Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Да е прва или последна шо ја имаат таму на душа земено.
Кој влезе последното десетлеттие таму во киур излезе, од деца до вакви случаи каде можеле да реагираат колку толку навремено.

Сето таму треба доживотно да робија.
 
Со самиот факт дека приватните болници во Македонија се полни, а имаат ценовник од кои дури и богат германец би го заболело глава. Кажува дека здравство во Македонија реално не ни постои.
 
Последно уредено:
Мене ми е жал за колегава, стварно ми е жал. Ама не знам дали ова е начинот на кој што треба да се решаваат работите. Вака само самиот на себе си прави штета.
 
Тоа секако дека не е начинот. И мене ми е жал што не го искористил сопствениот потенцијал. Што и да каже, ќе згреши човек овде.
 
Мене ми е жал за колегава, стварно ми е жал. Ама не знам дали ова е начинот на кој што треба да се решаваат работите. Вака само самиот на себе си прави штета.
А што треба да направи по твое? Зошот си прави штета, зарем треба да им попушти на династиите на медицински? Не гледаш дека на човекот му е преку глава, со години конкурирал и го одбиваат за банални причини. Го залажуваат, да конкурирал за државно вработување на специјализанти во вториот бран, а во првиот бран 3 пати го одбиле.
Автоматски споено мислење:

Оваа вампиркава веќе 3 години треба да е во пензија според годините, но заради некоја мистериозна причина сеуште е и професор и лекар психијатар на УК.
 
Проблемот не е во тоа дали е во право, туку во начинот што го одбрал. Системов е премногу дебелокожец за да го допре еден штрајк со глад, а колегата може трајно да си го уништи здравјето. На крајот, системот ќе продолжи да си функционира, а тој ќе остане и со нарушено здравје и пак без работа. Мора да има начин да се бориме, ама не преку сопствената кожа.

Се што кажуваш е жалосна вистина и јас 200% сум на страната на колегите кои сакаат да се изборат за да сменат нешто на подобро. А во случајов, не завземам страна, зошто од една страна е колегава со својата приказна, а од друга страна ја имаш асоцијацијата на специјализанти. И малку ми е чудно што ретко кој доктор застанува позади него. Во секоја приказна има повеќе страни.
 
Коментар на ниво Трајанка/Славјанка, со три грама школо, која продава криви краставици на пазарче. Ретко глуп коментар, дури и наш Рон би напишал нешто попаметно. Нешто содржински, со критички став, со осврт на проблемот.

Башка дали е вршител на јавна функција на која се стапува по претходни непосредни или посредни избори? Ако не, тогаш нема право да зборува во името на народот/граѓаните.

Секој има право да си се бори за себе. Правото на штрајк е легитимно. Идеалот за кој се бори докторот е чесен, легитимен, не гледам причина зошто би му ставал јавна сопка со негативна критика. Нешто што го прават твоите не многу паметни професори. А ја видовме нивната сјајност за време на пандемијата. Среќа за нив, народот има слаба меморија.
 
Проблемот не е во тоа дали е во право, туку во начинот што го одбрал. Системов е премногу дебелокожец за да го допре еден штрајк со глад, а колегата може трајно да си го уништи здравјето. На крајот, системот ќе продолжи да си функционира, а тој ќе остане и со нарушено здравје и пак без работа. Мора да има начин да се бориме, ама не преку сопствената кожа.

Се што кажуваш е жалосна вистина и јас 200% сум на страната на колегите кои сакаат да се изборат за да сменат нешто на подобро. А во случајов, не завземам страна, зошто од една страна е колегава со својата приказна, а од друга страна ја имаш асоцијацијата на специјализанти. И малку ми е чудно што ретко кој доктор застанува позади него. Во секоја приказна има повеќе страни.
Не треба да ти е чудно. Асоцијацијата ти е партиско дувло, сите знаеме какви вработувања добија претставниците од асоцијацијата лани. А за колеги што не застануваат зад него е бидејќи нема звучно презиме. Да имаше некое од позвучните медицински имиња кај нас ќе имаше милион постови за него. Нешто слично како што излегуваа од дупки да ја бранат Софијанова кога ја открија како црпела пари од клиника.
 
Па добро, зошто ти еве како доктор не идеш со него и не штрајкуваш? Нели е попаметно сите да излезат на штрајк и протест и да си ги бараат своите права, отколку вака индивидуално? Системот нема ниту душа ниту совест, па штетата од индивидуален штрајк со глад на крајот ја плаќа само тој човек, додека другите само ќе ја прокоментираат веста на фејсбук. Значи еве ти додека јадеш може и ми типкаш како го поддржуваш. Тоа не е поддршка. Поддршка е да излезеш со него и да му се приклучиш. Инаку само си ја периме совеста од дома.
 
Оваа вампиркава веќе 3 години треба да е во пензија според годините, но заради некоја мистериозна причина сеуште е и професор и лекар психијатар на УК.
д-р Викторија Вујовиќ

661720935_10235056013393938_6732131049197397978_n.webp

...врз основа на нејзината професионална биографија, претпоставка на годиште родена меѓу 1955 и 1962 година (односно, моментално би имала помеѓу 64 и 71 година).

... логичка претпоставка се потпира на тоа што таа работела како формиран лекар-специјалист психијатар и судски вештак уште пред 2005 година, а за еден лекар да заврши Медицински факултет, да специјализира психијатрија и да изгради реноме на вештак до 2005 година, најчесто се потребни околу 10 до 15 години активна кариера по дипломирањето, од една страна,

...од друга страна ако се додаде фактот дека на Медицинскиот факултет во Скопје го има највисокото научно звање — редовен професор, за да дојде до ова звање (асистент, доцент, вонреден, па редовен професор) вообичаено трае повеќе од 20 години по завршувањето на високото образование.

...е сега,
според актуелните законски регулативи, редовното пензионирање за жени е на 62 години или 64 (доколку се има желба без давање барање за продолжување на работен век), а за мажи на 64 години, односно со давање барање најкасно до 31ви август во тековната година до Директорот, а тој до Министерство за здравство, автоматски се продолжува работниот век до 67 години и тоа го направија да важи не само за здравствените работници, туку и за соработниците кои не се медицински лица, а работат во здравство, чудно но вистинито!

...така да не е никаква ,,мистерија" што дотичната докторка, сеуште професионално работи!

...ако се земе во предвид и дека е наставен кадар, според членот 187 од Законот за високото образование, професорите кои се избрани во наставно-научно звање (доцент, вонреден или редовен професор) можат да го продолжат својот работен однос најмногу до 67 години возраст.

...но, ангажман за дефицитарни специјалности за медицински кадри каде има сериозен недостиг на лекари, најновите законски измени предвидуваат опција за дополнителен ангажман т.е. лекарите специјалисти/супспецијалисти можат да останат работно ангажирани во здравствените установи до навршување на 70 години возраст, но е потребна согласност од Стручниот колегиум на клиниката, Министерството за здравство и ФЗОМ, при што лекарите можат истовремено да работат со договор и да ја примаат својата пензија, по конечното пензионирање,

...професорите во звање „редовен професор“ можат да го задржат правото да предаваат на третиот циклус (докторски студии), да бидат ментори на докторанди и да учествуваат во научно-истражувачки проекти согласно статутот на Универзитетот.

...така да ова законска регулатива важи за сите што ги исполнуваат тие услови, па исто и за неа како обичен смртник, ништо посебно и ништо мистеризно, може има знаење, трудови, но воспитањето, емпатијата и човечки квалитети очигледно и недостасуваат или се на најниско ниво, нели, доколку е тоа вистина за нејзино јавно однесување т.е. пишување за горенаведениот ФБ текст.
 
Последно уредено:
Родителите плаќале по 30 години здравствемо и ги водиш на лекај за било што и овој веднаш шема а бе да ти дадам бројче од приватно ова она.Лапаат процент од сите од приватно и на државно само корупција цвета друго ништо.И никој не ги спречи.
 
И приватното не е она што треба да биде со оглед на цените со кои те дерат.
И на државно и на приватно нема повеќе доктори и персонал кои ревносно и етички си ја извршуваат својата работа за која се платени.
Со понашање "куроболие" не може да се однесуваш кога се работи за здравјето на луѓето. Покажи малку почитување и внимание како човек кон човек, како спасител, како интелект...како Господ, да, пациентот те гледа како Господ, а ти го третираш како обична бројка(повеќето се вакви). Последно време ми се дешава дури во државно здравство да добијам подобра услуга и внимание отколку во приватно, што треба да е обратно со оглед колку ти наплаќаат.
Се пореметија многу нешта во последно време, во негативна насока.
Господ на помош кој има мака.
 
Родителите плаќале по 30 години здравствемо и ги водиш на лекај за било што и овој веднаш шема а бе да ти дадам бројче од приватно ова она.Лапаат процент од сите од приватно и на државно само корупција цвета друго ништо.И никој не ги спречи.
Веч виџено.
За тестот за дијагностицирање на предвремени аномалии кај новороденче кој се прави во рана бременост пола час не убедуваше докторката на државна болница да одиме на приватно, на државно 50/50 биле точни, како на пазар се капареше со нас, наместо да ми објаснува во текот на прегледот за мерки на плодот таа ми ги рекламираше приватните тестови увезени од Германија, на крај кога виде дека не сакаме да ги правиме на приватно, ми рече на рати можи да ми заврши работа :ROFLMAO:
Истата докторка наплаќаше за медикаментозен абортус по 6000 денари, со оправдување дека тие таблети не се внесени во здравствениот регистар на лекови, ги увезувале од Грција и многу скапи биле, за отпосле да ни кажи колега на дотичната дека тие таблети биле 90 денари, станува збор за некои таблети за чир на желудник, не ми текнува сега на името
Госпожата си замина од државно, сега има приватна ординација гинеколошка.

Истото беше и за тестот за генетски мутации кој е БЕСПЛАТЕН во државата како и сите тестирања во текот на бременоста, ме убеди да го направам на приватно, 5000 денари го платив, за кога отидов Скопје на дополнителни испитувања и консултации докторот да ми кажи дека ми следува бесплатно, нормално во Скопје се прави на трансфузиологија.

Е така функционира нашето здравство, книги имам да напишам што се не поминав во две години, и после ќе ме тера некој да се објаснувам во темите како Европа е срање и требало назад да се вратиме сите, сполајви
 
Еве ја колешка, па и мојот матичен гинеколог ме убедува сега некои работи да ги правам на приватно, зошто она си има склучено договор со приватните болници. Така заработуваат они.
 
Back
На врв Bottom