Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Не туку овдека постојат институции во кој никој нема доверба, па така гласините се шират како пожар. Институциите да беа стабилни, немаше гласините да се шират така брзо и широко . Орце вчера се глупира по телевизија и пие вода да докаже ни сам не знаеш што. Во исто време имаме западно нилска треска која се шири низ Драчево и Лисче зошто лошо прскаа против комарци ( ПОВТОРНО) и за ова се ќути и се бутка под тепих.

Не може да имаш руинирани институции и да ставаш бараби на раководни места на сите страни и да очекуваш луѓето да имаат доберба. Кловнон Стојанче веќе колку 6 години го води ЦУК? На што личи тоа. Барабава Орце да немаше најмено фирма за ПР да му тера цело време досега жив ќе го изеда. Комплетно неспособен беше во Кисела Вода и комплетно е неспособен сега во Скопје, што беше лесно да се предвиди.

Тимчо излегува на телевизија и вика ќе се апсело, а е министер за надворешни работи. Панче иде во Гостивар и контролира хлорирање на вода. Не знаеш дали да се смееш или да плачеш. Комплетно се некоординирани, ниту знаат што да прават со власта. Се тетерават од една криза во друга без никаков план ниту идеја што да прават со државата.

Не може да ти се базира цело владеење на, "Ама СДС ништо не правеа на власт". 2 години имаат централна власт, 5 години имаат локална власт. Немаат направено апсолутно ништо.
 
Дада, поради недоверба на институциите е ова, браво Боро генијалецу (y)
Автоматски споено мислење:

Затоа што информација не кружеше по портали, туку по телефони и разговори меѓу нашите генијални граѓани.
И ако не е по портали тоа значи дека не е нивно масло ова?
 
Не туку овдека постојат институции во кој никој нема доверба, па така гласините се шират како пожар. Институциите да беа стабилни, немаше гласините да се шират така брзо и широко . Орце вчера се глупира по телевизија и пие вода да докаже ни сам не знаеш што. Во исто време имаме западно нилска треска која се шири низ Драчево и Лисче зошто лошо прскаа против комарци ( ПОВТОРНО) и за ова се ќути и се бутка под тепих.

Не може да имаш руинирани институции и да ставаш бараби на раководни места на сите страни и да очекуваш луѓето да имаат доберба. Кловнон Стојанче веќе колку 6 години го води ЦУК? На што личи тоа. Барабава Орце да немаше најмено фирма за ПР да му тера цело време досега жив ќе го изеда. Комплетно неспособен беше во Кисела Вода и комплетно е неспособен сега во Скопје, што беше лесно да се предвиди.

Тимчо излегува на телевизија и вика ќе се апсело, а е министер за надворешни работи. Панче иде во Гостивар и контролира хлорирање на вода. Не знаеш дали да се смееш или да плачеш. Комплетно се некоординирани, ниту знаат што да прават со власта. Се тетерават од една криза во друга без никаков план ниту идеја што да прават со државата.

Не може да ти се базира цело владеење на, "Ама СДС ништо не правеа на власт". 2 години имаат централна власт, 5 години имаат локална власт. Немаат направено апсолутно ништо.
Прво, Стојанчо не го води ЦУК веќе некое време туку неписмен шипац звани Мухамед Али. Стојанчо е директор на Дирекција за заштита и Спасување а обавува дупла обврска на ЦУК. Орце како претседател на ЗЕЛС е вклучен во тимот на кризен штаб. Панче во Гостивар има секакво право да говори за ситуацијата и што се работи бидејќи како министер на МВР тој е претседател на кризниот штаб. Тимчо како министер за надворешни е дел од советот за безбедност. И како таков има пристап до класифицирани информации. Негова изјава дека ќе се апси, не сум слушнал/прочитал и нема да го коментирам тој негов став.

Второ, немате поим како функционира државниот апарат и неговите институции а претендирате да бидете власт. Катаклизмична непогода во најава сте во мирнодопско време.

Трето и конечно, другарките твои во совет на град Скопје би ги тресел ко компир од земја (огин пички се).
едит: за левица зборам, од сдс има некоја ама стари се за мој вкус.
 
Фуш вода се шибаше по општиниве уште пред да се случи ова во Гостивар, само не беше во толкав размер. Во која држава живеете, Швајцарија?
 
Ова „баце“ муабет е нели? Ајде баце според твоја експертиза за вода колку треба да биде размерот на фуш вода и чиста вода по општините за да не заболат илјадници во недела дена?
 
Не ми се почнува, ќе се распишувам, нема никој да дочита до крај, но за ова мора пошироко....

Не е дека и во 1906та, 1916та, 1926та, 1936та ни било топ, па ете ние никакви направивме држава и пустош, па дај да ја уништиме за да се спасат луѓето, птиците, мечките, водата, цвеќињата, тревата, дрвјата.

Напротив, кога сме немале држава сме биле физички загрозени. Право на живот, право на имот, на чест, со такви проблеми се соочувале нашите без држава. Затоа и таа потреба за држава.

Многу работи се лоши, од многу и сме разочарани, но поентата е да ги поправиме, да градиме држава, а не дефетизам и презир кон државата.

Но, зарем за овие работи за кои збориме, за политичари кои уништувале, за системски проблеми и сл, не е или не било случај со Бугарија, Хрватска, Романија и други држави од Источна Европа? Таму немаше лоповска транзиција, таму политичарите, здравството, општо институциите сите се супер?

Главни теми во повеќето источноевропски држави се исти. Борба против корупција и криминал, потреба за структурни реформи, преголомазна јавна администрација, иселување (поврзано и со миграција), здравство, често поврзано со стареење на нацијата, екологија (на север помалку отколку на југ), образование, висока инфлација и се друго што се врти кај нас.

Можеме да одиме по секоја држава посебно и не само источноевропски.

Али најдобро прво да ги погледнеме околните, како Србија, заедно со трите членките на ЕУ ( Бугарија, Хрватска и Романија). Доста ни се слични, историски, менталитетски, иако се постари држави и со поголеми ресурси.

Пишав за Хрватска на друга тема. Токму деновиве главна тема е екологијата, зошто потфрлиле институциите, зошто не функционираат инспекторати... Екоцид, како го викаат, од широки размери. Канцероген отпад, загадени подземни води... плус почнаа да зборат и за други депонии. Во главниот град имаат исто еколошка бомба.

Иселување колку сакаш, цела Славонија им се опустоши.

Знаеш колку се иселија од Бугарија, Романија, Полска, балтичките држави?!

Нормално сето тоа е поврзано со намалување на првачиња и во тие држави, исто како кај нас.

Бугарите имаат термин за тоа што им се случи, го викаат "демографски срив" (колапс, сром, крах, катастрофа).

Дури ја нарекуваат Четврта национална катастрофа. Првите три им се поврзани со Македонија (втората балканска и двете светски војни).

Па не гледам да велат не ни треба држава, за што ни служи, дај да затвораме дуќан, туку напротив, фрлаат пари да шират национален дефетизам кај нас.

Провери ги истражувањата во Хрватска, со години наназад, прва тема е борба против криминалот и корупцијата, поврзано со недоверба во институции (судство, обвинителство, влијание на политиката).

Партизираноста на институциите е исто тема во многу други држави. Особено во овие што ги набројав, а слободно додај ја и Грција.

Ама проблемот е што не само што нема обид за поправка туку државата тоне надоле и надоле. Разликата помеѓу нашата држава и околните држави кои исто така тонат е што нашата не тоне само од економски и демографски аспект. Туку тоне од аспект на државност. Нашите политичари на власт не смеат повеќе ниту да зуцнат за држанички работи не па да ги спроведат. Притоа секоја институција на која се базира државноста на една држава е руинирана.

Па така да Бугарите може да се корумпирани и се останато. Али Бугарската државност има сувереност да финансира здруженија по цел Балкан. Нашата држава нема сувереност да го направи истото. И сите го знаеме тоа. Дали Тимчо има смелост да финансира друштва во Бугарија за промоција на Македонската кауза? НЕ, тоа е проблемот.

Еден народ може да преживее и без леб и војна и непогоди, ако немаш заедничка идеја и кауза која ќе те држи заедно, тогаш осуден си на пропаст. А политичарите од ДПНЕ и СДС се комплетно неутрализирани, модерни евнуси.
А околу бројноста на администрацијата, знаеш ли колкава е во Словенија, слични држави сме по големина, каде е поголема, вкупно, но и процентуално според население?! Во Словенија брои нешто изнад 190 илјади, а во Македонија испод 130 илјади.

Ова тврдење мора да биде разгледано од два аспекта:
  • Прво. Бројката дека Македонија има само 130 000 државна администрација е комплетна лага. Ако побараш онлајн ти ја дава таа бројка али ако побараш подетални цифри за секој сектор оделно ќе видиш дека бројките се невозможни. Еве ако побараш да ти даде како тие 130 000 се распределни по институции што излегува.
    Сектор / КатегоријаПриближен уделПроценет број на вработени
    Образование32% – 33%~41.000 – 43.500
    Здравство18% – 19%~23.500 – 25.000
    Полиција, војска и безбедносни агенции (групирано)~15%~19.000 – 20.500
    Централна и локална администрација13% – 15%~17.000 – 19.500
    Јавни претпријатија (комунални и јавни услуги)~9%~11.500 – 12.000
    Заштита на децата и социјална политика~7%~8.500 – 9.500
    Ајде да тргнеме и нај очигледните лажни бројки.

    Јавни претпријатија (комунални и јавни услуги) ( 11 500 - 12 000 ) . Само град Скопје има преку 6000 вработени во јавните претпријатија. Водовод и канализација ( ~ 1000 ), ЈСП ( 1200 ), Комуналии ( 1000 вработени ) , ЈП Паркови и зеленило, Дрисла, Улици и патишта и Градски Паркинзи се уште некои 3000 вработени минимум.

    Куманово има преку 600. Битола преку 600. Прилеп преку 800. Охрид преку 800. Штип 450, Велес 300. Итн ... . И ова се само директно вработени. А сите ЈП имаат и легија вработени на основа на сезонски работници, договори на дело, советници, специфични услуги, управен одбор, надзорен одбор итн ... . Овие не влегуваат во бројките.

    А каде воопшто би влегле овдека ЕЛЕМ, МЕПСО, Железници, Патишта, Пошта, Шуми, кои сите заедно не се под 10 000 вработени, каде што само ЕЛЕМ е 3500 вработени.

    Централна и локална администрација )17.000 – 19.500 ). Само Град Скопје + сите општини под него има 2000 вработени по општините. На сите општини заедно со град Скопје бројката официјална е околу 7000 луѓе. И повторно без совет, без консултанти и советници со договор на дело. Сакаш да ми кажеш дека целата централна администрација во Македонија е само 10 000 вработени?

    Полиција, војска и безбедносни агенции (~19.000 – 20.500) . А полицијата има помеѓу 11-12 000, додека Војската моментално исплаќа плати на 10.500 војници и уште 1000 административци. А каде се АНБ, Финансиска полиција, ОТА, Агенција за разознавање? Плус сите овие повторно на платен список имаат уште стотици консултанти од каде што се испумпуваат пари.

  • Второ и далеку поважно:

    Словенија, па и скандинавските држави како и Јапoнија и многу слични држави кои имаат далеку поголема државна администрација тоа може првично да си го дозволат зошто имаат економии кои функционираат. Кога ние во Македонија ќе знаеме да направиме авион, ќе знаеме да произведуваме мобилни телефони, електроника, ќе имаме природни ресури, итн ... тогаш и ние ќе можеме да си дозволиме поголема државна администрација.

    Другиот и далеку поважен аспект. Нивната државна администрација колкава и да е, директно допринесува кон државата да биде средена комплетно. Нашата државна администрација не прави ама апсолутно ништо. Дали ќе имаме волку вработени или ќе имаме упола, или ќе имаме 30% од сегашната бројка. Квалитетот на услугата ќе биде ист, зошто државната администрација не прави ама апсолутно ништо.
ДДВ во Хрватска е 25%, во Словенија е 22, во Албанија, Србија, Бугарија е 20%, во Црна Гора е 21%, а кај нас 18%.
Уфрли ги и сите други даноци пак сме тие што најмалку имаат вакви давачки.
На пример данок на имот или комунални давачки.
Значи, еве, Словенија, зема повеќе од граѓаните отколку Македонија, по сите основи, а притоа има поголема индустрија, повеќе заработува и по тој основ, а така е повеќе од сто години.

И сега очекувате ова наша ваква Македонија, да пружи услови на граѓаните, приближно како Словенија? Со помалку пари!

Сум живеел во Словенија, а и сега сум поврзан доста со неа.

А да се спомне покачување на нешто, не мора ддв, еве данок на имот, комуналии, ќе се крене револуција.

А сакате се да е средено со помалку пари отколку во Словенија, а притоа се почнува од минус. Затоа што во Словенија имаат повеќе пари и тоа за оддржување и постепено надоградување, а кај нас треба да расчистиме и децениски проблеми. Чисто, паркови, игралишта, алпски воздух, градинки најдобро здравство и милион други работи за помалку пари отколку во другите држави.

Дали се краде, да, сигурно, но се краде и во други држави, побарајте афери ќе видите. Добро, признавам дека кај нас се претеруваше (а и околните држави ни се држат добро, се потрудија да не заостануваат.).

  • Ние не добиваме ама апсолутно ништо за парите што ги собираат од нас. На доктор добивам никаква услуга, образованието е катастрофално, новите генерации ако родителите од дома не си ги образоваат децата, од школите се што ќе добијат е да се неписмени. Полицијата не постои, судството е нефункционално. Локалната самоуправа и ЈП се неработници. За тие пари што ги даваме не добиваме ама апсолутно ништо.

    Да имаме барем аспект од државата среден макар и еве да имаме силна полиција, функционално судство. Или војска па да се каже сите пари ни одат таму. Или се да е чисто. Или да имаме врвно образование или здравство. Нас каде ни одат парите?

  • 35 години сме држава, уште 10 години ќе стигнеме до времетраењето на Југославија, Кажи ми еден децениски проблем што е решен? а колку нови проблеми се отворија во исто време? Колку време им треба еден децениски проблем да решат? 100 години.

Единствениот децениски проблем со кој треба да се справиме се СДС и ДПМНЕ. Тоа ни се главните деценски проблеми.
 
Последно уредено:
Прво, Стојанчо не го води ЦУК веќе некое време туку неписмен шипац звани Мухамед Али. Стојанчо е директор на Дирекција за заштита и Спасување а обавува дупла обврска на ЦУК. Орце како претседател на ЗЕЛС е вклучен во тимот на кризен штаб. Панче во Гостивар има секакво право да говори за ситуацијата и што се работи бидејќи како министер на МВР тој е претседател на кризниот штаб. Тимчо како министер за надворешни е дел од советот за безбедност. И како таков има пристап до класифицирани информации. Негова изјава дека ќе се апси, не сум слушнал/прочитал и нема да го коментирам тој негов став.

Второ, немате поим како функционира државниот апарат и неговите институции а претендирате да бидете власт. Катаклизмична непогода во најава сте во мирнодопско време.

Трето и конечно, другарките твои во совет на град Скопје би ги тресел ко компир од земја (огин пички се).
едит: за левица зборам, од сдс има некоја ама стари се за мој вкус.

За мене е битно дека државниот ни апарат функционира совршено...или се лажам?...:unsure:
 
xaxaxaxaxa, dobro, trebase da se veruva na instituciite isto kako gostivarcani sho veruvaa pa srkaa voda so fekalii mesec dena, nesvesni deka institucii koi trebale da ja ispitaat vodata voopsto ne im bilo gajle ili namerno kriele za politicki poeni.

uzivaj deka narodot ke veruva na istite institucii deka i vodata u Skopje e super i deka im e mnogu gajle ili deka nema da krijat za da politicki si go spasat gazot.

treba da mu veruvam deka vodata vo chasha mu e natochena od mijalnik vo WC?

posle narodot kriv shto ne veruval, spodeluval i veruval vo dezinformacii, a shto treba, u rizik zdravjeto da si go stavi znaejki kakva drzava e ova i kakvi majmuni se na vlast poslednite 35 godini?

uste moabetot skopjani piele megju najdobri vodi vo Evropa, toa vodata polna bigor, ama ok, najdobra e.
 
Ова „баце“ муабет е нели? Ајде баце според твоја експертиза за вода колку треба да биде размерот на фуш вода и чиста вода по општините за да не заболат илјадници во недела дена?
Јасен бев еднаш со тебе мислам, нема потреба да се повторувам.
Што е тоа фуш вода, не разбирам?
Непроверена, недоволно прочистена или загадена во ваква или таква форма. Посебно во летните периоди, чиста кал имам гледано, нечистотии и слично, вода што ни визуелен филтер за чистота не поминува, не пак микробиолошки.
 
Јасен бев еднаш со тебе мислам, нема потреба да се повторувам.
Толку си небитен ко твоето мислење за фуш вода што не те паметам ич. Јасен бил он, јасен си само пред огледало момак. Со ширење дезинформации можеш само стап да јадеш.
 
Ама проблемот е што не само што нема обид за поправка туку државата тоне надоле и надоле. Разликата помеѓу нашата држава и околните држави кои исто така тонат е што нашата не тоне само од економски и демографски аспект. Туку тоне од аспект на државност. Нашите политичари на власт не смеат повеќе ниту да зуцнат за држанички работи не па да ги спроведат. Притоа секоја институција на која се базира државноста на една држава е руинирана.

Па така да Бугарите може да се корумпирани и се останато. Али Бугарската државност има сувереност да финансира здруженија по цел Балкан. Нашата држава нема сувереност да го направи истото. И сите го знаеме тоа. Дали Тимчо има смелост да финансира друштва во Бугарија за промоција на Македонската кауза? НЕ, тоа е проблемот.

Еден народ може да преживее и без леб и војна и непогоди, ако немаш заедничка идеја и кауза која ќе те држи заедно, тогаш осуден си на пропаст. А политичарите од ДПНЕ и СДС се комплетно неутрализирани, модерни евнуси.

Ова тврдење мора да биде разгледано од два аспекта:
  • Прво. Бројката дека Македонија има само 130 000 државна администрација е комплетна лага. Ако побараш онлајн ти ја дава таа бројка али ако побараш подетални цифри за секој сектор оделно ќе видиш дека бројките се невозможни. Еве ако побараш да ти даде како тие 130 000 се распределни по институции што излегува.
    Сектор / КатегоријаПриближен уделПроценет број на вработени
    Образование32% – 33%~41.000 – 43.500
    Здравство18% – 19%~23.500 – 25.000
    Полиција, војска и безбедносни агенции (групирано)~15%~19.000 – 20.500
    Централна и локална администрација13% – 15%~17.000 – 19.500
    Јавни претпријатија (комунални и јавни услуги)~9%~11.500 – 12.000
    Заштита на децата и социјална политика~7%~8.500 – 9.500
    Ајде да тргнеме и нај очигледните лажни бројки.

    Јавни претпријатија (комунални и јавни услуги) ( 11 500 - 12 000 ) . Само град Скопје има преку 6000 вработени во јавните претпријатија. Водовод и канализација ( ~ 1000 ), ЈСП ( 1200 ), Комуналии ( 1000 вработени ) , ЈП Паркови и зеленило, Дрисла, Улици и патишта и Градски Паркинзи се уште некои 3000 вработени минимум.

    Куманово има преку 600. Битола преку 600. Прилеп преку 800. Охрид преку 800. Штип 450, Велес 300. Итн ... . И ова се само директно вработени. А сите ЈП имаат и легија вработени на основа на сезонски работници, договори на дело, советници, специфични услуги, управен одбор, надзорен одбор итн ... . Овие не влегуваат во бројките.

    А каде воопшто би влегле овдека ЕЛЕМ, МЕПСО, Железници, Патишта, Пошта, Шуми, кои сите заедно не се под 10 000 вработени, каде што само ЕЛЕМ е 3500 вработени.

    Централна и локална администрација )17.000 – 19.500 ). Само Град Скопје + сите општини под него има 2000 вработени по општините. На сите општини заедно со град Скопје бројката официјална е околу 7000 луѓе. И повторно без совет, без консултанти и советници со договор на дело. Сакаш да ми кажеш дека целата централна администрација во Македонија е само 10 000 вработени?

    Полиција, војска и безбедносни агенции (~19.000 – 20.500) . А полицијата има помеѓу 11-12 000, додека Војската моментално исплаќа плати на 10.500 војници и уште 1000 административци. А каде се АНБ, Финансиска полиција, ОТА, Агенција за разознавање? Плус сите овие повторно на платен список имаат уште стотици консултанти од каде што се испумпуваат пари.

  • Второ и далеку поважно:

    Словенија, па и скандинавските држави како и Јапoнија и многу слични држави кои имаат далеку поголема државна администрација тоа може првично да си го дозволат зошто имаат економии кои функционираат. Кога ние во Македонија ќе знаеме да направиме авион, ќе знаеме да произведуваме мобилни телефони, електроника, ќе имаме природни ресури, итн ... тогаш и ние ќе можеме да си дозволиме поголема државна администрација.

    Другиот и далеку поважен аспект. Нивната државна администрација колкава и да е, директно допринесува кон државата да биде средена комплетно. Нашата државна администрација не прави ама апсолутно ништо. Дали ќе имаме волку вработени или ќе имаме упола, или ќе имаме 30% од сегашната бројка. Квалитетот на услугата ќе биде ист, зошто државната администрација не прави ама апсолутно ништо.

  • Ние не добиваме ама апсолутно ништо за парите што ги собираат од нас. На доктор добивам никаква услуга, образованието е катастрофално, новите генерации ако родителите од дома не си ги образоваат децата, од школите се што ќе добијат е да се неписмени. Полицијата не постои, судството е нефункционално. Локалната самоуправа и ЈП се неработници. За тие пари што ги даваме не добиваме ама апсолутно ништо.

    Да имаме барем аспект од државата среден макар и еве да имаме силна полиција, функционално судство. Или војска па да се каже сите пари ни одат таму. Или се да е чисто. Или да имаме врвно образование или здравство. Нас каде ни одат парите?

  • 35 години сме држава, уште 10 години ќе стигнеме до времетраењето на Југославија, Кажи ми еден децениски проблем што е решен? а колку нови проблеми се отворија во исто време? Колку време им треба еден децениски проблем да решат? 100 години.

Единствениот децениски проблем со кој треба да се справиме се СДС и ДПМНЕ. Тоа ни се главните деценски проблеми.

Направи калакурница со бројките. Се знае колку има на буџет, колку во општини, во јавни претпријатија, во ад...

Другото ти е засновано на доминантни патетични фрази за пропаѓање, тонење, ништо не функционира, ништо не добиваме, плус и партиска пропагандичка.

Во ред е се, сите имаме одредени симпатии, но кога тоа е основата веќе нема муабет.

Емотивни аргументи, фразеологија, од сегменти правење општа слика, забегување во крајности.
 
Направи калакурница со бројките. Се знае колку има на буџет, колку во општини, во јавни претпријатија, во ад...

Ајде ако се знае кажи ми колку имаат вработени ЈП за чистење во Карпош, Аеродром и Центар? Поточно колку се официјално вработени а колку се всушност на терен ( или барем се водени во статистика дека се на терен ). И кажи ми колку стотици илјади евра дополнително се даваат на тендери и на приватни фирми за извршување на истите надлежности?

Да те прашам дали Инфомакс, Борче Давитковски, Бомбакис и целата останата плејада кои земаат пари од Лотарија на Македонија треба да влезат во ете државно вработени?

Другото ти е засновано на доминантни патетични фрази за пропаѓање, тонење, ништо не функционира, ништо не добиваме, плус и партиска пропагандичка.

Еве моето се заснова на патетики те молам кажи ми која од следните сфери на живот функционира во Македонија, или барем функционира подобра одколку пред 30 години.

Еве и да биде малку постандардизирано, нека има неколку одговори:
  • ИСТО
  • ПОЛОШО
  • ПОДОБРО
  • КОМПЛЕТНО НЕФУНКЦИОНАЛНО
  • ДАЛЕКУ ПОДОБРО

  1. Војска
  2. Полиција
  3. Судство
  4. Надворешна политика
  5. Основно образование
  6. Средно образование
  7. Високо образование
  8. Здравство
  9. Јавна чистота
  10. Јавен превоз како локален така и меѓу градски
  11. Индустрија
  12. Земјоделие
  13. Градежништво
  14. Урбано планирање
  15. Енергетика и рударство
  16. Туризам
  17. Култура
  18. Социјала
  19. Спорт
  20. Друго ако нешто имам заборавено додади

Во ред е се, сите имаме одредени симпатии, но кога тоа е основата веќе нема муабет. Емотивни аргументи, фразеологија, од сегменти правење општа слика, забегување во крајности.

Какви црни емотивни аргументи и фразеологии. Ми кажуваш приказни како ете другите држави имале поголеми даноци од нас ние сме очекувале без пари да имаме држава, сме се бунеле ако имало поголеми давачки цело време. А околу нас никој не бил ништо подобар од нас. Децениски пролеми биле тоа, не било лесно.

Тоа ако не е градење на наратив и притоа користење на одредени сегменти за изградба на истиот, не знам што е.

Затоа ќе повторам еве уште еднаш, кажи ми за парите кои ние ги плаќаме во државава, што добиваме за возврат на задоволително ниво? Наброј ми ајде две три работи, баш ме интересира.

плус и партиска пропагандичка.

Во ред е се, сите имаме одредени симпатии, но кога тоа е основата веќе нема муабет.

Јас за разлика од други тука отворено кажувам дека сум член на Левица. Обвинувања дека сум примарно мотивиран од скриени партиски причини кај мене не проаѓаат.
 
Последно уредено:
Ги следам профилите на X и евидентно е како со копче (од еу) српските бот профили се нафрлија на сите македонски профили, се разбира со цел да и помогнат на бугарија и да ја олеснат работата со уставните измени и нивни српски интереси кон еу.
Историското Српско Бугарско пријателство функционира добро, само нашите политичари уште го дупат сопствениот народ при здрав мозок.
Контролирана хистерија.
Се ова се вклопува со давање на алиби на нашите локални бугараши да замараат и се прават лажни патриоти од коминтерната до денес.
Не за џабе бугариштана се толку против буквата Ј во македонскиот јазик. Го делат истиот став со Србите кога Караџиќ ја ставил оваа буква во српската азбука. Имало голем отпор, зашто оваа буква ја сметале за „католичка“.

1786626531791.png

Дали ставот за Ј на тогашните Срби и денешните бугари е коинциденција? Не би рекол.

Не е случајно и тоа што немаат ни збор напишано против Џ, која Караџиќ ја зел од романската кирилица.

Ништо немаат ниту против лигатурите Љ и Њ, измислени исто така од Караџиќ.

Само Ј им пречи на бугарштаната. Случајно, НЕЛИ, што би рекол Лiубчо.
 
Прегледај го приврзокот 484785

Ј не го измислија во комисијата, мислам во комисијата само се прифаќа затоа што Мисирков го користи, ако не се лажам ни татарот Венко нема против, само он бил да има буква за звукот на магарињата, и сега беспотребно си прават фама околу тоа.
 
Back
На врв Bottom