Не, баш напротив, ја сум си кажал, квалитетна дружба секогаш ја избирам пред било што. Ситуацијата е што тие квалитетни дружби се веќе голема реткост. Ја сум човек со многу интереси, горе-долу можам да парирам на секаков муабет, освен можеби политика, таму сум доста бос. Но можам да ти кажам и на ниво на дружба капацитетот ми е неискористен. Повеќето луѓе зборат за тие воук глупости, за теории на заговори, политики, подкастите се злото на новото време, луѓе зборат за теми кои не ги познаваат вистински, и тоа е ко денот во мрморецот, рипит муабетот ко цд, завршувам и се рестартира, и утрешниот ден ко денешниот, истата кафана/кафич, истиот муабет. Родителите ми се друга генерација и муабетот е лимитиран. Со девојка ми живеам, скоро целосно сме заедно, немаме време за нова информација за да си прикажеме нешто интересно. Ќе иде до канцеларија, ќе каже нешто интересно, но толку. Во кратко, луѓето почнаа да ми стануваат пролив досадни. Једино тие што се родители се во подобра позиција, тие си се интересни сами на себе, но тоа е поради тоа што многу од времето и енергијата им иде на децата, не дека и тие праат нешто фантастично.
Имам пријател адвокат на имотно-правни односи, вика над 30% од населението се суди со семејството, така да ете и таму колку се сакаме, 1 во 3 си се душмани брат со брат.
А и на крај, индексот на среќа се формира со тоа што ги прашуваат луѓето (значи зависи од самите граѓани): замисли си како живееш на скала од 1 до 10 и дај си класација, тогаш ако толку е весело кај нас, кога од нас зависи да дадеме повисока оценка, зашто не ја даваме? Ете ти ја даваш, ама очигледно сограѓаните кои биле дел од таа фокус група, не ја дале, зашто е тоа така според тебе?
https://mieuxdonner.org/the-happiest-countries-and-findings-from-the-world-happiness-report/
И за последно, 2ца во 100К во финска, наспроти 1 во 100К во Македонија е занемарливо, не е никаква статистика, туку е аномалија. Но ако веќе верувате у тоа дека секој втор финец посега по себе, што да ви кажам освен пазете коа проаѓате под згради онде да не ви падне некој финец на глаа