Тоа е посебна точка на дискусија, овде збориме за убивање на цивилно население. Дали се согласиле за една, две, нула држави, во овој разговор е ирелевантно. Политички несогласувања не се оправдување за агресија врз луѓе само поради нивен етникум (нешто што е надвор од нивна контрола, дадено им е од лотарија на раѓање).
Игнорирам пошто е шпекулација. Ако грешам, еве ако не ти е тешко: покажи доказ дека милиони палестинци славеле. Под предпоставка меѓу нив и да имало поедини такви садисти (какви што сигурен сум постојат и на двете страни), некој да слави туѓо страдање, ниту тоа не оправдува убиство над цивили и етничко чистење.
Ирелевантно е, тоа што политичкото водство на палестинците не прифаќа формула за две држави, не оправдува убиство над цивили и етничко чистење над цивилната популација што живее во тој регион.
Тоа е во ред, секој си има право на свое мислење. Надвор од нашите уверувања, има утврдување од независна комисија на ОН дека
таму се врши геноцид. Овде збориме, за утврдена фактичка состојба: се врши геноцид (истребување на популација само поради тоа што се арапи и не се евреи).
Сигурен сум дека целта е повисока сигурност, али по таа логика, секое злодело над цивилна популација може да се оправда со истото објаснување: да може Х држава убива У цивили, али тоа им е ради национална безбедност пошто тие цивили може да им се закана еден ден.
Не се слагам, нуклеарна сила се. Кој би им бил закана по опстанок на БИ, кога се единствена сила во регионот со нуклеарки? Али еве, и да не е тоа така, по оваа логика дека "оваа граница им е слаба страна и може некој да им биде закана", секоја инвазија е оправдана. Кажи ми една агресија што неможе да се оправда со овој принцип? Од перспектива на вршителот на агресија, секоја граница може да ја посочи како закана за да си оправда ширење на власт, територија, покажување моќ и требење на други етникуми.
Ако Израел шири територија (кон Сирија, Либан), буквално секоја соседна држава може да и биде "закана по безбедност" и тоа да се користи како оправдување за воена сила во иднина без крај не?