Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Циганко, ќе те чекам вечер на плажата, но не онаа нашата, премногу драматизација и емотивна енергија има таму, видов нова плажа со лежалки, покрај една река што го одделува градот на два дела, а од другата страна на брегот е белиот замок од кајшто изгреваш, од Исток.
Не мора да биде и нашето време, дојди малку порано, утре треба да идеме на работа.
Да ти чувам лежалка?
 
Последно уредено:
ДенаМ, извини, ама ти си пролиф човек, досадна си и овакој, а којзнае какф оток си и у врску.
Прекини да се бламираш.

Доста - ,, Доста Димовска". ;)
 
Гледам јас се што се случува, само одбирам да се правам глупа кога е тоа наивно и невино. Овој пат не верувам дека така ќе ми помини. Штом сум стигнала до левел да се исповедам на форумов, верувај дека споени ми се жичките на максимум. Рамнодушна сум одамна на сите емоции.
 
Тоа е, понекогаш ниеден пат не изгледа дека има излез.
А има, да си знаеш. Проверено.
Понекогаш само си викам: како е Господ никој не е.
 
Ми искочи една страна на инста royalunderware. Ќе ти купам два три такви едноделни за една употреба…толку ќе биде.
 
Тоа е, понекогаш ниеден пат не изгледа дека има излез.
А има, да си знаеш. Проверено.
Понекогаш само си викам: како е Господ никој не е.
Изминативе шест месеци целиот мој фокус и енергија се насочени кон нешто друго. Идам по ординации, медицински испитувања, не постои труд кој што го немам прочитано, не постои апче кое не сум го пробала, не постои тревка што не сум ја земала. Трпение до плафон и секојдневни лични жртви, природно очекуваш дека треба некој да те следи во чекор. Ај имаш разбирање за нервози на работа, ама се си има граница.

Не станува збор за викање, ниту за донесување исхитрени одлуки. Поентата е само во тивкото сознание за тоа кој колку и со каква цел се вложува. Кога ќе ги видиш работите од страната на чистата логика и реалност, сфаќаш дека во моментов тежината на целиот процес ја носиш сама.

Не сакам патетика, и откако сум член до сега никад не сум напишала ваков тексг, ама фак ит. Трчам секоја вечер ко луда, за да исфрлам фрустрации, бес и немир, се расправам и по форумов заради истите тие причини, ама до тука било.

Сори гајс.
 
Некогаш убива чуството на беспомошност. :toe:
Изгледа како темен тунел само со дупчиња за воздух, колку да не се задушиш. Не сум далеку од твојата состојба, ме убива таа беспомошност и ранливост на тие околу мене. Јас, може и не сум семоќен, ама сум во МОРА мод, па гурам. Таа амбуланта, тој шалтер, ова треба, она не смее.
Ацесоо, има сешто по светов, наша задача е да не скренеме со умот и да стоиме исправено, толку.
Не се работи лично за мене, ама се си мислам дека идам накај онаа српската "жути жутују, црвени путују"
 
Back
На врв Bottom