Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Па има и многу несакани деца што станале диктатори и масовни сериски убијци.
Lol, ovoj od ribnikar vo komsii sho ni e ko sho znam I majka mu I tatko mu go sakaa, kakva vrska ima toa, nema logika od napred da osudis koj kakov ke stane, bitno e da ima shansa za ovoj svet.
 
Ако тој жив организам е во телото на друг човек, оној во чие тело се наоѓа тој организам има право да го отстрани од своето тело, доколку не сака тој жив организам да биде таму.
Ако дома ти влезе натрапник имаш право да пукаш, tresspassing се вика.
Прво, не смееш да пукаш. Чисто информативно. Второ, и новороденчето не може да опстои само по себе, а не можеш да ги присилиш луѓето да го хранат и да му пружат елементарна нега, па да го оставиме да умре. Или да ги убиеме сите кои не се посакувани, сепак се наоѓаат во една држава која може да им се постави како мајка. Сѐ што не е продуктивно (можеш да поставиш каков сакаш критериум), на ѕид. Може? Така одлучи државата, а ти се наоѓаш во неа, повеќе не те сака.

Дома може да ти влезе и полиција, па и извршител, дали ќе пукаш и кон нив? Примерите не ти се баш паметни. :)
 
Фетусот не може да преживее без да се храни од телото на бремената жена, па ако не сака да го роди не би требало да ја присилуваме на тоа.
Ако телесната автономија не е важна и ја игнорираме, тоа треба да се примени и во други ситуации, на пример да ги присилуваме луѓето да донираат органи спротивно на нивната волја.
Ако забраниме абортус бидејќи жената имала однос, по таа логика треба да забраниме лекување на пушачи болни од рак на белите дробови бидејќи пушеле цигари, да се забрани да им се пружа помош на настрадани во сообраќајни несреќи бидејќи возеле и така натаму.
Фетус е етапа на развој, тоа е човечко суштество со независна ДНК од мајката и од таткото. Тоа е биолошката реалност, сакал верувал или не. Зборот фетус потекнува од латинскиот збор fētus, што значи потомство.

Ти ја игнорираш телесната автономија на тоа човечко суштество за сметка на мајката.

Абортусот треба да се забрани затоа што тоа е убиство на човек. Споредбата со пушачите не ти е адекватна, затоа што скоро во сите приватни здравствени осигурувања, плаќаш повеќе ако си пушач. И тоа е ок заради тоа што ќе користиш повеќе здравствени услуги.
 
Lol, ovoj od ribnikar vo komsii sho ni e ko sho znam I majka mu I tatko mu go sakaa, kakva vrska ima toa, nema logika od napred da osudis koj kakov ke stane, bitno e da ima shansa za ovoj svet.
Ако не можеш однапред да знаеш кој ќе стане убиец, не можеш однапред да знаеш ни кој ќе стане Стив Џобс. Двоен стандард имаш.
 
Фетус е етапа на развој, тоа е човечко суштество со независна ДНК од мајката и од таткото. Тоа е биолошката реалност, сакал верувал или не. Зборот фетус потекнува од латинскиот збор fētus, што значи потомство.

Ти ја игнорираш телесната автономија на тоа човечко суштество за сметка на мајката.

Абортусот треба да се забрани затоа што тоа е убиство на човек. Споредбата со пушачите не ти е адекватна, затоа што скоро во сите приватни здравствени осигурувања, плаќаш повеќе ако си пушач. И тоа е ок заради тоа што ќе користиш повеќе здравствени услуги.
Без разлика, правото на човекот да одлучува што ќе прави со своето тело (и доколку сака, да отстрани друг, несакан организам од него) треба да има предност пред правото на живот во телото на друг човек без негова согласност.
 
Автономија има мајката. Автономијата е способност за самостојно одлучување и функционирање. Фетусот нема телесна автономија зошто е 100% зависен од мајката.
 
Што побргу се укине абортус тоа боље. Сигурно пола младина у државава некој ја усисава на клиника. Па после прегорени од абортуси не можат деца да имаат па наоѓаат некои изговори.
 
Без разлика, правото на човекот да одлучува што ќе прави со своето тело (и доколку сака, да отстрани друг, несакан организам од него) треба да има предност пред правото на живот во телото на друг човек без негова согласност.
Каде е правото на човекот што е во фетална форма? Бебето има различна ДНК од мајката, тоа е факт.
Автономија има мајката. Автономијата е способност за самостојно одлучување и функционирање. Фетусот нема телесна автономија зошто е 100% зависен од мајката.
Не можеш да имаш автономија над нешто што нема иста ДНК како твојата. Ако сакаш да извадиш дроб, бубрег или кој било друг орган што е дел од твоето тело и е изграден со твоја ДНК, тоа е твој личен избор.

Не знам дали имаш деца или дали некогаш си видела снимка од сонограм, но таму јасно се гледа дека станува збор за посебно човечко суштество кое се развива, а не само за дел од телото на мајката.
 
Жената има автономија над сопствените органи, вклучително и матката во која што тој фетус расте и се развива. За да опстои тој фетус со сопствена ДНК интензивно ги користи ресурсите на мајката. Дури и кога е трансплантација на органи во прашање никој не смее со сила да натера некого да го донира својот орган.

Тоа што го гледаш на сонограмот е ембрион од околу 6-8 недели кој сеуште нема развиен мозочен кортекс и нема способност да чувствува болка. Значи тоа е само форма, не е свест.
 
Каде е правото на човекот што е во фетална форма? Бебето има различна ДНК од мајката, тоа е факт.
Не можеш да имаш автономија над нешто што нема иста ДНК како твојата.
Ако тоа нешто се наоѓа во твоето тело без твоја согласност, треба да имаш право да го отстраниш од таму.
 
Последно уредено:
Жената има автономија над сопствените органи, вклучително и матката во која што тој фетус расте и се развива. За да опстои тој фетус со сопствена ДНК интензивно ги користи ресурсите на мајката. Дури и кога е трансплантација на органи во прашање никој не смее со сила да натера некого да го донира својот орган.

Тоа што го гледаш на сонограмот е ембрион од околу 6-8 недели кој сеуште нема развиен мозочен кортекс и нема способност да чувствува болка. Значи тоа е само форма, не е свест.
Жената има автономија над сопствените органи, не над фетусот. А што ако фетусот е женско? Дали една жена има право да одлучува за животот и иднината на друга жена што е во различна етапа на развој?

Прашањето е едноставно: ако станува збор за човечко суштество во фаза на развој, дали тоа има човекови права или нема? Според твојата позиција, тоа човечко суштество нема никакви права сe до моментот на раѓање. Со други зборови, минувањето низ породилниот канал одеднаш и магично му доделува правен статус, права и законска заштита. Прашањето е: што суштински се променило кај тоа човечко суштество во тие неколку моменти за да премине од без права во носител на права?
Ако тоа нешто се наоѓа во твоето тело без твоја согласност, треба да имаш право да го отстраниш од таму.
Освен во еден случај (Марија со Исус), секоја бременост доаѓа после сексуален контакт на човек со XX и на човек со XY кромозоми. Ако се согласиш за сексуален контакт, се согласуваш дека од тој контакт може да дојде бременост. Не е ова нуклеарна физика, основна биологија е.

Единствена разлика е ако има силување или ако бременоста има лошо влијание врз мајката. Ама тие случаи се <1% од тоталниот број на абортуси.
Da ne ja promasivte temata.
Ne vi e tema za abortus ova, baska ima takva tema.
Во тема сме затоа што феминацистите форсираат убиство на потомство (абортус) како право.
 
Ако се согласиш за сексуален контакт, се согласуваш дека од тој контакт може да дојде бременост. Не е ова нуклеарна физика, основна биологија е.
Ако се согласиш да возиш, се согласуваш дека од тоа возење може да настане сообраќајка - помошта на настрадани во сообраќајки да се забрани!
Ако се согласиш да јадеш, се согласуваш дека од тоа јадење може да настане давење - да не се примаат луѓе со храна во душникот на болница!
Ако се согласиш да пушиш цигари, се согласуваш дека од тоа пушење цигари може да добиеш рак на белите дробови - да се забрани лекување од рак на бели дробови ако болниот бил пушач!
Ако се согласиш да пливаш, се согласуваш дека од тоа пливање може да дојде до давење - да се забрани присуство и интервенција на спасувачи во базени, езера, мориња и океани!
 
Приметиле ли сте дека Дарлинг и Рон су стфорени едн за друг.

И двоицата невини.
И двоицата како пичке бегаф од одговор кд ке ги стаиш у Хормуз.

Едит.
И двоицата за Дпмне, макар и Саркози да дојде место Мицкоуфски.
Хахахах
 
Последно уредено:
Ако се согласиш да возиш, се согласуваш дека од тоа возење може да настане сообраќајка - помошта на настрадани во сообраќајки да се забрани!
Ако се согласиш да јадеш, се согласуваш дека од тоа јадење може да настане давење - да не се примаат луѓе со храна во душникот на болница!
Ако се согласиш да пушиш цигари, се согласуваш дека од тоа пушење цигари може да добиеш рак на белите дробови - да се забрани лекување од рак на бели дробови ако болниот бил пушач!
Ако се согласиш да пливаш, се согласуваш дека од тоа пливање може да дојде до давење - да се забрани присуство и интервенција на спасувачи во базени, езера, мориња и океани!
Ако се согласиш да возиш, се согласуваш дека од тоа возење може да настане сообраќајка - ДА
Ако се согласиш да јадеш, се согласуваш дека од тоа јадење може да настане давење - ДА
Ако се согласиш да пушиш цигари, се согласуваш дека од тоа пушење цигари може да добиеш рак на белите дробови - ДА
Ако се согласиш да пливаш, се согласуваш дека од тоа пливање може да дојде до давење - ДА

Ако се согласиш да ебеш, се согласуваш дека од тоа ебење може да настане дете - ДА

Никој не ти забранува помош, само треба да ти забрануваат да го УБИЕШ тој живот.
 
Back
На врв Bottom