Па и со Оле се деси истото, еве сега и со Керик. За да им се допаднат на играчите и да им се улижат, и двајдата одма штом дојдоа олабавија тренинзи. Лани со Аморим беа физички спремни и тоа држеше до некаде со Керик. Иначе уште одма се гледаше што ни следи со него, затоа и бев против, макар и се да добиеше лани да у дадаш договор. Имаше ситуации каде имавме многу среќа поготово во дуелите со послаби противници. Тактиката му беше пресликана од Оле кога го назначија за интерим. Играме на контри. Дур тераа на еуфорија играчите и задоволни што конечно некој им дојде кого можат да го моделираат како сакаат, малце поиграа и следна сезона исто од почеток, газење на тренерот и фрлање под воз на крај. Ако се сеќавате, кога дојде Рагник после Оле, паметен човек одма увиде што и како е, дека играчите се во катасрофална физичка форма, па побара да им ги појача тренинзите и да им додаде еден покасно, па се бинеа нашите примадони дека после тој тренинг ќе ги стемнувало, па ќе треболо во темница да возат накај дома и слично. Прово што го примети и кажа и Аморим беше тоа, катастрофална физичка подготвеност. Играчите после пауза доаѓаа во катстрофална форма, запуштени и слично. Еве тоа се случува и сега.
А за денешнава утакмица и Керик што да се збори, а да не е предходно кажано. Едноставно, човекот нема никакво покритие, ниту со работно искуство и успеси, ниту со знаење за да биде на позиција менаџер на било кој премиерлигашки клуб, а камо ли на клуб ко Јунајтед. Играчи, управа, газди, веќе си ги знаеше какви се и што се.