... во Македонија задолжителниот придонес за здравствено осигурување изнесува
7,5% од бруто-платата плус
0,5% дополнителен придонес за повреда при работа, стапката е фиксна за сите вработени и нема лимит на максимална висина на плата од која се пресметува.
... споредбено на пример во Германија, основниот процент е
14,6% од бруто-платата на кој се додава индивидуалниот додаток
2,9% на секоја здравствена каса, придонесите се плаќаат само до максимална бруто-основица од 5.812,50 евра месечно (или 69.750 евра годишно за 2026 година), лицата со повисоки примања над прагот можат да изберат и приватно здравствено осигурување, кое се пресметува според возраст и здравствена состојба, а не според висината на платата.
двата система се засноваат на
принципот на солидарност (сите плаќаат процент од платата, а добиваат услуги според потребата), клучната разлика во парите што се одлеваат од платата.
Прегледај го приврзокот 485573
...значи секој Македонец плаќа здравствено осигурување месечно
91 Е, а секој Германец речиси
870 евра месечно (дополнително се плаќа и осигурување за нега /Pflegeversicherung од околу
3,4%), највисокиот прилив по поединец (за тие што земаат плата над лимитот од 5.812 €) достигнува и над
1.015 евра месечно.
... сега дадени се линкови на недостаток на инсулини и апарати за одредување гликоза, недостаток на туморски маркери, ПЕТ апарати снимање и онколошки или некој биолошки лек, да видиме колку тоа би чинило за еден пациент. во наше здравство, а колку во здравството во Германија.
Прегледај го приврзокот 485574
... и сега споредбено, дали Македонија со тој прилив од 91 Е од вработен, може да го покрие сите пациенти, па и тие кои не се вработени т.е. социјала?
... пациент за еден биолошки лек во тек на еден месец на пример за рак на плуќа чини 3000 Евра, само лекот без други трошоци како здравствени услуги, лабораторија, снимање, лекови на рецепт...итн, а за здравствено осигурување месечно плаќа 91 Е што се влева во Фондот!
од каде?
...лесно да се каже, треба да има све, ама прашање од каде тоа све, колку плаќаш толку музика, државата може да покрие нешто, ама нема сила да покрие за секој пациент толкави суми, невозможно!
...во Германија нема „сакам вакви анализи да направам“, „пиши ми на рецепт тие и тие лекови и антибиотик“, „сакам да дојде брза помош“, „сакам да полежам два дена и да ми дадете инфузија да се освежам“ „сакам магнетна за секој случај да се провери“, само овој трошок во каде кај нас се одлива многу средства без контрола!
... и да не најдеше алтернатива др С.Клековски за ПЕТ апаратот, а тоа им е основна работа на тој институт, законски би требало да дојде во прашање нивната исплата, како тоа да немаат работа, а да земат плата, тогаш колективен одмор штом е расипан ПЕТ апаратот, а не цела армија присутни на работно место, а работа нема поради неработење на ПЕТ апаратот, каде го има тоа?