Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување

„Можеби играчите од кои очекувавме повеќе не го дадоа потребниот придонес. Би искористил една изрека – едно расипано јаболко може да ја уништи целата гајба јаболка. Таа несигурност се пренесе на целиот тим кога оние што требаше да ја преземат одговорноста не го направија тоа. Бевме исплашени и неконцентрирани“, нагласи стратегот.

спрема покажаното изгледа стариот немаше изгледано ни една текма на шпанците ниту имаше увидено од каде иде опасноста и кои им се адутите
 
Иако изјавивме дека сме "спремни" за Шпанците изгеда беше обратно.

Тие сите на уou tube видеа не проучени, абе беа спремни на секоја поставеност (не велам тактика оти ова не личеше на ништо а камо ли тактика) и секој удар од секој играч...
Доказ голманот кој фати 22!!! топки...
Иако по висина колку Никучо, али млад со рефлекси на пантер, не дека е голманиште колку ние слабо шо шуткавме ....

Прва главна грешка е шо почнавме на една брза типична шпанска екипа да му играме со "тешкаши" 7-6 без рефлекси и на охајбе манати топки.
Не можи Фитиљо (наводно со настинка) да игра среден бек и да наоѓа пикери а средината се затворено...И на време отсечени крилата....
Ако веќе игравме 7-6 требаше со поставата од второто полувеме иако мислам дека "изгледаше" подобро оти тие ја легнаја второто.

Втор голем пропуст шо сите и конкурентите и медиумите го посочија во анализите е шо пак се потпираме на играчите кои играа овие години цело време и се прочитани ко селски буквар а 6-7 "засилувања" ако воопшто можи да се наречат - то ти е цела постава, не ссодветно донесени и неупотребливи....

Така да никој физички нема да издржи..

Викаме да земиме јак среден бек (ете конечно се најде Французино....Се надевам нема и тој во ова сивило да излези ебиветер...
Али пазете и најјак поединец да дојсиме треба да имаме јасен концепт ШО САКАМЕ!!!!
Ако сакаме како шпанците да играме модерен ракомет, тој не бара секогаш високи двометраши, а и тие можат да се искористат али во разни сценарија, значи неколку постави со разни комбинации во зависност од противнико.....

Така да на бројка сме многу али на терен "малку"....

Со време да се спреми концепт шо игра ќе играме и работа на тренинзи со сите играчи во секакви сценарија оти без тактика на сила не оди ...

Со едни исти финти далеку сме и од европа и од дома.....

Сепак се надевам дека од желбата да се напрај нешто и малку изгоревме.....АЛИ игравме и со Барса и ПСЖ губевме али игравме барем добро машки....

Ова денес не личеше на ништо....

Да се надеваме дека со време ќе се смени нешто...
 
Втори сме биле по јачина во лигата хахахајај
Ние втори не сме регионално тука помеѓу Прилеп, Охрид и Струга хахахахахаххахахахахахахахаххаба
Aj nie budali letame sekogas ama i tie ehf beter od nas :pos: :facepalm:

P.S. Na edna druga tema na forumot edni plackovci najdoja da se potsmevat so nas i da zborat za ekskurzii i olimpiski duh ova godina oo boze :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm:
 
Сакам само едно некој да ми објасни: Кога последно Пелистер искреирал преку 20 зицери во еден европски натпревар?
Не се мачете, само денес и никогаш предходно. Штета шо не уби голманчето.
Очекував поќе од Фитиљ и од Никуч.
Иначе голманот ни фати преку 11 зицери, а промашивме 14 зицери и пак се чудам како дадовме на крајот 25 гола, требаше да изгубиме над 10 разлика.
Овој натпревар уште 100 пати да се преигра нема да заврши вака.
Голема штета...
 
Ние можи изигравме катастрофално и бедно ама Битолската публика никогаш нема да се научи дека и поразите се составен дел од спортот…

И 20.000.000€ да се вложат во клубот еден пораз и пак ќе биди истото, мора некој ликој и поголемиот дел од рајата да го смени размислувањето и малце да почнат да гледат спорт и кога не игра Пелистер да видат малце како функционира спортот и клубојте и дека сегде има проблеми вака.

Се надевам и вервам лош ден дека беше само, а за тие шо свиреа на нашите и аплаудираја на Шпанците се срам за градот и клубот! Поарно нека седат дома и нека не идат на ракомет ич.
 
спрема покажаното изгледа стариот немаше изгледано ни една текма на шпанците ниту имаше увидено од каде иде опасноста и кои им се адутите
Ама шо ќе ги гледаш, јас сум гледал неколку, и овој голманот не фати ни пола од тие денес шо ги фати. Каква опасност имаа не разбирам со која ние не можевме денес да се справиме. Голманот е изненадување за самиот себе, а не пак за нас и за цела јавност. Секоја чест.
 
Ние можи изигравме катастрофално и бедно ама Битолската публика никогаш нема да се научи дека и поразите се составен дел од спортот…

И 20.000.000€ да се вложат во клубот еден пораз и пак ќе биди истото, мора некој ликој и поголемиот дел од рајата да го смени размислувањето и малце да почнат да гледат спорт и кога не игра Пелистер да видат малце како функционира спортот и клубојте и дека сегде има проблеми вака.

Се надевам и вервам лош ден дека беше само, а за тие шо свиреа на нашите и аплаудираја на Шпанците се срам за градот и клубот! Поарно нека седат дома и нека не идат на ракомет ич.
Не требаше да му се свири на нашите требаше да слезат и на шамари да ги извадат од салата а страм за градот се играчите што не го испотија дресот и изиграват манакени, страм за градот се играчите кои го брукат името на ПЕЛИСТЕР да те декласират дома пред толку публика просечна екипа како шпанската е тоа е страм.
 
Ама шо ќе ги гледаш, јас сум гледал неколку, и овој голманот не фати ни пола од тие денес шо ги фати. Каква опасност имаа не разбирам со која ние не можевме денес да се справиме. Голманот е изненадување за самиот себе, а не пак за нас и за цела јавност. Секоја чест.
Јас па мислам уште 10 пати да изиграме уште 10 пати ќе не изгазат, едноставно имаја доминација во секој сегмент на играта, тие промашени зицери ама буквално ништо не би смениле. Престерилни во напад а одбраната не постоеше.Второ полувреме само ја успорија играта шпанците играја паметно без многу трошење колку шо треба за мирен крај на натпреварот.
 
Не требаше да му се свири на нашите требаше да слезат и на шамари да ги извадат од салата а страм за градот се играчите што не го испотија дресот и изиграват манакени, страм за градот се играчите кои го брукат името на ПЕЛИСТЕР да те декласират дома пред толку публика просечна екипа како шпанската е тоа е страм.
А ти кој си да кажваш дека треба шамари да се мават? Оти не проба да слезиш, да ти го отвори. Профилот некој 1000 мислења ако имаш 1001 ти се негативни.
 
А ти кој си да кажваш дека треба шамари да се мават? Оти не проба да слезиш, да ти го отвори. Профилот некој 1000 мислења ако имаш 1001 ти се негативни.
А што треба да ги пофалиме што денес го валкаја името на клубот?
Да му аплаудираме на Кузмановски што на моменти изгледаше како аматер, да му аплаудираме на Лино за одлично поставениот напад 7на6 во 5 минути 5 гола прими, да му аплаудираме на Митревски топка не успеа да фати вместо да седеше можи ќе го погодеше некоја или да ја пофалиме управата за добро обработен преоден рок со засилувања на ниво на РК РАДОВИШ.
 
Последно уредено:

Ти си слушнал за Кил?? Ете ако не си слушнал Кил има 30 бундеслиги, најголем клуб во Германија публика научена на титули и децениско газење на ривалите таму, 2023та освоја последно и од тогаш се газени последно лани 6ти или 7ми завршија од Гумерзбах по 8 разлика го јадеа дома. Сега името на Кил е извалкано?? Дали си пуштил ти ТВ да изгледаш една утакмица надвор од Пелистер и Битола?

Нема аир со навивачи ко тебе џабе ви се објаснува
 
Ама шо ќе ги гледаш, јас сум гледал неколку, и овој голманот не фати ни пола од тие денес шо ги фати. Каква опасност имаа не разбирам со која ние не можевме денес да се справиме. Голманот е изненадување за самиот себе, а не пак за нас и за цела јавност. Секоја чест.
на толку млитави шутеви и баба ќе брани шо одбрани шпанецот,кои опасни шутеви,јас би рекол додавања до голманот

со играч повеќе бевме 5 или 6 пати на средина од прво полувреме до полувреме и немавме ни шут ни реализација,само технички грешки

шамарење е мала работа за ова денес,ама секој треба да си ја превземи одговорноста за СРАМОТ ,дали тренер,стручен штаб,капитен,голмани или било кој.........преплатени се за ваков аматеризам

ако немате аргументи најдобро да ќутите,ако ја земиме да ја изгледаме снимката на лош почеток,не барање на тумаут да се амортизира ударот,немање решение ниту со играч повеќе пола прво полувреме,одбрана порозна и голмани фаќачи на муви,проба на индивидуални потези почетно второ полувреме кое не смена ништо,потоа шпанците рутинирани до крај без трошење екстра енергија

комплетен феил на цела екипа,тим комплетно,од клупа до прв и последен играч
 
Ти си слушнал за Кил?? Ете ако не си слушнал Кил има 30 бундеслиги, најголем клуб во Германија публика научена на титули и децениско газење на ривалите таму, 2023та освоја последно и од тогаш се газени последно лани 6ти или 7ми завршија од Гумерзбах по 8 разлика го јадеа дома. Сега името на Кил е извалкано?? Дали си пуштил ти ТВ да изгледаш една утакмица надвор од Пелистер и Битола?

Нема аир со навивачи ко тебе џабе ви се објаснува
Оди и навивај за КИЛ, и не е проблем да изгубиш проблем е да се избрукаш како ова денес. Да ја затвориш европа уште прво коло а да продаваш демагогија.
 
Back
На врв Bottom