Газени се, но тие си имаат поинаква животна филозофија: кога условите за живеење во нивните матични држави ќе станат неподносливи, си ги пакуваат парталите и се селат кај јенките.
И ај што се селат кај јенките, туку и се шлепаат финансиски на грбовите на јенките во држави од типот на Калифорнија и други либерал-фашистички дувла кои себеси се нарекуваат градови-засолништа или држави-засолништа за имигранти, а кои даваат финансиска и социјална помош за бегалци и имигранти.
Ако јенките банкротираат и почнат да стегнуваат ремен - како што немаат направено повеќе од 90 (ДЕВЕДЕСЕТ) години - во најлош случај овие газените ќе си се вратат во родните краеви со по некој долар и ќе си се вратат на старото.
Секако дека и организираниот криминал останува како прифатлива опција за некој кој допрел тврдо дно, а не гледа никаква корист од почитување на законите и не гледа друг излез од таквата ситуација.
Но најчесто се асимилираат во општеството на јенките и после 2 до 3 генерации не си го знаат ни мајчиниот јазик, а не па родниот крај од каде што дошле нивните предци.
А тоа кој, кога, каде, како и зошто ги газел, баш не ги интересира, секој си гледа за сопствени потреби и интереси, тоа е една од последиците кои консумеризмот, односно потрошувачкото општество, ги носи со себеси.