Ова е мислам една од најпогрешните тези кои произлегле од Бугарија и тукашните бугараши во форма на Љубчо Георгиевски и неговата фракција во ДПНЕ. Тоа што они си имале некои свои лични фрустрации, посебно поради нивни лични неуспеси. И потоа тие фрустрации ги ширеле по членството. Не значи дека фрустрациите важеле за целата држава.
- Политичката класа во Македонија била под директна контрола на Белград. Дали биле полтрони, ДА. Дали биле искомплексирани од Српската политичка класа. Не би рекол. Имале афинитети кон придобивките да бидат во Белград главниот град на Југославија и биле исплашени да покажуваат независнот од безбедносните служби. Али немале никаков поголем афинитет кон Србите одколку кон Хрватите и Словенците зависно од тоа кој ги држи конците.
- Техничката, културната, професионална класа апсолутно не биле искомплексирани од Србите. Ако имало комплекси тоа биле главно кон Загреб и Љубљана. Комплексот кон Загреб бил во главно мотивиран од одморите кои ги терале на Јадран и далеку подобрите услови на живот во Хрватска кое го препишувале на Австро-Унгарија.
Кон Љубљана имало анимозитет и комплекси од страна на техничката и професионална класа зошто се чувствувале дека Словенците секогаш добиваат се најдобро додека ние ги добиваме само аргатските работи. Додека културната и уметничка сфера зависно од жанрот била поделена помеѓу Белград, Загреб и Љубљана. Али генерално Љубљана повторно била сметана за локацијата на авангарадата, додека на Македонија гледале како на една затуцана провинција во споредба со Словенија.
- Работниците биле искомплексирани од апсолутно сите. Биле искомплексирани од подобрите услови за живот и во Србија и во Хрватска и во Словенија. Единствената разлика е што за разлика од Словенците кои терале пропаганда кај горните две групи примарно. Србите ширеле пропаганда примарно кај нив и го оформувале конфликтот во контекст на "Борба против препотентните Словенци и Хрвати". Али тоа повторно води кон комплекси кон Словенците и Хрватите.
- Образованието, каде што за да се започне масовно високо образование биле донесени "неподобни"професори примарно од Хрватска и Словенија. Ако слушаш интервјуа на современици од тоа време секогаш ќе ги фалат нивните професори од Хрватска и Словенија, а најчесто имаат анимозитет кон професорите од Србија, поради нивното шовинистчко однесување кон нас.
На кратко ако сме имале комплекс кон некого тоа е примарно Словенците. Хрватите и Србите би биле на далечно второ место. Нашата политичка класа едноставно била под огромен притисок на кој и да има контрола врз Белград и федералните институции.
Тоа е евидентно и до ден денеска. Никој во Македонија не ја зема Србија и Белград за средени држави. Љубљана и Словенија се првите држави од регионот кој некој ги зема за средени. Затоа Бугарската пропаганда во Македонија најде плодно тло кај само две групи. Политичката класа која била под директна контрола на Белград ( Србите на крај) и со тоа се чувствувале понижени. И лични неуспеси/неотставарени луѓе кои обвинуваат други за нивните недостатоци.
Тоа што Македонците гледаат на Бугарија со доза на расизам, е сосема друга работа. Али тоа апсолутно не е предизвикано од некаков комплекс кон Србија.