Не верувам дека нашите инсистирале да останат српските канали. Во тој случај гледаноста на македонските би била значително помала, бидејќи поголемиот дел од гледачите би ги следеле српските.
Јазикот секако не ни претставува проблем, бидејќи бевме "принудени" да го научиме, меѓудругото, како би ги следеле спортските настани во периодот пред "македонизацијата" на првите три Премиум канали на Арена. Така што, за нас "повозрасните", истата доаѓа со задоцнување. Воодушевување би покажале доколку од самиот почеток на постоењето, неколку од каналите би биле на македонски. Кога веќе не можеме светските, барем да ги следиме балканските "трендови". Но, за жал и тие се недостижни за нас.
Критиките треба да ти сметаат за добредојдени и да се обидат да ги поправат работите кои довеле до истите, наместо неспособноста да ја покриваат со "патриотизам".
Тоа што српските коментатори не добиваат толку критики, не значи дека се безгрешни, туку дека повеќе не засегаат грешките на македонските. Оттаму и критиките кои имаат за цел подобрување на состојбата и изедначување, ако не и надминување на нивните српски колеги.
Јас, во свое име, можам да кажам дека не практикувам "хвалоспеви" само затоа што, по некоја случајност, сум се родила на исто "парче" земја со одредени личности. Почитта се заслужува.
Инаку вчера на М3 Премиум, ми се чини, се емитуваше натпревар од Купот на Италија, ако не лажам, Парма -Катанија со хрватски (или босански) коментатор на јекавица или ијекавица, не сум сигурна.
А синоќа имаше пренос од францускиот Супер Куп, исто на М3, ако не се лажам.