Па првично немало понуда, информациите се ликнаа од медиумите и Алварез ја потпали приказната, тек потоа вашите пуштија официјална понуда, затоа и беше цела драма оти зад грб се одвиваа сите работи.
Зе сеќавам уште на почетокот дека бил виден агентот на Алварез во некој ресторан во Барселона, од таму почнаа шпекулациите.
Деко прво со агентот и Алварез се збуричка наместо да седнат со одборот на Атлетико да разговараат.
Никогаш ние обичните смртници нема да дознаеме што точно се случи, ќе се препукаваат до бескрај.
Она што го знаеме од сам старт е дека Атлетико не го продава во Барселона, не сакаше да го продаде воопшто ама после цела калакурница попуштија да го пуштат било каде за 150 мил освен во Барселона.