Кај нас жената нема поткрепа од мажот камоли од некој друг.
Сегде во светот е нормално обврските да се делат, само кај нас жената треба се на грб да носи од домашни обврски и околу дете, секоја чест на исклучоци.
Како ќе ја убедиш ти една жена да роди второ дете, па и трето кога за првото едвај здив зела додека порасни тоа дете. Мислам не се лутете вие мажите ама многу сте себични, откако жената ќе се породи таа се менува 360 степени, на мажот животот генерално не е променет воопшто, најголемиот товар околу детето е на мајката.
Мислам дека и затоа многу жени кај нас не се осмелуваат да раѓаат повеќе деца, едноставно не се заштитени како што треба.
Во Шведска кога живеев другарка ми пресно породена оди на доктор систематски преглед за детето, и докторката и вика не ми изгледаш добро, оваа му вели не сум спана, стани едното, разбуди го другото бебе, и оваа му вели а сопругот кај е во случајот, и оваа мојата крева раменици, му напиша на ливче дека треба обврските да се делат, џабе, три деца роди трите деца скоро и сама да ги одгледа.
Не викам дека нема свесни мажи ама во глобала кај нас се такви
Породилното трае прекратко, од 9 месеци па тоа бебе уште е на ексклузивно доење бре, не знае да заспие без града, овде само мајките ќе ме разберат.
Јас година дена сум породена, сега планирам да почнувам на работа и полека да се враќам во нормала, уште не знам како ќе го одвикнам од мене, коски ми се тресат, камоли на 8/9 месеци се и некои порано почнуваат на работа за да избегнат отказ, тешко на тие жени искрено, не сакам ни да замислам како им било да се одвојат од толку мали бебиња.