцидот има многу конкретна и строга дефиниција. Да се работеше за геноцид, бројот на жртви за краток временски период ќе беше далеку поголем (800.000), а не околу 70 илјади, од кои според некои проценки значителен дел се припадници на Хамас.

Дополнително, често се тврди дека по загинувањето на борци на Хамас тие се евидентираат како цивили, што ја отежнува точната проценка на односот меѓу цивилни и воени жртви. Потоа тие бројки се користат во јавната дебата како доказ за различни политички наративи.

Значи ако УЧК се кријат зад цивили нивни ти ќе ја предадиш цела територија на нив?
По оваа логика, секое бомбардирање во историја каде се таргетираат цивилни цели може да се оправда со "непријателот се крие меѓу цивили, моравме вака". Буквално секое.

Али оправдувањето на страна, на Западна Обала се убиваат и протеруваат арапи кои не се Хамас, немаат допирни точки со оружје, селани се, али поради етникум и религија се протерувани. Целта е очигледна.
Хамас не се крие кај цивили? Не градат бази под болници и училишта?
 
Точно, не е геноцид. Тоа е колатерална штета во воена операција насочена кон терористички организации. Геноцидот има многу конкретна и строга дефиниција.
По таа дефиниција и истражување на фактичка состојба од ОН, утврдено е дека се врши геноцид. Не ова ствар на мислење, утврдено е. Надвор од ова, Нетањаху е баран со потерница за воени злосторства. Не е ова ствар на мислење и слободна интерпретација.

Да се работеше за геноцид, бројот на жртви за краток временски период ќе беше далеку поголем (800.000), а не околу 70 илјади, од кои според некои проценки значителен дел се припадници на Хамас.
Како што кажа погоре, за геноцид има строго утврдена дефиниција и истата не вклучува минимум убиени луѓе. Таков критериум нема, туку дефиницијата се фокусира на природата на делото. Во овој случај утврдено е дека такво дело постои (дека се врши геноцид), дека има намера и постапки што таргетираат конкретна група на луѓе со дела што се дефинирани како геноцид. Али еве, и бројката да ја ставиме во контекст: 75.000 како бројка, ако гледаме пропорционално на големина на популација, тоа би било како во САД да се убијат 10.000.000 или во Кина 40.000.000 луѓе. Језиво е таква трагедија да се шминка како "колатерална штета".

Околу делот дека значителен дел се припадници на Хамас, по извори од Израел (ИДФ), минимум 83% од убиените се цивили.

Дополнително, често се тврди дека по загинувањето на борци на Хамас тие се евидентираат како цивили, што ја отежнува точната проценка на односот меѓу цивилни и воени жртви. Потоа тие бројки се користат во јавната дебата како доказ за различни политички наративи.
Според бројки од Израел и ИДФ - најмалце 83% се цивили. Ова се нивни бројки, не од ПА.

Значи ако УЧК се кријат зад цивили нивни ти ќе ја предадиш цела територија на нив?
Хамас не се крие кај цивили? Не градат бази под болници и училишта?
Не се само овие две опции: или убиваш цивили, или се предаваш. Израел има милион опции. За почеток: наредби и напади со намера да се наштети на цивилни цели треба да сопрат. Тоа што го игнорирате со @Лигњослав Велики е делот дека утврдено е дека намерно се напаѓаат цивили (меѓу кои и деца). Значи не колатерала пошто се нема избор, Хамас се во болница и користат цивили како жив штит. Напротив, овде збориме за случаи каде цел е цивилна популација, таргетирана со намера да биде убиена. Тоа е нешто што Израел го прави во моментов што е цел на критика и е причина зошто дури и на запад, за прв пат во историја губат поддршка. Во САД, мнозинство на гласачи прв пат имаат помали симпатии кон Израел, повеќе кон Палестина што е тотално лудо. Не само гласачи него и меѓу Републиканци и Демократи опаѓа поддршка кон Израел, баш поради тоа што го прават во Газа. Ова е значајно за нив на долги стази, пошто САД/Западот им се примарен извор на поддршка (воена и политичка) каде што доста брзо губат симпатии.

Тоа не значи дека или мора да убиваат се што мрда или мора да се предадат. Хамас се легитимна цел, него да не убиваат масовно цивили и операциите да ги водат во согласност со правилата за војна. Ова не е некое контроверзно мислење па да треба да спориме.
 
По таа дефиниција и истражување на фактичка состојба од ОН, утврдено е дека се врши геноцид. Не ова ствар на мислење, утврдено е. Надвор од ова, Нетањаху е баран со потерница за воени злосторства. Не е ова ствар на мислење и слободна интерпретација.

Како што кажа погоре, за геноцид има строго утврдена дефиниција и истата не вклучува минимум убиени луѓе. Таков критериум нема, туку дефиницијата се фокусира на природата на делото. Во овој случај утврдено е дека такво дело постои (дека се врши геноцид), дека има намера и постапки што таргетираат конкретна група на луѓе со дела што се дефинирани како геноцид. Али еве, и бројката да ја ставиме во контекст: 75.000 како бројка, ако гледаме пропорционално на големина на популација, тоа би било како во САД да се убијат 10.000.000 или во Кина 40.000.000 луѓе. Језиво е таква трагедија да се шминка како "колатерална штета".

Околу делот дека значителен дел се припадници на Хамас, по извори од Израел (ИДФ), минимум 83% од убиените се цивили.

Според бројки од Израел и ИДФ - најмалце 83% се цивили. Ова се нивни бројки, не од ПА.

Не се само овие две опции: или убиваш цивили, или се предаваш. Израел има милион опции. За почеток: наредби и напади со намера да се наштети на цивилни цели треба да сопрат. Тоа што го игнорирате со @Лигњослав Велики е делот дека утврдено е дека намерно се напаѓаат цивили (меѓу кои и деца). Значи не колатерала пошто се нема избор, Хамас се во болница и користат цивили како жив штит. Напротив, овде збориме за случаи каде цел е цивилна популација, таргетирана со намера да биде убиена. Тоа е нешто што Израел го прави во моментов што е цел на критика и е причина зошто дури и на запад, за прв пат во историја губат поддршка. Во САД, мнозинство на гласачи прв пат имаат помали симпатии кон Израел, повеќе кон Палестина што е тотално лудо. Не само гласачи него и меѓу Републиканци и Демократи опаѓа поддршка кон Израел, баш поради тоа што го прават во Газа. Ова е значајно за нив на долги стази, пошто САД/Западот им се примарен извор на поддршка (воена и политичка) каде што доста брзо губат симпатии.

Тоа не значи дека или мора да убиваат се што мрда или мора да се предадат. Хамас се легитимна цел, него да не убиваат масовно цивили и операциите да ги водат во согласност со правилата за војна. Ова не е некое контроверзно мислење па да треба да спориме.
Методологијата на UN репортиве е trust me bro, I saw it on social media.

Кој е твојот одговор на ова? https://unwatch.org/wp-content/uploads/UN-Watch-Rebuttal-COI-CRP-Children_June_23_2026.pdf

Напиша реферат а не ми го одговори прашањето, пак ќе го поставам: Aко УЧК се кријат зад цивили нивни ти ќе ја предадиш цела територија на нив?
 
Методологијата на UN репортиве е trust me bro, I saw it on social media.
Ај ако не ИДФ и Нетањаху да ги прашаме, сигурен сум ќе дадат искрен одговор. :cool:

Постираш мислење на лик што пишува за The Jewish Chronicle - и е очигледно премногу субјективно/еднострано. Гради наратив удобен за една страна. Ова е далеку од објективна анализа и е мислење со цитати.

Напиша реферат а не ми го одговори прашањето, пак ќе го поставам: Aко УЧК се кријат зад цивили нивни ти ќе ја предадиш цела територија на нив?
Ти одговорив, контекстот овде е друг: има докази дека ИДФ таргетираат цивилни цели, каде што нема Хамас. Овие кантер-страјк УЧК сценарија не се критиката за ИДФ него тоа што со намера и умисла таргетираат цивили. Ради ова им опаѓа поддршка на запад што пред неколку години ова би било незамисливо.
 
Back
На врв Bottom