По завршувањето на средното образование во Струмица, со голем успех тој го завршува и Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје. Тој се вработува во Општина Струмица, каде набрзо станува началник на одделението за станбено-комунални дејности.
Во тој период, Заводот за урбанизам и станбено-комунална техника на Македонија, започнува да работи нов урбанистички план на Струмица, при што Андреј Г. Токарев станува копланер во изработката. Неговите стручни квалитети придонесуваат, тој да биде поканет на работа во Заводот. Тој станува претседател на Друштвото на урбанистите на Македонија и член на претседателството на Сојузот на урбанистите на Југославија.
Квалитетите на А. Г. Токарев стануваат пошироко познати, така што тој е избран за доцент на Архитектонскиот факултет во Скопје по предметот Урбанизам. Таму ги поминува сите наставни звања, се до редовен професор. Тој станува продекан и декан на факултетот во периодот од 1980-1985 год. Како познат урбанист, тој е често присутен во својство на консултант или советник при изработката на низа урбанистички планови, меѓу кои ГУП на Скопје и Просторниот план на Р. Македонија.
Стручно-научните квалитети на А. Г. Токарев придонесуваат тој да биде избран и за Републички министер по урбанизам, градежништво, сообраќај и заштита на човековата околина (1985-1990). Во тоа својство, тој многу придонесува во изградбата на колекторските системи за заштита на водите на нашите три природни езера, како и во изградбата нови патишта.
- Аминистративни згради во Струмица: Комерцијална банка, Водостопанска заедница и Електродистрибуција;
- План за реконструкција на Кино Балкан, Струмица;
- Инекс на Попова Шапка;
- Инекс Дрим во Струга;
- Хотел Белви во Скопје;
- мотел во Гевгелија;
- Драмски театар во Скопје;