Го сменив страничниот доводен вентил заради една микроигличка која заглавила од бигор. Сега полни одлично и пловакот застанува со полнење кај што треба. Но, средниот дел не знам како се нарекува, каде што е преливната цевка и дихтунгот за сопирање на водата изгледа не е ко што треба. Ја чистев од бигор таа гумичка ама изгледа не е дочистена или е веќе трта па на 3-4 секунди капе по капка во вц школката. Ќе морам изгледа да го менувам и тој средишниот дел (не знам стручно како се нарекува). Значи нема потреба од специјални алати, само клучево, шрафцигери, евентуално папагалки/мотоцангли што веќе ги имам.
Фала Мишко