Значи ротманс друже, ја не сфаќам целта каква ти е, не е битна маица, не е битна цвикера, не е битна дали е армани гаќа и рамбовка или пазарска искината од носење. ОК, не е битно. Пак кон ротманс и останатите прашањето е, коа ќе видиш еден човек, со облека, аксесоари, па и техника нека е, за кој викаш е ова е стил, класа, а она е кич/комплекс. Дека ништо не е битно и се е релативно знаеме, отвори си тема за релативитет и терај таму, не ја разводнуј оваа со ова не е битно и на она-она што му фали. Иначе имот и кола може да се класа/комплекс, ама тоа не можеш да го процениш на прво гледање, ко прв впечаток. За тоа треба подлабока „крвна слика“ на личноста, ама и тоа е друга тема. Има нешто у стереотипот скапа и голема кола = мала машкост, ама не би рекол дека е правило.
Еве на пример, мокасинката, во мои очи знае да е добар моден момент, а може и да е лош, зависи од останатиот аутфит. Сум видел примери и за двете. Сако може да е исто, да иде во двете насоки:
Прегледај го приврзокот 487853
Друго, голем кич за мене, тигрест фустан, цицки на изволте со крст (ова и во ред флег темата си го кажав), трамп стамп кај жена, тетоважа на рамо кај жена, тетоважа на врат било кој дел од него, а особено на страната од вратот, ко латиноамерички фудбалер или рапер, тетоважа панделки на задна бутка кај жена, ко порно актерка. Кај маж, тетоважа на лице (трајбл), тетоважа на/под задна ложа, наполитански навијач асли.
Значи и да нагласам, тука имам предвид само нешто што може да се класифицира стил, не да пази даден збор, да почитува келнери, да е добар и верен другар итн. Тоа е карактер, или неговиот недостаток, нема врска со стил и со кич.