Да го поздравам Кано со муабетот од мај
Ретко промашувам. Се знаеше дека ќе биде срање аргентинецот, не дека многу работи зависеа од него. Клубот е поделен на фракции, нормално дека ќе ги игра играчите кои му се сигурни дека нема да го саботираат. Сите би ги избркал и би ја напуштил лигата, додека има време да се пријави екипа во општинска лига.
Ако се тргне тоа гоВно козарско, барем пред јавноста малку ќе обелиме образ и ќе се врати надежта меѓу навивачите дека нешто ќе се смени. Барем нема да ни е антипатичен клубот и многу луѓе ќе се вратат на трибина (повлекувањето не беше тади резултатите, ќе повторам уште еднаш). Додека уште има време да се спаси трибината од пропаст...
Нормално, сите опции кои ги планираат се тешко штабско срање и се' ќе биде исто, можеби и полошо. Затоа реков попрво Омер Буњаку би го ставил за главен.
Јохан ако го стават ќе биде епски бродолом (а он е главен фаворит), а единствена полоша опција е дечкото на Мицко (што не верувам дека ќе се случи, затоа што му дадоа топ место во владата). Вакво нешто ако се случи, ветувам дека ќе ги запалам сите десетици реквизити кои ги имам дома сред плоштад и не стапнувам на стадион никогаш во живот. Цел живот на државна цицка (и тоа во најплатената фирма), 0 денови работен стаж. Антипатичен створ уште од основно. Не знам еден што му е близок, да има позитивни зборови за него. Ради него се откажаа еден куп таленти во неговите генерации од Вардар (С.Ристовски имаше појаки врски едино и изгради кариера

). Татко му го форсираше партиски цело време. Да не беше така, може Jojo немаше да прави бургери сега, ќе беше штопер во Вардар
Овој хаос во клубот Господ не го решава. Имаш сакати фудбалери на долгогодишни договори. Играчите меѓусебе поделени на кланови, не си подаваат на терен. Едната група автоматски не можеш да ја играш. Кој е будала да ги плаќа со години, а да не ги игра? Не сме ние Реал да си дозволиме нешто такво.
Нема спас за нас, може само да се лажеме од време на време. А доволно е само пристоен буџет да имаме (не мора ни да сме шампиони), да остават маркетинг да работат дечките од Комити, да стават некои нормални бар малку непартиски ликови на функции барем пред јавноста (а позади ако сакаат милијарди нека перат), да работат бар малку професионално. Не дека бараме многу.
Тројца постари Комити ја водат академијата, ја средија топ со оглед на средствата и сопките од свињенко. Една минута не биле фудбалери, ама имаат бизнис план и љубов кон клубот и си цепаат со помош која си ја наоѓаат.