Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Ако го земеш наследениот/поделениот долг на секоја држава која била дел од СФРЈ, плус нивните камати, плус долговите кои државите сами ги имаат направено после 1991-вата како „независни„ држави, состојбата во реално време е неподнослива, оти сите тие држави веќе се наоѓаат во „должничко ропство„ во однос на странските кредитори (ММФ, СБ, ЕУ, Кина...) и тие долгови ќе бидат вратени...никогаш.
 
Членот сака да каже дека браварот (Тито, нели...) своевремено има земано западни кредити (во голема мера...) со кои е градена инфраструктурата во СФРЈ, како и иднустриските капацитети, кои работеа речиси исклучиво по лиценци, за кои (лиценци) следуваше плаќање легален рекет.

Тие кредити, зависно од времето во кое се земани, стануваат предмет или за отежнато отпалаќање или за нивно „одложување„ при отплаќањето, а економскиот модел практикуван во Федерацијата, бил недоволно ефикасен за навремено отпаќање на кредитите, кои со тек од време, односно ненавремено отплаќање плус наталожени камати, станаа неисплатен долг од Федерацијата. Тој долг денес е пренесен на државите-наследнички на СФРЈ и по обем е неспоредливо поголем од долгот кој Федрацијата го имаше. Пред распадот, надворешниот долг од СФРЈ беше проценуван на 20-22мијл. американски долари.
Добро, "западната алијанса" ( NATO нели ... ? или не) која ја донесе "браварот" на овие простори кој дел од равенката го има? Тие се "кредиторите"?
 
Добро, "западната алијанса" ( NATO нели ... ? или не) која ја донесе "браварот" на овие простори кој дел од равенката го има? Тие се "кредиторите"?
Браварот е донесен на власт на “дискутабилен„ начин, ако го видиш некогово делување како двоен агент (како велат...), кој во „краљевината„ Југославија е донесен од „истокот„ а делува во корист на „западот„.

Мое убедување е дека Тито е донесен на власт со англо-американска помош, оти Тито контактира со нивните агенти уште пред крајот од војната (1944г.).

Во тоа време ОТАН се‘ уште не е формиран, така да останува основаната препоставка дека браварот е “инсталиран„ од наведените центри на моќ, од кои добива оружје уште во текот од војната, а после војната добива воена помош, кредити и лиценци.

ММФ и СБ постојат од 1944г.
 
Членот сака да каже дека браварот (Тито, нели...) своевремено има земано западни кредити (во голема мера...) со кои е градена инфраструктурата во СФРЈ, како и иднустриските капацитети, кои работеа речиси исклучиво по лиценци, за кои (лиценци) следуваше плаќање легален рекет.

Тие кредити, зависно од времето во кое се земани, стануваат предмет или за отежнато отпалаќање или за нивно „одложување„ при отплаќањето, а економскиот модел практикуван во Федерацијата, бил недоволно ефикасен за навремено отпаќање на кредитите, кои со тек од време, односно ненавремено отплаќање плус наталожени камати, станаа неисплатен долг од Федерацијата. Тој долг денес е пренесен на државите-наследнички на СФРЈ и по обем е неспоредливо поголем од долгот кој Федрацијата го имаше. Пред распадот, надворешниот долг од СФРЈ беше проценуван на 20-22мијл. американски долари.

Од кој ние сме наследиле само 4% дека сме имале несразмерно мали инвестиции од централниот буџет. Сме наследиле долг од 700 милиони евра, или пресметано со инфалција денешни 1.3 милијарди евра.

Значи се што сме имале кога сме излегле од Југославија било со долг од само 1.3 милијарди евра. Пред една година Мицко зема кредит од 1 милијарда евра, за да реди бекатонки по општини и да асфалтира улички во населби.

За 45 години сме наследиле долг колку што денешните влади прават за една година. Од 1990 до денеска имаме изградено ЕДЕН И ПОЛ енергетски капацитет. Да не ни е наследеното немаше да имаме струја по дома.
 
Неспорно...

Неспоредливо е она кое е стекнато/изградено во „нашата земјата„ во времето од Федерацијата со сегашнава беда.

И што е најтрагикомично, со сите оние силни кредити кои „нашата земјата„ ги има земено во преходните 3 децении, немам/е видено речиси никаква општа корист...

И...како вели Цацко Конопишки: „Каде се парите?!!!„.
 
How the IMF Dismantled Yugoslavia

by Michel Chossudovsky​

Наследениот долг на Ексју бил околу 17-20 млрд долари (1990-1991, при распадот) или 30-35% од БДП. Според инфлациони калкулатори тоа се сегашни 40-50 млрд долари или 34-42 млрд евра.

Најголем % во однос на бдп Сфрј должела 30-40% од бдп средината на 80тите, кога сесрдно западот и ММФ се потрудиле да не докусурат. За да падне на 30-35% при распадот.
Долгот на Македонија, според документи, тогаш бил 5-5.5% од вкупниот долг, околу 1 млрд долари, сегашни 2ипол миљарди или нешто над 2 млрд ева.

Ги имате сите документи од СБ, ММФ, Циа, така да слободно барајте.

Сега Мак има околу 13 миљарди долг, кој е 70% од бдп.
Јавниот долг бил 1990 30-35%, сега е скоро 60% од БДП. Надворешниот бил 30, сега е 70.

Кој ја еба сега Македонија? Тогаш барем се испоградија капитални објекти и инфраструктура. Сега што, чешми, жални врби и стиропор? Еден акцелератор не можат да набават оти се некоја влада пред нив енормно трошела, ко локомотива на ќумур се сите до еден.
Ама козите, ама бугарите
 
Браварот е донесен на власт на “дискутабилен„ начин, ако го видиш некогово делување како двоен агент (како велат...), кој во „краљевината„ Југославија е донесен од „истокот„ а делува во корист на „западот„.

Мое убедување е дека Тито е донесен на власт со англо-американска помош, оти Тито контактира со нивните агенти уште пред крајот од војната (1944г.).

Во тоа време ОТАН се‘ уште не е формиран, така да останува основаната препоставка дека браварот е “инсталиран„ од наведените центри на моќ, од кои добива оружје уште во текот од војната, а после војната добива воена помош, кредити и лиценци.

ММФ и СБ постојат од 1944г.
И Боливуд би се засрамил од едно вакво сценарио за некој нискобуџетен филм од шкљ категорија.
Ај сепак ќе влезам во твојов филм. Зошто не не пикна браварот во OTAN уште во педесетитте за да не мора да се колиме 40 години подоцна. За да ги дупи кредиторите а и нас со нив?
 
Кој ја еба сега Македонија? Тогаш барем се испоградија капитални објекти и инфраструктура. Сега што, чешми, жални врби и стиропор?
Нормално дека се испоградија, кога со радни акции се граделе и брани и болници и школи, многу е полесно кога доволно е само ручек и вечера на некого да му платиш.
Во денешно време такво нешто е незамисливо, мислам, ненормално е на некој да му ветиш, работата е мачна, ама спомените се прајслес.
На википедија го пишува како одмор лол.
:toe:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Така е Бугаристан стави вето а Грекистан ни наметна име коса црта Северџани :yid:
Две моќни сили кои дрмат.
И да само на Бугарите им сметаат Југословените и Македонците, така да доволно е, немој и ти како Боро да му ја мислиш многу ... тие носат декларација во парламент дека нема Македонци а тој мисли дека му се пријатели :yid:
Никој не негира дека моментално бугарите ни праат најмногу проблеми и имаат јаки обиди за роварање тука со тие нивни новооткриени бугари кој претходно беа се некој клошари и сето тоа да го легализираат со внесување во устав и со тоа и . Ама еве грешка направив што пишав нешто негативно за Југославија и Србија, заборавив дека добар дел од популацијата се поголеми југословени и како што велат србите: Најлоши срби се хрватите, а најголеми срби македонците.
Очигледно има некаков прекин во комуникација, зошто алтернативата би била да навредувам. Па ајде да пробаме уште еднаш да објасниме.

1. Вработување на луѓето во врвот според тоа дали имаат партиска книшка - ЛОШО
2. Вработување на сите луѓе од основата на пирамидата до врвот на пирамидата - КАТАСТРОФАЛНО ЛОШО

Нема рационализација, проблемите на тој систем поради форсирањето на партиска книшка за раководните позиции во системот доведе до неговото распаѓање на крајот на денот. Разликата е што они сепак на крајот успеале нешто да создадат и да остават за следните генерации. Ни оставиле каква таква енергетска инфраструктура, индустрија, образовни институции, култура итн ... . Овој моментален систем е земање на сите мани на тој претходен систем, појачување на тие мани за х1000 пати, а притоа за 35 години да немаме создадено ама апсолутно ништо за следните генерации. Не само тоа, туку и тоа што било наследено е уништено.

Видете ја само првата влада на Република Македонија која била од остатотци од тој систем. Видете ги и другите партии како МААК и слични што биле создадени тогаш. На сите челни позиции имаш интелектуални гиганти во споредба со тоа што го имаме денес. Доктори по науки, дела, книги, имаат биографии по 3 страни.

Види споредба на биографии на сегашниот министер за транспорт:

И во 1991 министер за градежништво и транспорт:

Е ова е тоа што зборам разлика небо и земја. Неговата професионална кариера започнала во 2000 година кога станал претседател на средношколска унија. И го ставиле за министер за транспорт и врски. Земи земјо проголтај ме.

Во гостивар пијат измет, секоја недела има по еден мртов на патот Прилеп - Гратско колку е лошо изграден. во четири години имаме три случки каде што десетици луѓе горат живи. Во Скопје имаш епидемија на западно нилска треска. И ми викаш и што е разликата. На онкологија им ги крадат лекарствата на болните. Ок тоа е тоа, може си во право нема разлика зошто ете тие претходните биле лоши, сега овие ќе дозволиме да бидат и лоши и функционално ретардирани.
Првата влада е експертска влада и затоа го имаш овој за градежништво и транспорт. Потоа доаѓа Бранко и за министер е неговиот колега и генерација од електро газдата на Унет каде си дава оставка после 3 пада на авион. Ако ги видиш последните 25 години кои се министри е кој од кој. Шпоните кој ти знае што имаат завршено, следува Јанакиевски со 28 години министер, па потоа Мисајловски, Сугаревски, Николоски. Се политоколози. Реално човечкиот капитал веќе ни е пропаднат и ако видиш како оди изборот само полошо ќе е.
 
И Боливуд би се засрамил од едно вакво сценарио за некој нискобуџетен филм од шкљ категорија.
Ај сепак ќе влезам во твојов филм. Зошто не не пикна браварот во OTAN уште во педесетитте за да не мора да се колиме 40 години подоцна. За да ги дупи кредиторите а и нас со нив?
Втората Југославија со браварот глумеа „3 пат„, односно ѓоамити независност и од САД со ОТАН и од СССР со Варшавскиот, иако и со двете стани имаа одредена, поголема или помала соработка, зависно од добро-лошите односи и/или потребите од СФРЈ.

Тито беше со-основач на „неврзаните„, земји, од кои речиси сите беа пост-колонијална беда, но од кои ЈУ имаше корист, третирајќи ги и како пазар за своите производи и како место за набавка на евтина нафта.

Ако се вратиме на крајот од Втората Светска и средбата на Јалта, велат дека идната ЈУ требало да биде под западно-источно влијание како „пола-пола„, но да не биде дел од ничиј пакт.

На Западот таа состојба му одговараше, затоа што ЈУ беше речиси целосно под влијание од западната култура и вредности, а воедно не беше дел од Варшавскиот.

Пред крајот од постоењето, ЈУ, особено преку Србија, стана поблиска со СССР, но се‘ веќе беше пред распаѓање...
 
Последно уредено:
Никој не негира дека моментално бугарите ни праат најмногу проблеми и имаат јаки обиди за роварање тука со тие нивни новооткриени бугари кој претходно беа се некој клошари и сето тоа да го легализираат со внесување во устав и со тоа и . Ама еве грешка направив што пишав нешто негативно за Југославија и Србија, заборавив дека добар дел од популацијата се поголеми југословени и како што велат србите: Најлоши срби се хрватите, а најголеми срби македонците.

Првата влада е експертска влада и затоа го имаш овој за градежништво и транспорт. Потоа доаѓа Бранко и за министер е неговиот колега и генерација од електро газдата на Унет каде си дава оставка после 3 пада на авион. Ако ги видиш последните 25 години кои се министри е кој од кој. Шпоните кој ти знае што имаат завршено, следува Јанакиевски со 28 години министер, па потоа Мисајловски, Сугаревски, Николоски. Се политоколози. Реално човечкиот капитал веќе ни е пропаднат и ако видиш како оди изборот само полошо ќе е.

Тоа ми беше и поентата, и не само тоа туку и тој што го имаме преостанат се трга на страна и се ставаат неписмени 35 години во ред од ДПНЕ и СДС. И тоа што највеќе боли е што никогаш нема да кажат дека ете не го бива тој човек за тоа место, ОСВЕН и само освен ако истиот не им бркне во личен џеп.

Еве гледајте ја биографијата на последниот секретар за градежништво во СР Македонија:

По завршувањето на средното образование во Струмица, со голем успех тој го завршува и Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје. Тој се вработува во Општина Струмица, каде набрзо станува началник на одделението за станбено-комунални дејности.

Во тој период, Заводот за урбанизам и станбено-комунална техника на Македонија, започнува да работи нов урбанистички план на Струмица, при што Андреј Г. Токарев станува копланер во изработката. Неговите стручни квалитети придонесуваат, тој да биде поканет на работа во Заводот. Тој станува претседател на Друштвото на урбанистите на Македонија и член на претседателството на Сојузот на урбанистите на Југославија.

Квалитетите на А. Г. Токарев стануваат пошироко познати, така што тој е избран за доцент на Архитектонскиот факултет во Скопје по предметот Урбанизам. Таму ги поминува сите наставни звања, се до редовен професор. Тој станува продекан и декан на факултетот во периодот од 1980-1985 год. Како познат урбанист, тој е често присутен во својство на консултант или советник при изработката на низа урбанистички планови, меѓу кои ГУП на Скопје и Просторниот план на Р. Македонија.

Стручно-научните квалитети на А. Г. Токарев придонесуваат тој да биде избран и за Републички министер по урбанизам, градежништво, сообраќај и заштита на човековата околина (1985-1990). Во тоа својство, тој многу придонесува во изградбата на колекторските системи за заштита на водите на нашите три природни езера, како и во изградбата нови патишта.

  • Аминистративни згради во Струмица: Комерцијална банка, Водостопанска заедница и Електродистрибуција;
  • План за реконструкција на Кино Балкан, Струмица;
  • Инекс на Попова Шапка;
  • Инекс Дрим во Струга;
  • Хотел Белви во Скопје;
  • мотел во Гевгелија;
  • Драмски театар во Скопје;

Наш Николовски кариерата му почнала со тоа што станал претседател на сојуз на средношколци или што и да беше. Едно е Николовски да е пратеник, народот си бира тоа што народот си бира. За пратеник е потребно нула професионално искуство. Али да ставаш вакви деца дебили на позиции каде што е потребна работа, како транспорт и врски е смешно.
 
Втората Југославија со браварот глумеа „3 пат„, односно ѓоамити независност и од САД со ОТАН и од СССР со Варшавскиот, иако и со двете стани имаа одредена, поголема или помала соработка, зависно од добро-лошите односи и/или потребите од СФРЈ.

Тито беше со-основач на „неврзаните„, земји, од кои речиси сите беа пост-колонијална беда, но од кои ЈУ имаше корист, третирајќи ги и како пазар за своите производи и како место за набавка на евтина нафта.

Ако се вратиме на крајот од Втората Светска и средбата на Јалта, велат дека идната ЈУ требало да биде под западно-источно влијание како „пола-пола„, но да не биде дел од ничиј пакт.

На Западот таа состојба му одговараше, затоа што ЈУ беше речиси целосно под влијание од западната култура и вредности, а воедно не беше дел од Варшавскиот.

Пред крајот од постоењето, ЈУ, особено преку Србија, стана поблиска со СССР, но се‘ веќе беше пред распаѓање...
Секоја му чест на браваров ако ги "одглумил" тие 40 години. Претпоставувам глумел и од 1941-1945 кога се вуцарал по овие балкански вукојебини "глумејќи" поглавица со овие шест диви племиња а швабите биле само за декор, глумеле каубојци.
 
Бијонс ќе пукне од мака, до крајот на годината, онака директ од улица, ќе се вработат 300 специјализанти.
Ќе се вработат 300 партиски војничиња и тоа е тоа. Низ болниците нема апсолутно ништо со што би можеле да работат, освен да цицаат на буџетот на фондот за здравство.

Ако не ми веруваш, оди во било која болница и побарај некој да те прегледа и да ти направи испитувања, една најобична лабораторија на пример. :icon_mrgr:
 
Тоа ми беше и поентата, и не само тоа туку и тој што го имаме преостанат се трга на страна и се ставаат неписмени 35 години во ред од ДПНЕ и СДС. И тоа што највеќе боли е што никогаш нема да кажат дека ете не го бива тој човек за тоа место, ОСВЕН и само освен ако истиот не им бркне во личен џеп.

Еве гледајте ја биографијата на последниот секретар за градежништво во СР Македонија:

Наш Николовски кариерата му почнала со тоа што станал претседател на сојуз на средношколци или што и да беше. Едно е Николовски да е пратеник, народот си бира тоа што народот си бира. За пратеник е потребно нула професионално искуство. Али да ставаш вакви деца дебили на позиции каде што е потребна работа, како транспорт и врски е смешно.
На 70% од овие што се во извршен комитет на ДПМНЕ и моментални високи функционери/министри, тој им е кариерниот пат. Завршува факултет, прво вработување советник во општина или некаков советник кај претседателот, во влада или министерство. Второ вработување пратеник или министер/заменик министер.
 
Секоја му чест на браваров ако ги "одглумил" тие 40 години. Претпоставувам глумел и од 1941-1945 кога се вуцарал по овие балкански вукојебини "глумејќи" поглавица со овие шест диви племиња а швабите биле само за декор, глумеле каубојци.
Познато е дека тоталитарните владетели, мислам на оние од поново време (време кое е блиско до нашите животи или време кое и самите сме го преживеале...) во суштина се слабаци (како личности...), а својата власт ја црпат или од својата позиција како властодржци, на која дошле по „некаков„ пат, или од позиција на „инсталирани„ ликови, кои треба да ја одиграат дедената им улога од страна на нивните „работодавци„.
 
Back
На врв Bottom