Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми се почнува, ќе се распишувам, нема никој да дочита до крај, но за ова мора пошироко....


Тоа 2026 година сме, 21 век сме, луѓето отидоа на месечина, живееме во времето на вештачка интелигенција и слично, во принцип е еден ист, крајно површен аргумент, а многумина се кријат позади него.

Исто како и "ова само кај нас го има". Ова значи дека нема појма како е на друго место или никаде не отишол.



Да, има проблеми државата, дури и помалку од тоа какви граѓани има. 90% од малцинствата ја мразат, гледаат на неа како на курва, а голем број од Македонците ја презираат, иако и туе гледаат колку можат да ја искористат.


Да, тргнуваме од полош старт во однос на другите поради милион причини, меѓудругото и поради крадењето и уништувањето од тие што ја воделе, но и пред да бидеме независни заостануваме.


Не е дека и во 1906та, 1916та, 1926та, 1936та ни било топ, па ете ние никакви направивме држава и пустош, па дај да ја уништиме за да се спасат луѓето, птиците, мечките, водата, цвеќињата, тревата, дрвјата.

Напротив, кога сме немале држава сме биле физички загрозени. Право на живот, право на имот, на чест, со такви проблеми се соочувале нашите без држава. Затоа и таа потреба за држава.

Многу работи се лоши, од многу и сме разочарани, но поентата е да ги поправиме, да градиме држава, а не дефетизам и презир кон државата.



Но, зарем за овие работи за кои збориме, за политичари кои уништувале, за системски проблеми и сл, не е или не било случај со Бугарија, Хрватска, Романија и други држави од Источна Европа?


Таму немаше лоповска транзиција, таму политичарите, здравството, општо институциите сите се супер?


Главни теми во повеќето источноевропски држави се исти. Борба против корупција и криминал, потреба за структурни реформи, преголомазна јавна администрација, иселување (поврзано и со миграција), здравство, често поврзано со стареење на нацијата, екологија (на север помалку отколку на југ), образование, висока инфлација и се друго што се врти кај нас.


Можеме да одиме по секоја држава посебно и не само источноевропски.

Али најдобро прво да ги погледнеме околните, како Србија, заедно со трите членките на ЕУ ( Бугарија, Хрватска и Романија). Доста ни се слични, историски, менталитетски, иако се постари држави и со поголеми ресурси.


Пишав за Хрватска на друга тема. Токму деновиве главна тема се екологијата, зошто потфрлиле институциите, зошто не функционираат инспекторати... Екоцид, како го викаат, од широки размери. Канцероген отпад, загадени подземни води... плус почнаа да зборат и за други депонии. Во главниот град имаат исто еколошка бомба.

Иселување колку сакаш, цела Славонија им се опустоши.

Знаеш колку се иселија од Бугарија, Романија, Полска, балтичките држави?!

Нормално сето тоа е поврзано со намалување на првачиња и во тие држави, исто како кај нас.

Бугарите имаат термин за тоа што им се случи, го викаат "демографски срив" (колапс, сром, крах, катастрофа).

Дури ја нарекуваат Четврта национална катастрофа. Првите три им се поврзани со Македонија (втората балканска и двете светски војни).

Па не гледам да велат не ни треба држава, за што ни служи, дај да затвораме дуќан, туку напротив, фрлаат пари да шират национален дефетизам кај нас.


Провери ги истражувањата во Хрватска, со години наназад, прва тема е борба против криминалот и корупцијата, поврзано со недоверба во институции (судство, обвинителство, влијание на политиката).

Партизираноста на институциите е исто тема во многу други држави. Особено во овие што ги набројав, а слободно додај ја и Грција.


А околу бројноста на администрацијата, знаеш ли колку е во Словенија, слични држави сме по големина, каде е поголема, вкупно, но и процентуално спред население?! Во Словенија брои нешто изнад 190 илјади, а во Македонија испод 130 илјади.


Околу давачките, придонесите и добивката од државата како услуга за тие пари...


Ние имаме најмали даноци на Балкан.


ДДВ во Хрватска е 25%, во Словенија е 22, во Албанија, Србија, Бугарија е 20%, во Црна Гора е 21%, а кај нас 18%.

Уфрли ги и сите други даноци пак сме тие што најмалку имаат вакви давачки.

На пример данок на имот или комунални давачки.

Значи еве Словенија, зема повеќе од граѓаните отколку Македонија, по сите основи, а притоа има поголема индустрија, повеќе заработува и по тој основ, а така е повеќе од сто години.

И сега очекувате ова наша ваква Македонија, да пружи услови на граѓаните, приближно како Словенија? Со помалку пари!


А да се спомне покачување на нешто, не мора ддв, еве данок на имот, комуналии, ќе се крене револуција.

А сакате се да е средено со помалку пари отколку во Словенија, а притоа се почнува од минус. Затоа што во Словенија имаат повеќе пари и тоа за оддржување и постепено надоградување, а кај нас треба да расчистиме и децениски проблеми. Чисто, паркови, игралишта, алпски воздух, градинки најдобро здравство и милион други работи за помалку пари отколку во другите држави.

Дали се краде, да, сигурно, но се краде и во други држави, побарајте афери ќе видите. Добро, признавам дека кај нас се и претеруваше.



И да виновни се тие што имале шанса да ја оправат државата, таму е главната вина.

Но, не е и дека тука е некое место во кое нема живот, нешто како од дистопски филмови.

Како што не е точно дека во се назадуваме и ништо не се променило, подобрило. Знам дека тој патетичен став е општоприфатен, али нема многу врска со реалноста. Колку и да не е популарно да се напише, не тонеме само.
Alal da ti e istovo mislenje go delam so tebe, ama za zal 80% od narodov go mrzi da odvoi 30 minuti sam so svoite misli i da razmisli cekaj be zosto mene mi e zivotot vakov kakov sto mi e. Koj li tuka mene mi e kriv, dali jas sam sto sum vo ovaa situacija ili mozda nekoj nepoznat tret.

Sepak polesno e da odam so drugar da ispijam pivo i da se zalam ej drzavata e vakva drzavata e takva, jas sum vo vakva sostojba bidejki Branko, Ljupco, Nikola, Zoran i Micko mene me teraa jas da begam od uciliste, da ne naucam nekoj stranski jazik, da baram vrski za ocenki i da zavrsam fakultet bez odredeno znaenje, da nemam nekoj skill so koj ke se izdvojam od masata i kje zarabotam nadprosecno za eden dobar zivot bilo tuka bilo vo stranstvo. I taka kje si se iznakukas, si odis doma, si pustas filmce i si spies mirno so iluzija deka ne e do tebe nego do nekoj drug.
 
Ги следам профилите на X и евидентно е како со копче (од еу) српските бот профили се нафрлија на сите македонски профили, се разбира со цел да и помогнат на бугарија и да ја олеснат работата со уставните измени и нивни српски интереси кон еу.
Историското Српско Бугарско пријателство функционира добро, само нашите политичари уште го дупат сопствениот народ при здрав мозок.
Контролирана хистерија.
Се ова се вклопува со давање на алиби на нашите локални бугараши да замараат и се прават лажни патриоти од коминтерната до денес.
 
Да живеат градовите да умрат селата и живеј од увезена храна.
Но барем да има нешто во градовите за Македонецот да остане да живее и да креира семејство, нема ништо, па ни работа, што значи потегот е иселување.
И 5 деца да се е 100 пати подобро да се социјализираат во своето село, на земјата каде што се родиле.
Самите си правиме внатрешно раселување.
Не е спорно дека не само кај нас, тоа е светски тренд одамна, концентрација на населението во поголемите урбани центри.
Но, ако се споредат податоците 2002-2021 (резидентно)

ќе видиме дека процентуално во Скопје населението пораснало за 3.7%, домаќинствата за 14.4% што може да се толкува и како разбивање на традицијата на заедночко живеење на повеќе семејства во 1 домаќинство или слично (за ова треба подлабока анализа, состав на семејства по возрасни групи и слично).
Поголемите градови пак, како Битола Куманово, Штип, Тетово населението е намалено.
Ако толкуваме како миграција село град или град главен град, тоа на ниво на општина би било во рамки на светски тренд, со одредени исклучоци. Но, за тоа е потребен вистински регионален развој, а не физибилити студии кои седат и фаќаат прашина.

Проблемот е на ниво на држава каде од 2002 до 2021 имаме намалување на населението за 10%. Проблемот е лажењето на властите, за кое се ангажираа куп медиуми да ја пренесат веста дека еве почнале и да се враќааат.
Да, некои се враќаат како т.н. шведска фарма за ноеви кај Треска и слични примери, но то се исклучоци, а се прави помпа околу подобрување на условите и лажни информации за благосостојба на населнието.

АКо пак се разглоби природниот прираст (живородени минус починати), период 2021-2025, во сите региони освен скопскиот е во минус.

Ако додадеш на тој прираст по градско и селско подрачје по региони
исто е сегде во минус со тоа што во селските места минусот е помал. Единствен позитивен прираст има во селата во скопскиот регион, градскиот дел исто е во минус.

Значи на ниво на РМ не е во прашање само природниот прираст или отселување село град туку комбинација со силно физичко отселување на населението.

А за еден професор од УКИМ не е никаков проблем да анализира намалување на населението на што се должи сето тоа. Дури и Герасимовски (Дончо) кој не е професор ами демограф во емисиите ги анализира состојбите.

Ние патиме од лажни вести и од опозиција (за бактериите пример) и од власта (за развој или не знам што).
Реалноста ја гледаме.
Автоматски споено мислење:

Ги следам профилите на X и евидентно е како со копче (од еу) српските бот профили се нафрлија на сите македонски профили, се разбира со цел да и помогнат на бугарија и да ја олеснат работата со уставните измени и нивни српски интереси кон еу.
Историското Српско Бугарско пријателство функционира добро, само нашите политичари уште го дупат сопствениот народ при здрав мозок.
Контролирана хистерија.
Се ова се вклопува со давање на алиби на нашите локални бугараши да замараат и се прават лажни патриоти од коминтерната до денес.
колку вакви сум ги видел на фб, тоа е чудо едно. Но, не е чудо, непрежалени сме.
Да им се нам**ам на сите соседи у чурулката.
 
Најсмешно е што муабетот со водата не беа никакви медиуми, туку беше класична македонштина - јас имам доверлив муабет од горе. До 1 веќе секоја фирма у градов имаше човек со информација која кружеше неформално.

Кого ќе тепаш, рандом човек што си е по природа таков, или идиотите што ја прифатија информацијата?

Проблемот тука произлегува од аспект на недоверба во институциите. Кога луѓето не веруваат повеќе во институциите доаѓа се почесто до вакви ситуации. А ова со водава гласиниве се шират низ Скопје веќе месец дена, јас првпат слушнав од докторка на државна која ми рече да си купувам вода да не пијам од чешма. Прашање на време беше пред да почне да се шири и по социјални мрежи.

Да имаше доверба во институциите и како функционира системот, ваквите гласини немаше да наоѓаат толку плодна почва за ширење. Секогаш ќе има луѓе кои живеат за драма кои ќе шират вакви гласини.
 
Најсмешно е што муабетот со водата не беа никакви медиуми, туку беше класична македонштина - јас имам доверлив муабет од горе. До 1 веќе секоја фирма у градов имаше човек со информација која кружеше неформално.
Ете Боро ти пиша, докторка некоја му пуштила муабет..
Расипан телефон си игра народот, додека не се удрат ваквиве по џеп ќе се тера вака..
Докторката барем да му кажела зошто, сите кажуваат не пијте ама не кажуваат зошто..
 
Проблемот тука произлегува од аспект на недоверба во институциите. Кога луѓето не веруваат повеќе во институциите доаѓа се почесто до вакви ситуации. А ова со водава гласиниве се шират низ Скопје веќе месец дена, јас првпат слушнав од докторка на државна која ми рече да си купувам вода да не пијам од чешма. Прашање на време беше пред да почне да се шири и по социјални мрежи.

Да имаше доверба во институциите и како функционира системот, ваквите гласини немаше да наоѓаат толку плодна почва за ширење. Секогаш ќе има луѓе кои живеат за драма кои ќе шират вакви гласини.
Кружат информации низ полицискиве кругови дека наводно скопскава вода била загадена. Ешерихија коли е најдена во скопската вода.

Еве ти хинт од каде почнала дезинформацијата за водата. Да се разбереме Мајло не е крив за ништо, само пренесува инфо. Внатрешен проблем е ова, ама многу опасен кој ако не се одстрани е потенцијален ризик за внатрешни саботажи и зголемување на сегашната недоверба во институциите.

Контра обавештајци наместо да си ја работат работата се занимаваат со:

„Од свиркачи дознаваме дека на 06.08 во 16:40 часот, Филипче со својот мотор е виден на граничниот премин Богородица, по што се упатил кај неговиот ментор Заев во Паљури, 6 дена на одмор.
Цитат од вмровски прес. Свиркачи бе, слон да им го свирне.
 
нема никакви бактерии во скопската вода, некоја будала на фб ширела дезинформации според Орце.
Јасно е дека нема, ама по дешавката во Гостивар некој очигледно сака да го искористи стравот на граѓаните за своја полза. Овој муабет не е почнат од рандом тетки на фејсбук некој им ја пуштил бувата знаејќи дека се паничарки со слаба мозочна активност во вид на логичко расмислување и ќе ја рашират кај можат.

Одлично е што Орце свика прес да смири ситуација и да објасни некои работи.
 
Проблемот тука произлегува од аспект на недоверба во институциите. Кога луѓето не веруваат повеќе во институциите доаѓа се почесто до вакви ситуации. А ова со водава гласиниве се шират низ Скопје веќе месец дена, јас првпат слушнав од докторка на државна која ми рече да си купувам вода да не пијам од чешма. Прашање на време беше пред да почне да се шири и по социјални мрежи.

Да имаше доверба во институциите и како функционира системот, ваквите гласини немаше да наоѓаат толку плодна почва за ширење. Секогаш ќе има луѓе кои живеат за драма кои ќе шират вакви гласини.
Гласините беа дека има луѓе на инфективно, и дека водата е затруена. Дури и да немаш доверба, ко што неам ни ја, колку глуп треба да си за да поверуваш на ваква информација? Дека 2 недели по скандалот во гостивар, некој решава дека истото ќе го направи во Скопје?
Автоматски споено мислење:

Ете Боро ти пиша, докторка некоја му пуштила муабет..
Расипан телефон си игра народот, додека не се удрат ваквиве по џеп ќе се тера вака..
Докторката барем да му кажела зошто, сите кажуваат не пијте ама не кажуваат зошто..
има 10 000 луѓе што вчера пуштија муабет - како што кажав од немање попаметна работа.
 
До сеа имам 100 вакви муабети чуено, буквално пред 2 недели имаше дека нафатата ќе биде 120. Едноставно глупи луѓе обожаваат инсајд инфо, а тука има многу глупи луѓе.
 
Сега најјако ќе биде ако не дај боже го фати стомак Орце од сосема друга причина, па тек тогаш ќе биде смешки и паника.

Инаку ова ни е доказ каков народ живее во Мкд наивни, лековерни, злобни, неинформирани, тупи, глупи, плашливи, не размислување со своја глава... едноставно "распуштено стадо".
 
До сеа имам 100 вакви муабети чуено, буквално пред 2 недели имаше дека нафатата ќе биде 120. Едноставно глупи луѓе обожаваат инсајд инфо, а тука има многу глупи луѓе.
Друже, не е само ова да е ова само ајде да те разберам.
Сите вакви муабети завешуваат со „ај бе некоја будала пуштила лажно инфо“

Затоа се бараше слобода на говор во времето на Груевски, за денес да се таргетираат глупите и да се дешава хаос по интернетот.

Либералните слуги пуштени на најако

Секогаш секое срање завршува со нив и тоа е.
 
Сега најјако ќе биде ако не дај боже го фати стомак Орце од сосема друга причина, па тек тогаш ќе биде смешки и паника.

Инаку ова ни е доказ каков народ живее во Мкд наивни, лековерни, злобни, неинформирани, тупи, глупи, плашливи, не размислување со своја глава... едноставно "распуштено стадо".
Со еден збор другар, тука живее народ што е прост.
 
Друже, не е само ова да е ова само ајде да те разберам.
Сите вакви муабети завешуваат со „ај бе некоја будала пуштила лажно инфо“

Затоа се бараше слобода на говор во времето на Груевски, за денес да се таргетираат глупите и да се дешава хаос по интернетот.

Либералните слуги пуштени на најако

Секогаш секое срање завршува со нив и тоа е.
Затоа што информација не кружеше по портали, туку по телефони и разговори меѓу нашите генијални граѓани.
 
Back
На врв Bottom