Фан клуб: Милан

Дали Кардинале треба да го продаде клубот?


  • Вкупно гласачи
    18
Со таа огромна разлика што за Челзи 60 миљона е како за Милан 20.

Да го купеа Челзи Палестра за 130 миљона ќе ти држеше вода муабетот.
Ова лето, после долго време, не изгледа така. Не изгледа како Милан да има броени пари за трошење, па као да пазат колку даваат за кого, па ако даат 50 за овој ќе нема доволно за друга позиција. Милан очигледно овојпат по трошење е надвор од параметрите на Серие А и троши скоро како премиерлигашки клуб. Да не беше така, ќе ти држеше тебе вода муабетот.

Не мислам ни дека Палестра вреди 60, ни дека Мореира вреди 70 миљони. Пазарот и цените нажалост се тие во моментов, или се прилагодуваш или импровизираш. Милан до ова лето импровизираше, овојпат се однесува скроз различно на пазарот. Дали тоа ќе се исплати и дали е паметно, ќе видиме, ама хејт само ради хејт е смешна работа.

Ова лето, не постои аргументот дека за Челзи 60 се како за Милан 120. Што сакаа и одбраа како профил на играч - купија. Имаат очигледно и пари и желба и за трошење и за појачања и трошат различно од досега. Дали ќе ги погодат трансферите е секогаш прашалник, ама прашалник е истата раота и за Челзи и за секој друг тим.
 
Последно уредено:
Истото ќе го пишев и јас. Лани ова време Аталанта го дава Палестра на позајмица во Каљари којшто е јасно дека ќе се бори за опстанок. Никој ниту го знае ниту верува дека за година дена ќе оди во Челзи за тие пари. Палестра има одлична сезона во Каљари по импакт, а по статистика онака, еден гол и 3-4 асистенции (што и не е лошо имајќи предвид возраст и тим кајшто игра). Летово под огромен хајп оди во Челзи за 60тина миљони.
Со Мореира се работи за играч на горе доле иста позиција, смешно е да му броиме голови во Стразбур, кога ни позицијата, ни улогата во тимот му биле првенствено да дава голови. Во последните две сезони има солидна статистика 7-8 гола и близу 20 асистенции, што е складно на позицијата што ја игра.
Не го праам бољи од Палестра, ама скроз е точно дека типот на играч и трансфер е скроз на тоа ниво и тоа треба да се има предвид.
Е сеа како ќе се снајде во Милан и во прејаката Серие А, за разлика од чкљ лигата е друго прашање, ама на папир е трансфер којшто обечава по појше параметри.

Рома претходно пратиа 35мил за овој играч па го гледав малку на видеа.. многу ретко играл како крилен бек лани, односно највеќе играл како десно крило па и лево крило.. и скоро сите голови и асистенции му се од крилна позиција, а не од офанзивна бековска.. и тоа го прави кај кај поофанзивен играч од Палестра ... али како и да е, играч што може да покрива 4ри позиција нормално се вреднува и цени во денешниот фудбал ..
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
Се ќе беше тоа супер ако играчите си ги бираше Клоп, Пеп, Анчелоти итн.....

Вака овој може да јаде корпа и ноември и да останеме пак со играчи што никој неможе да ги продаде.
 

Accept Tv Land GIF by Throwing Shade
 
Решиле да се коцкаат со Аморим, па тогаш барем клубот нека се прилагоди повеќе на него, отколку да му дадат тим на кој ќе се прилагодува.


И да са надеваме дека ќе почне со добри резултати од почеток, инаку може да биде многу заебано кога сакаш да наметнеш специфичен начин на игра, за да играш со намера да доминираш, мора тимот да има самодоверба, а за неа се потребни добри резултати.
Автоматски споено мислење:

Рома претходно пратиа 35мил за овој играч па го гледав малку на видеа.. многу ретко играл како крилен бек лани, односно највеќе играл како десно крило па и лево крило.. и скоро сите голови и асистенции му се од крилна позиција, а не од офанзивна бековска.. и тоа го прави кај кај поофанзивен играч од Палестра ... али како и да е, играч што може да покрива 4ри позиција нормално се вреднува и цени во денешниот фудбал ..

Под бившиот тренер на Челзи играл на позиција за која е доведен во Милан, потоа го користат на десно крило.

На таа позиција има 6 асистенции и 1 гол на 22 натпревара, комбинирано во две сезони. На 20/21 година. 9 има изиграно и како лев бек.


Но битни се и неговите карактеристики, експлозивен е, може да помине фудбалер и така да направи разлика што е многу корисно, има добар центршут. Ако дефанзивно не биде премногу проблематичен, може да биде многу корисен.


Со 3 милиони плата, конкуренцијата за него, тоа што ваков профил може лесно да заврши во ПЛ, не ми изгледа дека е катастрофален договор, како што се форсира.


А за секој трансфер, поголеми се шансите да не се погоди или да биде така-така, отколку да надмине очекувања, особено кога даваш повеќе пари за него.


Општо во фудбал, од клубови кои што треба да направат некој успех, само неколку имаат успешна сезона, слично е и со фудбалерите.


Секој што сака да биде во право во фудбал, нека пишува за повеќето трансфери дека ќе се лоши или дека клубовите ќе имаат неуспешна сезона, сигурно на крај ќе може да каже дека повеќе бил во право, отколку што погрешил.
 
Последно уредено:
Жими све овој досадниов ќе ме убеди да напуштим кајгана

А иначе кажав дека ќе се почне со преплаќање рандом црнчиња
Батали го бе, што се замараш. Проследи го со едно хахаха или тажно смајли и тоа е тоа.
Што толку лично те дира со шизофренијата ?
 
Последно уредено:
Константната опсесија и хејтање на еден ист човек речиси секогаш е одраз на внатрешните борби, фрустрации и празнини на оној што хејта.
Кога некој постојано се замара и нервира со ист човек, зад тоа најчесто стојат неколку психолошки механизми како завист бидејќи луѓето најстрасно го мразат кај другите она што подсвесно го посакуваат кај себе. Зависност од негативни емоции и гнев бидејќи мозокот не знае поинаку.Луѓето кои се незадоволни од сопствениот живот им е многу полесно да ја насочат целата сопствена фрустрација кон една одредена личност.Но пред се додека се анализира туѓиот живот успешно се избегнува соочувањето со сопствените неуспеси, празнини, нереализирани цели и фрустрации.
Хроничниот хејт бара огромно количество емоционална енергија, но најголемата иронија е што оној што е огорчен троши сопствен мир и време на личност која најчесто си го живее животот неоптоварен од таа драма.
До вас 2-3-ца залудно говорам кога вистинската промена мора да ја направите самите вие.
Запрете со хроничниот хејт, токсичност и опсесија и вдишете ја длабоко љубовта на животот, излезете надвор и почуствувајте го Сончевиот нежен допир на вашата кожа, насмевнете се и кажете БЛАГОДАРАМ!
Јас секогаш се обидувам да ширам само љубов и позитива!
Како и да е се надевам дека со нетрпени сите го чекаме првиот меч на Милан во новата сезона во Недела, да се радуваме на нови победи и успеси на Милан бидејќи само така ќе ви се ублажи барем малку горчината што ја чуствувате во срцето.
Одиме кон нови победи и успеси во новата сезонаааааааа!!!!
Forzaaaaaaa Milaaaaaaaannnnnn!!!!!!!

#StopTheHate
#FeelTheLove
#EmbraceHappiness
#GodDid
#ForzaMilan
 
Запрете со хроничниот хејт, токсичност и опсесија и вдишете ја длабоко љубовта на животот, излезете надвор и почуствувајте го Сончевиот нежен допир на вашата кожа, насмевнете се и кажете БЛАГОДАРАМ!


БЛАГОДАРАМ
 
Back
На врв Bottom