Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 50: @Darling - Неверството да биде криминално дело)

Во 21 век зборуваме за демократски институции, а не за цареви, кралеви и императори. Одамна е завршено нивното време.
Демократијата е релативно нова работа и ќе видиме колку ќе трае. Империите траеја стотици години. Да имаа избори на 4 години секакви ликови ќе се наредеа на власт и се ќе отидеше во Хондурас многу брзо.
 
Тоа што нешто опстанало стотици години не значи дека е најдобро решение. Во 21 век не се бара император, туку функционални институции. Император владеел затоа што бил император, а денешен премиер или претседател владее затоа што добил мандат од граѓаните и одговара пред Уставот, законите и институциите. Ако е неспособен се менува на избори, aко имаш неспособен император или диктатор кој ќе го смени?
 
„Dictatorship naturally arises out of democracy, and the most aggravated form of tyranny and slavery out of the most extreme liberty“

Слабо сте ја читале античката аристократија

Ама нееее Америка и Британија биле демократии според @Harry the dog

Америка и Британија ќе исчезнат и нема да постојат за 100 год од сега како тргнало
 
Во Кина нема избори па види каков напредок имаат за 20-30 години,кај нас скоро никаква разлика нема меѓу партиите,а има секои 2-3 години избори.
 
Ако Кина е доказ дека авторитарниот систем е подобар, тогаш Данска, Норвешка, Швајцарија, Финска, Шведска, Холандија, Германија, Јапонија, Јужна Кореја се доказ дека демократијата функционира одлично. Шо не ја спомнеш Северна Кореја и Белорусија од другата страна? Не можеш да земеш само еден пример што ти одговара
 
...меѓу важните сегменти може и основен како база е Образованието
Се слагам, апсолутно си во право.

„Dictatorship naturally arises out of democracy, and the most aggravated form of tyranny and slavery out of the most extreme liberty“
Слабо сте ја читале античката аристократија
Платон овде не пишува против модерна форма на демократија која постои денес, туку против атинска непосредна демократија (поради страв дека сиромашните како гласачко мнозинство ќе донесат хаос). Убав цитат, али нема везе со оваа демократија ние што ја збориме.

Ама нееее Америка и Британија биле демократии според @Harry the dog
Америка и Британија ќе исчезнат и нема да постојат за 100 год од сега како тргнало
Еве ако не се демократии, ти како би ги опишал? Често има реторика дека се пред распаѓање, во криза се, само што не паднале. Двете си имаат проблеми, али реалноста е дека САД има без прекин континуитет од 250 години стабилно владеење, додека Англија како кралство постои повеќе од 1000 години (први демократски норми и се од 1200 и некоја, од Магна Карта, дел од нив важат до ден денес). Без прекин.

Најди ми една диктатура што постои денес со повеќе од 100 години континуитет (да не се распаднала ради војни, кризи, или што и да е). Таков систем нема да најдеш, пошто не постои.
 
Ако Кина е доказ дека авторитарниот систем е подобар, тогаш Данска, Норвешка, Швајцарија, Финска, Шведска, Холандија, Германија, Јапонија, Јужна Кореја се доказ дека демократијата функционира одлично. Шо не ја спомнеш Северна Кореја и Белорусија од другата страна? Не можеш да земеш само еден пример што ти одговара
Ја промаши поентата скроз,не е до "системот"...авторитарна власт,диктатура,демократија,се ти е џабе ако кадарот е неспособен и корумпиран.
 
Па и ти правиш Cherrypicking. Кина пред се, па и Виетнам, ти се пример дека можеш забрзано да одиш напред живеејќи во т.н. диктатура. Еве и таму не смеат да мрчат на форуми, но Кина ги претрча сите за неколку децении. Виетнам, комплетно разорен во војна и потоа во комунистичка диктатура и сиромаштија, се развива со брзина на светлината во споредба со нас. Сингапур беше близок со западот па викаат дека таму никогаш немало диктатура туку „хибриден режим“.

Знаеш кога ќе се развиеше Кина да имаше фер и демократски избори секои 4 години? Никогаш, ќе беа слуги на западот, ќе им менуваа влади како што сакаат и ќе ги ограбеа.

Што не спомнеш ти едно стотина други држави како нашава во кои постои демократија веќе долго време а се дават во корупција, долгови и сиромаштија?

Да западот воспостави демократија и ги проживеа најдобрите децении од нивното постоење, и види што им се случува сега, запоседнати се од левичарски фанатици, им се случува масовна миграција и не можат со прст да мрднат. Кого и да изберат истото им се случува. До кога мислиш ќе тераат вака?
 
Ја промаши поентата скроз,не е до "системот"...авторитарна власт,диктатура,демократија,се ти е џабе ако кадарот е неспособен и корумпиран.
Добро, тогаш зошто воопшто ја спомна Кина како аргумент за авторитарен систем, ако сега велиш дека не е до системот?
Автоматски споено мислење:

Па и ти правиш Cherrypicking. Кина пред се, па и Виетнам, ти се пример дека можеш забрзано да одиш напред живеејќи во т.н. диктатура. Еве и таму не смеат да мрчат на форуми, но Кина ги претрча сите за неколку децении. Виетнам, комплетно разорен во војна и потоа во комунистичка диктатура и сиромаштија, се развива со брзина на светлината во споредба со нас. Сингапур беше близок со западот па викаат дека таму никогаш немало диктатура туку „хибриден режим“.
Три примери не прават правило. И јас можам да наведам десет успешни демократии. Прашањето не е кои држави се успешни, туку дали успехот е последица на системот или на многу други фактори.
Знаеш кога ќе се развиеше Кина да имаше фер и демократски избори секои 4 години? Никогаш, ќе беа слуги на западот, ќе им менуваа влади како што сакаат и ќе ги ограбеа.
Ќе беше не е аргумент, туку претпоставка што не може ниту да се докаже ниту да се побие.
Што не спомнеш ти едно стотина други држави како нашава во кои постои демократија веќе долго време а се дават во корупција, долгови и сиромаштија?
Можам, исто како што ти можеш да спомнеш стотина авторитарни држави што се сиромашни. Тоа не докажува дека демократијата е лоша, ниту дека авторитаризмот е добар. И во двата системи има успешни и неуспешни држави.

Да западот воспостави демократија и ги проживеа најдобрите децении од нивното постоење, и види што им се случува сега, запоседнати се од левичарски фанатици, им се случува масовна миграција и не можат со прст да мрднат. Кого и да изберат истото и се случува. До кога мислиш ќе тераат вака?
Западот не западнал во проблеми затоа што има демократија. Истата таа демократија беше присутна и кога ги живееше најуспешните децении. Ако тврдиш дека денешните проблеми се последица на демократијата, тогаш треба да објасниш зошто истата демократија претходно создаде најсилни економии во светот.
 
Добро, тогаш зошто воопшто ја спомна Кина како аргумент за авторитарен систем, ако сега велиш дека не е до системот?
Зошто ? Па види како живеат луѓето денес во Кина,каква инфраструктура имаат,посебно во споредба од пред 30 години и ќе си одговориш сам зошто
 
Никој не спори дека Кина напредувала. Те прашав како докажуваш дека токму авторитарниот систем е причината за тој напредок, а не економските реформи, инвестициите, индустриската политика и другите фактори?
 
А кој ги донесол тие економски реформи,индустриска политика и другите фактори ?? Таа иста авторитарна власт,очигледно со огромен успех
 
Tоа шо реформите ги донела авторитарна власт не значи дека авторитаризмот е причината за нивниот успех. По таа логика, секоја успешна реформа во демократска држава би била доказ дека демократијата е најдобар систем.
 
Ако Кина е доказ дека авторитарниот систем е подобар, тогаш Данска, Норвешка, Швајцарија, Финска, Шведска, Холандија, Германија, Јапонија, Јужна Кореја се доказ дека демократијата функционира одлично. Шо не ја спомнеш Северна Кореја и Белорусија од другата страна? Не можеш да земеш само еден пример што ти одговара
Данска, Холандија, Шведска, Норвешка и Јапан се монархии, кои до пред 50-100 години биле колонијални сили, со авторитарни системи!
Очигледно авторитаризмот од претходно довел да таму животниот стандард е значително висок, да има стандарди, судство, полиции.. па на крај и менталитет за успешна демократија!
Норвешка е европскиот дубаи/абу даби, лежи на нафта и гас..
Швајцарија ти е перална и сеф на пари отсекогаш...

И уствари што ти беше поентата?!
 
Tоа шо реформите ги донела авторитарна власт не значи дека авторитаризмот е причината за нивниот успех. По таа логика, секоја успешна реформа во демократска држава би била доказ дека демократијата е најдобар систем.
Малку заглави во кал сега ама добро :D

Секој систем си има слабости. Западните демократии постигнаа невиден економски прогрес после втората светска војна. Денес, не можат да се одбранат од наезда мигранти кои немаат никаква намера да се асимилираат или да бидат продуктивни. И сите пари на светот не можат да ги одбранат од ова, затоа што мигрантите ги користат токму слабостите на демократијата и корумпираноста на системот.

Тоа зошто не се случувало и порано а се случува сега има две букви, и се вика ЕУ, ама тоа е друга приказна.

Во меѓувреме, земји кои немаат „независни институции“ туку диктатури и хибридни режими, ги немаат овие маки. Си градат патишта, железници, брзи возови, болници, привлекуваат инвеститори, платите им растат... јебига сега, не можат да се фалат со слобода на изразување ама и не мораат да вадат туѓи пасоши за бегство од дома.
 
Back
На врв Bottom