Иднината на Македонија во услови кога ВИ ќе ја превземе контролата целосно?

  • Креатор на темата Креатор на темата iMirisIUkus
  • Време на започнување Време на започнување
Кодирање е повторливо, редење лебови не е повторливо? Лупна зелена и остана жив.

Се е шаблон, да не се лажеме. Само што за да замениш човек што дреме пред екран е полесно отколку да замениш фасадер да речеме. Таму не игра улога само АИ туку и едно 5 други индустрии. Али не се сомневај дека идеме натаму.

Брат, за да се замени човек физички треба робот кој нема да постои може ни за 50 години. А ти си плагиран на интернет, доволно му е на тој таму да те одјави од компјутерот и да приклучи АИ агент место тебе. Кодот е репетитивен и ботовите го владеат. Прашање на време е кога ќе ве заменат.
 
Ok de, ubavo bese duri traese ali za zal mu se gleda krajot i na toa. Jbg ni prv pat, ni posleden vo istorijata. Eden kup struki i zanaeti imaat izumreno.
 
Брат, за да се замени човек физички треба робот кој нема да постои може ни за 50 години. А ти си плагиран на интернет, доволно му е на тој таму да те одјави од компјутерот и да приклучи АИ агент место тебе. Кодот е репетитивен и ботовите го владеат. Прашање на време е кога ќе ве заменат.
заспивај си со таа мисла ти

па не е лошо да учите некој занат вие програмериве со време. Таа работа ќе биде заменета пошто е повторлива. Гледајте нешто што нема да се замени. Вас ви делува штом вие сте загрозени дека се ќе биде заменето, но не е така. Репетитивните ствари ќе бидат само. У трговија пример редење роба никогаш нема да го замени АИ, или пак растовар утовар, месење лебови, буреци, виљушкаристи, шофери, итн.
Па точно тоа ти е виљушкарот, автоматизирана направа за луѓе да не треба рачно да прават утовар истовар и редење у носење у склад. Тоа било автоматизација на едно предно време, а сега види ти го кажуваш ко факт, бизнис ез ужуал. Иначе, ти каков занает имаш, дај идеја, што е популарно за да не патиме за леб ние писарите?
 
нива само, јас планирам да се вратам на село. Само така можам да го победам АИ.
 
Imaj ti zelba za poljodelstvo, za nivi ke se najdat ;)
Владе желба и сега имам, работата е што прво, заработува толку што ме демотивира доброволно да се тргнам од тоа што работам, и второ, крави претежно у зоолошка сум гледал, толку контакт имам со село, не се филмам дека прво ќе ми одземе многу време да научам и да се адаптирам. Сепак, ако мора, најверојатно би го направил.
 
Ќарот од таква каса е елиминирањето на социјалната интеракција со друг човек, рај за интровертни. :icon_lol: Ама и на каса пак треба да ги земеш од корпа и наредиш на лента, па ако веќе ги префаќаш не е тешко да ги титнеш и си завршиш работа сам. Обично касата секогаш има луѓе, а никогаш не сум чекал да сам скенирам. Не се согласувам ни за роботизираните келнери, можеби на многу им фали тоа церемонијалното: "добравечер, јас ќе бидам вашиот слуга вечерва" и тоа е во ред но ќе кошта во иднина, затоа qr код да нарачаш и робот да ти донесе до маса не е воопшто лошо решение за рестораните. Последно седнавме на корејско каде се нарачува на секои 8 минути нови работи, келнер треба да се убие на една маса, кај е цел ден за секој посебно. Затоа имаше робот. И самите келнери тука се жалеа дека ќе ти плукнат во водата ако побараш само тоа кога е гужва на смена. Јас не би избрал секогаш човек како што пишуваш, особено ако ми нудат поефтини цени поради тоа. Кога ќе одам на мишелин место, кога е цел експериенс местото тогаш во ред, нека кошта и нека ти прави шоу човек со објаснување зошто така се сече патката додека ја сече пред тебе.
Замисли патката ја сече робот кој во меѓувреме е хакиран и почнува тебе да те гледа како патка?:cautious:
 
Владе желба и сега имам, работата е што прво, заработува толку што ме демотивира доброволно да се тргнам од тоа што работам, и второ, крави претежно у зоолошка сум гледал, толку контакт имам со село, не се филмам дека прво ќе ми одземе многу време да научам и да се адаптирам. Сепак, ако мора, најверојатно би го направил.
Koj ti rece kravi. Poljodelstvo rekov, ne stocarstvo ;)
 
нива само, јас планирам да се вратам на село. Само така можам да го победам АИ.
Од кое село идеш штом планираш да се враќаш? Јас те мислам стар Скопјанец, ти како секој втор провинцијалец кој го расипува Скопјенцето, со ниви за наследување. Кај ќе се враќаш, таму сигурно вештачка интелигенција не заменува луѓе бидејќи не постои интелигенција за да се замени на прво место штом ти доаѓаш од таму. И АИ халуцинира знаење ама твоето.......

:bravobe:

Замисли патката ја сече робот кој во меѓувреме е хакиран и почнува тебе да те гледа како патка?:cautious:
Ако багот не може да се репродуцира, АИ ќе го затвори тикетот без објаснување како што би еден сениор ако АИ вистински сака да замени сениор девелопери нелииии. АИ не мисли на фифата па да чекаат таквите таскови многу многу. :icon_lol: Малку ми се сај фај скајнет конспираси ваквите твои муабети, како да многу страшно би бил АИ со секојдневен нож од кујната, како да во моментот не се користи во технологии со многу поразорна моќ од тоа во водникот за убивање луѓе. Гетагрип.

Јас зборувам за индустријата во која сум, веб развој, и еве ти кажувам дека сум сведок на бркање на цел тим од 7 луѓе, за сметка на АИ. И тимот не беше составен од јуниори, баш напротив. Ако тоа не е АГИ, што е?
Ама критериум за АГИ имаш и ти, оти испадиле сениор. Заборавате колку станаа "сениори" со топлење клупа во ерата кога и баба ми не стана девелопер, 2-3 години во фирма и поради многу понуди за работа мораа им дават титлиња и сецкано овошјенце. Да тргнеме од дали биле сениори пред да причаме (double entendre, preach и зборење на српском) за судниот ден. 7 вработени звучи како кикиритки во споредба со илјадниците годинава кај нас. И ти и @Erikson зборете за човечкиот живот, кој одамна не им е битен, макар и убиле по еден-двајца намерно или не додека нивниот продукт сечел патка. Животи шмивоти, или ќе им работиш како три четворица или таков за половина не те ни чуват, како и во многу други гранки до сега.
 
Back
На врв Bottom