Црна Хроника

  • Креатор на темата Креатор на темата Macka12345
  • Време на започнување Време на започнување
Муво една мувосана доста брмчиш веќе.

браниш убијци што ги дават своите деца, браниш и убијци што ги усисаваат децата на клиника, што повеќе да додадам...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
браниш убијци што ги дават своите деца, браниш и убијци што ги усисаваат децата на клиника, што повеќе да додадам...
Рон додади го и фактот што и тебе некогаш сум те бранела, а сега ти викам дека си мува.
 
Значи со самото раѓање на дете жената добива право да убива?

И мажот насилник не е насилник без причина, сигурно постои траума позади таквото однесување а и да не постои, едноставно ќе кажеме "медицинска состојба" и тоа е тоа?
Не извртувај за да креираш некој наратив.

Постпородилна депресија е многу реална и опасна состојба која бара сериозно набљудување. Самата е резултат на најблагородната улога во светот.

Апсолутно не ја оправдувам женава, за неа најголема казна е што е сеуште жива.
Ама и едно големо ама, редно време е да се крене поголема свест за оваа состојба, да се стандардизираат критериумите за дијагноза, да нема коментари од типот “баба ми 5 родила па ништо не и било, денешниве жени како од свила”, да се едуцираат и идните татковци за како да распознаат симптоми, значи мора да има еден огромен синџир на поддршка.

Според мене, женава била свесна за проблемот и активно барала помош, а добила среден прст од сите кои требало да и помогнат. 8 месеци била на коктел од 13 антидепресиви, несоодветни дози, немање поддршка од сопругот, минимизирање на симптоми итн.

Жално за фамилијата, ако ништо друго барем да се извлече поука од целиов случај.
 
никој не ја правда бе, оти од газ си вадите муабети стално ?
Ќе си одговара за постапката, доживотна робија не и бега, жално шо ако се утврди психоза и дека не била пресметлива најголема казна и е шо останала жива.
Глупи мажи мислат дека за реванш треба децата да си ги убиеш, милион начини има како жена би се одмаздила на маж и убиство на сопствени деца не доаѓа во предвид.
Детето со живи раце и заби ќе го бранам до последен здив, а верувам и секоја здрава и нормална мајка.
Која жена при здрав разум би си ги убила децата бе ало ? Арни сте вие во паметот ?
 
Значи насилник е еднакво со медицинска состојба предизвикана од самиот чин на раѓање деца?
Многу дела се предизвикани од медицинска состојба. Иако се слагам дека и докторите имаат одговорност, ми се свиѓаат двојните стандарди тука :D
 
Многу дела се предизвикани од медицинска состојба. Иако се слагам дека и докторите имаат одговорност, ми се свиѓаат двојните стандарди тука :D
Кој е двојниот стандард тука, може да ми посочиш?
 
Како изгледам кога ги читам жениве на темава:
andrew-tate-shocked-face-andrew-tate-shocked-face-original.webp
 
Глупи мажи мислат дека за реванш треба децата да си ги убиеш, милион начини има како жена би се одмаздила на маж и убиство на сопствени деца не доаѓа во предвид.
Буквално само со децата можеш штета да му направиш. Единствен leverage што може да го имате кон маж се децата. Најверојатно треба до сега да ви стане јасно дека во 2026та никој не ве зема за да му готвите, перете и чистите.
Сите жени што ја бранат, донираат пари и пробуваат да го релативизираат убиството на сопствени деца од оваа е затоа што одговорноста за свои постапки е апстрактен поим кај жената.
 
Паметна жена има милион начини како да се одмазди кај маж. Како да си ги повреди децата бре ало, за тие деца живее таа, буквално цел свет ти се менува наопаку кога ќе станиш мајка.
Појма немам кои будали донираат пари и за што всушност донираат, не сум упатена, ниту ја бранам, кажав од старт ме преврти наопаку веста, не дај Господ кај никој ваков хорор
 
Кој е двојниот стандард тука, може да ми посочиш?
Дека медицинската состојба е некакво оправдување за делото. Тука може да има дискусија зашто ментален случај бил на слобода.

Во депресија бил и дечкото од случајот од велес - затоа и се самоубил, откако убил двајца. Па немаше вакви коментари тогаш.

Од кога почнавме очигледно ментални ликови да анализираме како се тригернале?
 
Јас посочив неколку пати, дека три пати била отпуштена од институција поради банални причини. Иако самата се пријавила. И дека била на недозволив микс на антидепресиви. Се тоа поради несериозен пристап на “системот” кон една многу реална ( и привремена ) состојба. Кој е тој што сега може да докаже дека не била во состојба на психоза, она не спиела по 48 часа од миксот на апчиња. Ова не е оправдување туку факт. И самата при посетите на психијатар изјавила дека има халуцинации, тие само упорно и ги зголемувале дозите. Зошто уште тогаш не е утврдено дека личноста не е стабилна и дека е опасна по животот на своите деца, мене тоа не ми е воопшто јасно.

За убиството во Велес, никаде не излезе информација дека ликот бил во депресија, доколку имаш такво инфо слободно сподели го тука со сите.
Плус и тогаш фокус на дискусијата беше како некој со толку кривични пријави не бил сфатен сериозно од органите, значи повторно збориме за едно потфрлање на целокупниот систем.

Девојката од Куманово, пред еден месец што се жалеше дека никој не го хоспитализира таткото алкохоличар, кој секојдневно им се заканува по живот и ги напаѓа, мораше цел прљав веш да го даде на изволте пред јавноста, за да магично се најде место за човекот во некоја психијатриска установа.

Затоа зборат жените, не е колку за да се најдеме во муабет.
 
Бескорисно е да се објаснуваш кога од другата страна нема ни намера да се разбере.
 
Back
На врв Bottom