Artemisia Vulgaris
Arcana Noir
- Член од
- 12 февруари 2014
- Мислења
- 8.055
- Поени од реакции
- 25.828
Не барам ОПРАВДУВАЊЕ, барам ОБЈАСНУВАЊЕ. Јас сум човек кој сака да ја разбере човечката психа, без разлика дали се работи за маж или жена.Значи пак доаѓаме до тоа дека релативизираш и бараш оправдување за постапката, додека да беше обратна ситуацијата, ќе бараше бесилка за мажот. Едноставно признај си дека си со двојни стандарди, и на сите работи гледаш низ призмата на тоа дали одговара или не одговара на наративот.
Тешка година за да си мало дете, не знаеш дали некоја немормална ќе те убие додека си во стомакот или надвор од него. И што мислиш овие дечиња, кого ќе одберат мечката или мајката?
Автоматски споено мислење:
Таткото не вади човечко битие од него и нема хормонален дисбаланс.Не мислам дека е фер автоматски да се бара виновник во партнерот. Ако зборуваме за постпородилна депресија или психоза, тоа си е медицинска состојба и нормално е најблиските да помогнат ако забележат дека нешто не е во ред. Ама не можеме секоја трагедија однапред да ја сведеме на тоа дека „мажот потфрлил“. И зошто толку често се размислува само од перспектива на мајката? Тој период е нов и за таткото. И тој првпат станува родител, и тој се соочува со непроспиени ноќи, стрес, финансиски притисок и огромна промена во животот. Ако мајката е на породилно и добива надоместок, таткото во повеќето случаи има само неколку дена слободно, а потоа мора да се врати на работа затоа што некој треба да ги заработи парите за семејството.
Не можам да разберам зошто за правата и одговорностите понекогаш се однесуваме како да сме на шведска маса – ќе ги земеме само тие што ни одговараат. Еднаквоста меѓу мажот и жената не значи дека мора идентично да ги прават сите работи, туку дека треба еднакво да се трудат и да придонесуваат со тоа што најдобро можат и со она што природно полесно го поднесуваат. Поентата не е кој што прави, туку дали двајцата даваат максимум за семејството.
Јас кога останав бремена цел тим најмив да ме посматра после бременост, особено маж ми. Имаше дозвола од мене да ме згрижи во соодветна установа како знае и умее и при најмал сомнеж дека постои било каква опасност да си посегнам по својот живот или животот на детето. Имам слушано хорор приказни за мајки со пост породилни депресии и психози, една од нив што лично ја познавав е три метра под земја моментално поради нетретирана пост породилна депресија која траеше со години. Едноставно жената не успеа да се врати во нормала и тоа е тоа. Таткото и останатата фамилија беа премногу фокусирани да не му наѓтети на детето, а никој не размислу дека може да си наштети на себеси.
Ако навистина се работи за психоза, тогаш првенствено соодветно лечење во установа.Ок, причина е психоза. Што е решението? Дали треба да оди во затвор, колку, или не? Дали е виновна за делото?
Како пример, дали кога мажите патат од хипогонадизам добиваат разбирање од другата страна, или на никого никогаш не му текнало да се правда на тоа знаејќи дека одредени периоди од месецот сте неретко неподносливи заради слични појави.
Зошто мора секогаш да се комплицирани толку многу работите кога се работи за случаи на жени, а веднаш и едногласно да се решаваат случаи на насилство кога се работи за мажи и скоро никој сем тесна фамилија најчесто не се буни или протестира? Се одеше до таму што се правда делото со астролошки идеи и карактеристики на убиецот, и тие постови имаат по стотици илјади likes/милиони прегледи!
Никој не спори дека го направила делото...
Последно уредено:
