Еве моето се заснова на патетики те молам кажи ми која од следните сфери на живот функционира во Македонија, или барем функционира подобра одколку пред 30 години.
За време на транзицијата не знам која држава немаше пад, особено ние на Балканот, кои бевме и во воено окружување или дел пд поголеми или помали воени конфликти.
После транзицијата, општо земено има прогрес, има амплитуди, но не константно пропаѓање во секој сегмент. А уште влечеме последици од тој период.
Разликата е што сега свесноста е поголема, се гледа преку поостри очила, очекувањата се поголеми, што е и нормално.
Но, како што пишав во еден друг дел, тоа доаѓа со надминување на основни егзистенцијални проблеми, во смисол, економско ореживување, па се префрла фокусот на други теми што значат квалитет на живот и однос институција-граѓанин.
И затоа е растегливо тоа "задоволително ниво", уште ако се земе низ што се поминавме и колку имаше пад во транзицијата (накалемен на кризата во СФРЈ уште пред распад).
Ќе побарам истражувања за неколку држави на Балкан и во Источна Европа, но сигурен сум дека во повеќето од нив, граѓаните нема да го оценат тоа што го добиваат од државата како "задоволително".
Ми кажуваш приказни како ете другите држави имале поголеми даноци од нас ние сме очекувале без пари да имаме држава, сме се бунеле ако имало поголеми давачки цело време. А околу нас никој не бил ништо подобар од нас. Децениски пролеми биле тоа, не било лесно.
Ова не се приказни, ова е реалност.
Иако јас не сум голем фан на високи даноци, особено за држави кои уште не достигнале одреден стадиум на развој. Иако на нешто би зголемил малку (данок на имот, особено на втор, трет и секој следен стан, како и за комунална хигиена), не драстични зголемувања, еве за комунална хигиена, еквавивалент на две кафиња во кафиќ во таа општина.
Но, факт е дека државата има помали приходи по сите основи, па и по овие што ги набројав, исто и локалните единици.
Е, сега, ако мислиш дека нема никаква реалност во тоа со повеќе пари (меѓудругото повеќе и процентуално, а не само во апсолутни бројки, земени и од граѓаните), да по дифолт нудиш подобри јавни услуги, тогаш не знам што е реалност, а што приказна и фразеологија.
Еве, утре Левица нека победи во некој Велес, Штип, Куманово, Струмица, ќе се соочи со овие проблеми и истото ќе го пишувам и за нив, без разлика што не сум нивен симпатизер/гласач.
Тееба да објаснувам дека не се прикаски дека со помалку пари од Словенија, Македонија треба да пружи такви услуги? Дека не почнуваме од пониско ниво и дека со помалку пари се очекува да ги надминеме и тие повеќе децениски проблеми и плус да се даде тоа што го добива еден граѓанин на ЕУ членка од Источна Европа.
На страна, што сите тие потрошија еден куп пари од европските фондови, токму за овие работи.
Понеразвиена држава, помали приходи, полоша услуга.
Кога спомнав СФРЈ и Словенија, па разликата е и во СФРЈ, во секој поглед. Македонија добиваше помош како неразвиен дел на СФРЈ, за да се избегне поголема катастрофа. Па во девеесетите уште повеќе се направи разлика.
Околу бројките на администрацијата се знае, од државниот буџет, општинскиот... Се знае колку се оделува за плата... а такви како ад есм, мепсо и слични, ги има и во други држави.