- Член од
- 14 август 2018
- Мислења
- 7.122
- Поени од реакции
- 16.640
Не би требало да е некоја "специјална" кримп-клешта...Јас сам го дијагностицирав. Не е тоа нуклеарна физика. Глеаш дека е врзуван со стега. А башка што овој конектор е од вентилаторот на колата, па поради тоа што вентилаторот не се уклучува очигледно е дека проблемот е џеков. Од едната страна е машки што иде од вентилаторот, а од другата страна женски, што излегува од инсталацијата, и баш тој дел е неисправен, една жица не е влезена до крај, оти џекот е распукан и лепен со изолир и стеган со стега.
Ова не е правено по моја наредба или пред мои очи.
Еве види како изгледа без изолир и пластична стега.
Од причина што ваков обичен пластичен конектор (папучник) се расипал, сакам да ставам подобар 2Deutsch 2P, ама има некоја специјална кримп клешта за нив, па пола автоелектричари ја немаат и не се нафаќаат да сменат.
Прегледај го приврзокот 484267
Прегледај го приврзокот 484268
Не ти сугерирам тебе DIY, да не ме сфатиш погрешно... ама ја да бев ќе ги залемев жиците (или пиновите) и тоа обилно ќе ги налиев, и со божур што се топи прво, па со изолирбан ќе го изолирав спојот.

