- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.919
- Поени од реакции
- 14.169
Исто ли ти е, америчка амбасада да спонзорира деца од нижи одделенија да идат на порно-геј изложба у Музеј на современа, или да не го спонзорира тоа? Исто ли ти е, америчка амбасада да притиска у образование да се учи дека мажи можат да затруднат или да не притиска за тоа?
Ако имаш деца и сакаш да ги заштитиш од штетни влијанија ќе ги посветиш сето свое слободно време и енергија на тоа.
Ако во училиштата и надвор во јавните места се обидуваат да им ги перат мозоците на твоите деца, решението е да ги отпишеш од тие училишта и да ги запишеш во училишта кои се фокусираат на едуцирање на младите, а не на нивна индоктринација, и да ги држиш децата настрана од тие јавни места во кои би биле во контакт со такви штетни материјали.
На крајот топката е во твојот двор, самиот треба да си ги решаваш сопствените проблеми, а не да чекаш некој трет да ти ги решава - а особено не треба да очекуваш проблемите да ти ги решаваат токму тие кои ги предизвикале истите тие проблеми.
Ете во темата за енглезите го објави тој цитатот од Офф.нет за слободата на говорот која во Велика Британија е во слободен пад. Да очекуваш британската држава која го создала проблемот да го реши истиот, е исто како да очекуваш Адолф Хитлер и нацистите да стават крај на Втората Светска Војна и на Холокаустот откако веќе ги започнале.
Или еве во денешен контекст тоа би било исто како да очекуваш Израел да стави крај на геноцидот кој го спроведува низ Газа и блискиот исток со години, а САД магично преку ноќ не само да престанат да го поддржуваат Израел, туку и на дело да им го направат на бибецот Нетанјаху и неговите соучесници истото што му го направија на Николас Мадуро во Венецуела на 3 јануари 2026, и да ги екстрадираат во Хаг. Слободно сонувај.
Не можеш да решаваш проблем кај самиот корен кога истиот веќе метастазирал, решението е целосна ликвидација на проблемот, а не надевање дека коренот ќе ги промени своите навики, па со тек на време и проблемот ќе се реши самиот од себеси.