Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Реално од сите 6 југословенски прототипа, црногорци се најок, најкул од сите. Со никого не се у фрка, не сањаат за голема Црна Гора. Си живеат мирно, среќно. Лабави, смирени.
Бр. 1 народ.

По менталитет црногорците се најблизу до Албанците. Само имињата, религијата и јазикот што им е различен. Друго ништо.
Крвната освета им е раширена бетер од Албанците ....
две до три децении на бивша југа и требаше да некако го ублажи тој проблем.... и таму и во Косово и Метохија
сакаат да поседуваат оружје исто како и албанците

А колку се кул осеќаат туристите кога за викенд ќе се симнат од планините по туристичките места.
А голема Црна Гора веќе ја имаат .... сега е дупло поголема од кнежеството што им беше.
 
СФРЈ постоеше (ФНРЈ и после) 1943-1991, некои 47 години, а РМ постои 1991-2026 значи 35 години. Разликата е скромни 12 години. стартната позиција на Југа била ништовна, разорена, со скоро милион мртви, 1,5 милиони ранети и осакатени. Инфраструктура крајно ограничена и оштетена а надворешнополитичката состоба неповолна, дури на работ на војна 1948. И во тие услови за 47 години се случиле драматични подобрувања по секоја метрика.
Неодамна прочитав дека пост Ју на подрачјето на 6-те нови држави не бил изграден ниту еден аеродром за овие 35 години, последен бил Порторож во 1990.
Извесни подобрувања има и во пост Ју ерата но во кој контекст? Во контекст на далеку подобра стартна позиција 1991 отколку 1943-44 барем за РМ, независност без борба и србска, блгарска или грчка инвазија. Во 2038 ќе стигнеме до тие 47 години и ќе можеме да повлечеме паралела. Не верувам дека ќе биде во корист на РМ земено историските контексти на обата случаи. Ако ништо друго автопатот Охрид-Кичево ќе биде 99% готов до тогаш.
 
Она што во СР Македонија е постигнато до 1990/91-ва, е изведено во рамките од втората Југославија, што значи и со помош од Федерацијата.

Неспособноста за одржување самостојна држава е појќе од очигледна и нечесно е да споредуваме што е постигнато во СРМ а што во РМ.

Патиштата и пругите градени во РМ и нивното епски долго градење, се само дел и сами по себе показатели дека не не‘ бива, особено не со вакви државни и локални раководства.
 
СФРЈ постоеше (ФНРЈ и после) 1943-1991, некои 47 години, а РМ постои 1991-2026 значи 35 години. Разликата е скромни 12 години. стартната позиција на Југа била ништовна, разорена, со скоро милион мртви, 1,5 милиони ранети и осакатени. Инфраструктура крајно ограничена и оштетена а надворешнополитичката состоба неповолна, дури на работ на војна 1948. И во тие услови за 47 години се случиле драматични подобрувања по секоја метрика.
Неодамна прочитав дека пост Ју на подрачјето на 6-те нови држави не бил изграден ниту еден аеродром за овие 35 години, последен бил Порторож во 1990.
Извесни подобрувања има и во пост Ју ерата но во кој контекст? Во контекст на далеку подобра стартна позиција 1991 отколку 1943-44 барем за РМ, независност без борба и србска, блгарска или грчка инвазија. Во 2038 ќе стигнеме до тие 47 години и ќе можеме да повлечеме паралела. Не верувам дека ќе биде во корист на РМ земено историските контексти на обата случаи. Ако ништо друго автопатот Охрид-Кичево ќе биде 99% готов до тогаш.
околу аеродромите, се чека пилотите од Арачинове да завршат и веднага се почиње сос нови аеродорми!
еве овде се гледаат подготовките,

Постојано се тресат глупости, еден ќе почне и сите по него...
Македонија е држава од 1944 година, тоа што е членка во ЈУ федерацијата не значи дека не била држава напротив членки на федерација се субјекти кои имаат право на самоопределување/отцепување а тоа се субјекти кои се држави.
 
ехх, пони велосипед да имаше сега оригинал!
 
Пони точак најчесто беше поклон за завршено 4 одделение основно

А почетоцоте на „велосипедизмот“ на беа на едни сегментни трицикли кои се преуредуваа во бицкл и беа со полни гуми од тврда гума
Слика од тој модел не најдов (имаше само слики од некои бебешки модели)не најдов само тоа подоле од ВП

Карактеристики на југо-трициклите
    • Издржливост: Цврста челична конструкција која траеше со децении.
    • Дизајн: Метални тркала со гумени облоги, едноставно пластично или метално седиште и волан инспириран од тогашниот стил.
    • Значајност: Прва „машина“ и лекција за мобилност на децата пред да преминат на култниот велосипед „Пони
 
Последно уредено:
Еве јас како родена Југословенка, бидејќи на изводот од родените ми пишуваше држава СФРЈ, град Титов Велес, да си кажам што ми недостига, детството! пред се безгрижното преубавото, бајковитото детство кога на улица сите деца растевме заедно играјќи си по цел ден, на улица и јадевме, сите под исто сонце, си одевме на гости, кај да се фатиш секоја квака од дворче се отвараше, секоја капија се отвараше и внатре те пречекуваа насмеани и гостопримливи луѓе,
Ете тоа. Минеа комшии па ќе ме прашаат, има ли уште од ракијата на дедо ти? Музика гласна растрештено Бјело Дугме и Балашевиќ а ние во двор пука сонце си играме, прекрасно, слобода невидена. Ете тоа...
Јас не сум Југословенка, па го имав истото тоа детство.
 
СФРЈ постоеше (ФНРЈ и после) 1943-1991, некои 47 години, а РМ постои 1991-2026 значи 35 години. Разликата е скромни 12 години. стартната позиција на Југа била ништовна, разорена, со скоро милион мртви, 1,5 милиони ранети и осакатени. Инфраструктура крајно ограничена и оштетена а надворешнополитичката состоба неповолна, дури на работ на војна 1948. И во тие услови за 47 години се случиле драматични подобрувања по секоја метрика.
Неодамна прочитав дека пост Ју на подрачјето на 6-те нови држави не бил изграден ниту еден аеродром за овие 35 години, последен бил Порторож во 1990.
Извесни подобрувања има и во пост Ју ерата но во кој контекст? Во контекст на далеку подобра стартна позиција 1991 отколку 1943-44 барем за РМ, независност без борба и србска, блгарска или грчка инвазија. Во 2038 ќе стигнеме до тие 47 години и ќе можеме да повлечеме паралела. Не верувам дека ќе биде во корист на РМ земено историските контексти на обата случаи. Ако ништо друго автопатот Охрид-Кичево ќе биде 99% готов до тогаш.

Koja cel ima vakva sporedba?

Ako sporeduvas, sporeduvaj vo istoriski kontekst. Sporeduvaj so drzavi od isto vreme a ne vo sosema drugo vreme, drug istoriski kontekst pa i ednostavno Jugoslavija so Makedonija.

Isto taka, ako sporeduvas, zemi i drugi raboti vo predvid, politicko ureduvanje, licni slobodi, represii od drzavata. Kolku nevini zrtvi ima Jugoslavija na primer preku Goli Otok na dusa zemeno a kolku R. Makedonija? Ne bila Jugoslavija raj za site lugje, za mnogu mozebi da, zavisi od licniot kontekst i predhodnata situacija.

I bi stavil znak prasalnik kolku podobra bila startnata pozicija na R. Makedonija sporedeno so taa na Jugoslavija. vo nekoi podobro vo nekoi i poloso. Politicki startnata pozicija na R. Makedonija bese mozne losa. Ostatok na raspadnata drzava so koja nikoj ne znae sto da pravi, pocnuvakji od nas. Za razlika Jugoslavija bese pobednik vo WW2 so dobri voeni kapaciteti strateski mnogu znacajna.
 
Јас не сум Југословенка, па го имав истото тоа детство.
Изгледа за малку си ја промашила Југославија, па си растела во стил кој сеуште бил како тој пред растурањето. До кај 2000 година, ништо позначајно не се смени во начинот на живот на обичниот македонец, дури после 2004-5 почнаа да биваат очигледни разликите, кој што правел во тие 10-15 години.
 
Да, ама детството го прават луѓето, семејството, пријателите, безгрижноста и атмосферата во која растеш.
 
Така де. И ден денеска во Св.Николе можеш да пуштиш дете да си игра на улица, да излезе навечер, без да му ја мислиш. Комотно маалото ти го пази детето. Проблем е што веќе снема деца, па бабите надгледувачи седат без работа :)
 
Денес има еден куп жени со над шеесет години кои се уште чекаат да станат баби .... на младите никако не им текнува да им ја доделат таа титула...
 
Да, ама детството го прават луѓето, семејството, пријателите, безгрижноста и атмосферата во која растеш.

Да, ама....човек на детска возраст не повеќе од 11-12г., нема поширока свест(ност) за светот во кој живее (политика, економија, иделогија, религија, држава, општество, институции, свет...) па затоа токму неговото детство е она „најдоброто„ кое на човек може да му се случи, небитно во која и каква држава живее претпоставениов човек на негова детска возраст...

Философскиот поим „примарна слика„ точно ја опишува таа состојба на „најдобриот свет„.
 
Да, затоа на нашите најубав им е животот во Југославија, а ние не можеме да сфатиме зошто имаат сјај во очите кога зборат како се шетале секаде со ју пасошот, си купувале фармерки и слични глупи муабети. Младоста и детството под дифолт треба да бидат убави и заштитени од тежината на светот.
 
Кога ќе начукаш извесен број години во газот можеби ќе сфатиш дека не биле глупи муабети а младоста и детството "под дифолт" не се за жал секогаш "фенси" и не се случуваат под стаклено звоно одвоени од времето и државата.
 
Back
На врв Bottom