Фан клуб: Работнички

  • Креатор на темата Креатор на темата Buci
  • Време на започнување Време на започнување
Искрено, иако аматерски документарец, сепак многу лошо направено. Му се тресе раката на тој што снима со телефон, звукот ужасен, ставиле некои бубици ама џабе, да му ебам мајката, штом почнуваш вакво нешто да правиш, со 50 евра од Тему обезбеди едни асални бубици и еден држач за телефон да се снима како што треба. Во први 10 секунди од видеото одма прашање и одговор, никаква најава, нешто да се каже поопширно за документарецот, од колку делови ќе биде, малку да се види дека е вложено труд и работа. Давор што го правеше серијалот за МЗТ е милион пати подобар, иако и тоа е аматерска продукција сепак не се споредува со ова.
Земи погледни сега 3 епизоди се извадени, со неспоредлива подобра монтажа, првите две "многу лошо направени епизоди" се без буџет со домашна опрема и никакво претходно искуство во светот на документарците, серијалите... Како год да е треба да се пружи ПОДРШКА... ама најлесно е да се плукне од тоа полесно нема..
Линк од епизодата со Христо Ѓорѓевски.
подолу можете да ги најдете и епизодите со Александар Књазев и Митко Луковски.. Следнава недела епизода со Марко Ивановиќ а ќе има и бонус епизоди со Светислав Кари Пешиќ Владе Ѓуровиќ итн..
 
Јас не плукав по тоа што сте направиле, туку дадов критика мое мислење, и го споредив со документарецот на МЗТ. Продолжете со добрата работа и среќно.
 
Што се случува во КК Работнички?

Нели беа оптимистични најави по доаѓањето на новото раководство, а за сега само пет играчи имаме во тимот!!!
Screenshot_20260808_091335_com_android_chrome_ChromeTabbedActivity.jpgScreenshot_20260808_091346_com_android_chrome_ChromeTabbedActivity.jpg
 
Што се случува во КК Работнички?

Нели беа оптимистични најави по доаѓањето на новото раководство, а за сега само пет играчи имаме во тимот!!!
Прегледај го приврзокот 484413Прегледај го приврзокот 484414
Покрај Робев, Петровски и Викса кој потпишаа нови договори, и Говенс и Реџа кој се нови засилувања, во клубот остануваат Рикиќ и Наков.
Аце и Грушановиќ се веројатно аут...
Се очекуваат засилувања на позиција 1 и 4.
 
Во моментов ова е некомплетниот состав на Работнички, со 9 од 12 играчи колку се потребни да се пријават во првата лига:

Screenshot_20260824_071456_com_android_chrome_CustomTabActivity.jpg

Од прва се гледа дека имаме и повеќе од доволен број на плејмејкер и бек шутер (1 и 2 позиција), а од друга страна имаме само двајца на крилен центар и центар (4 и 5 позиција), а тоа се Рикиќ као центар и Брунчевик као крилен центар, ама со своите 206 сантиметри во Македонија може да игра и како класичен центар.

Значи би требало барем уште по еден крилен и класичен центар да се донесе.

Со ова кратење на само тројица странци, составот ми делува слабо, барем за тие први три позиции.

Плус што голем број млади македонски играчи кои играа минатата сезона во прва лига, полудеа по колеџ (НЦАА) кошарка и ќе имаме повеќе од 8 играчи во оваа сезона!

Што е одлично за нивниот индивидуален развој и после во сениорската конкуренција, ама остави голема дупка и тоа баш сега кога се намали дозволен број на странци.
 
Во моментов ова е некомплетниот состав на Работнички, со 9 од 12 играчи колку се потребни да се пријават во првата лига:

Прегледај го приврзокот 485674

Од прва се гледа дека имаме и повеќе од доволен број на плејмејкер и бек шутер (1 и 2 позиција), а од друга страна имаме само двајца на крилен центар и центар (4 и 5 позиција), а тоа се Рикиќ као центар и Брунчевик као крилен центар, ама со своите 206 сантиметри во Македонија може да игра и како класичен центар.

Значи би требало барем уште по еден крилен и класичен центар да се донесе.

Со ова кратење на само тројица странци, составот ми делува слабо, барем за тие први три позиции.

Плус што голем број млади македонски играчи кои играа минатата сезона во прва лига, полудеа по колеџ (НЦАА) кошарка и ќе имаме повеќе од 8 играчи во оваа сезона!

Што е одлично за нивниот индивидуален развој и после во сениорската конкуренција, ама остави голема дупка и тоа баш сега кога се намали дозволен број на странци.
Максим Трајковиќ кој беше член на првата екипа во ланската сезона е 10ти играч висок е 202 и игра како крилен центар, додека младинскиот репрезентативец до 20 години Атанасиј Трајанов(крило висок 2 метри) тренира со екипата и веројатно ќе стане нов играч на клубот, во тој случај за 12 место ќе се борат повеќе млади играчи и веројатно ќе има честа ротација.
 
Стигна потврда од кош.мк, за Атанасиј Трајанов:

Што се случува со странците дали има некој инфо? Бидејќи земавме четврти странец дали тоа значи дека Рикич ќе игра како домашен играч или пак Брунчевич напушта дека нели некоја повреда имаше нешто.
 
Овој последниот странец што го донесоа има слични предиспозиции као Брунчевиќ, а само тројца можат да бидат регистрирани, плус Брунчевиќ се повреди, така да мислам дека и тоа допринесе да го земат Американецот на местото на Брунчевиќ.
 
И Дамјан Робев го нема на официјалната фото сесија што денеска ја направија од клубот:
1791041402681.jpg1791041394715.jpg
Автоматски споено мислење:

Ги препознавам овде добро познатите лица, Рикиќ, Николов, Ефремовски, Наков, Трајанов, Реџа, Станковски, Говенс и овој Американецот што вчера дојде.

Би замолил кој е запознат, да ги идентификуваат и играчите на сликата, со број: 4, 77, 14 и 24.

Благодарам.
 
Последно уредено:
И Дамјан Робев го нема на официјалната фото сесија што денеска ја направија од клубот:
Прегледај го приврзокот 488477Прегледај го приврзокот 488478

Тука е Робев, не беше присутен на денот за медиуми поради смртен случај.
Максим Трајковиќ, Марко Димовски, Виктор Бојаџи и Петар Балабанов.
 
И Дамјан Робев го нема на официјалната фото сесија што денеска ја направија од клубот:
Прегледај го приврзокот 488477Прегледај го приврзокот 488478
Автоматски споено мислење:

Ги препознавам овде добро познатите лица, Рикиќ, Николов, Ефремовски, Наков, Трајанов, Реџа, Станковски, Говенс и овој Американецот што вчера дојде.

Би замолил кој е запознат, да ги идентификуваат и играчите на сликата, со број: 4, 77, 14 и 24.

Благодарам.
На овој состав, според мене, му недостига уште еден квалитетен играч под кош доколку амбициите се титулата. Мене веќе неколку сезони ми фаќа око Глигоријевиќ од Тиквеш. Не знам колку е клубот финансиски моќен во моментов и колку е реално неговото ангажирање, но доколку се направат напори да се донесе, мислам дека би добиле токму тоа што му недостига.
 
Не ми е јасно зошто го донесовме Елингсворт ако засега не добива посериозна минутажа. Која беше причината да си замине Брунчевиќ и зошто токму Елингсворт беше избран како негова замена, наместо да донесеме поискусен и поквалитетен играч? Исто така, дали планираме дополнително да го засилиме ростерот во текот на сезоната? Ако сакаме да се бориме за највисок пласман, мислам дека ни треба уште еден квалитетен играч во ротацијата.
 
Можеби сеуште се адаптира,или спор да прикажаното е труп? Немам гледано сезонава натпревар, затоа те прашувам.
 
Back
На врв Bottom