Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 13.117
- Поени од реакции
- 6.011
Кинезите доста заостануваа во поглед на моторите, 20-30 години купуваа авиони и мотори од Русите (кои пак заостануваат зад Западот во тој поглед) во обид да ги копираат и подобрат, и мислам дека веќе се стигнати до некое ниво на Русите, бидејќи и тие имаат стагнација последнава декада-две.Баш c919 е сосем кинески дизајн без помош однадвор, и моделиран е на супер-компјутер
Нивни обид, каков-таков.. бар оригинален дизајн.
c929 има руски корени, сепак е wide-body и голем залак за старт!
Уште како имаат научено од помалиот, и "укредено" за поголемиот
Е така се работи!
П.С. моторите и нив им се слаба точка, јбг.. ама они бар можат да купат западни..
Но ќе видеме како ќе се покажат, најдобар показател дека имаат успех во развојот е интернационалниот пазар. Засега ни најблиските сојузници/соработници не ни размислуваат да ги купат нивните авиони, но ќе видеме нареднава декада како ќе се покажат.
Со Су-57ката, Русите не знаат кај тераат, наводно во производство е 7-8 години, а имаат произведено 35 авиони (просечен годишен аутпут на ф-35 е 150 авиони), од кои дури годинава или лани почнаа да ги опремуваат со најновите мотори, што значи целосниот потенцијал на авионот како што е замислен е едноцифрена бројка на единици. Дури и тоа е знак прашалник.
Од Су-57ката очекував повеќе користење во војната, подлабоки напади заради стелт карактеристиките, но ништо од тоа, веројатноста е дека авионот е далеку од тоа што бил замислен.
Доволна поткрепа за ова што го зборувам е што деценискиот клиент на Русите - Индија комплетно ги откачи Русите во тој поглед. Самото тоа доволно зборува за состојбата на Русите на тоа поле.
До пред 3-4 години не ми се веруваше дека ќе го пишам ова, но ете, на тоа се сведоа.
Од МС-21 не очекувам многу, земајќи предвид историјата, особено со Сухои 100ката. Освен домашните купувачи, немаше некој успех надвор од земјата. Откажани нарачки, авиони во пензија после неколку години служба, проблеми со производство и слично. МС-21 не ни има интернационални купувачи. Претпоставувам, ако Русија ја заврши војната со олеснување на санкциите во договорот, дека Руските авио-компании ќе ги заменат нарачките со Ербаси. Жално, но тоа е реалноста. Ќе кажи времето.






