Бијонс ќе пукне од мака, до крајот на годината, онака директ од улица, ќе се вработат 300 специјализанти.
... јас напишав совет како да постапат приватните специјализанти кои се со Договор на дело, да не бидат изиграни, ти ми наметнуваш дека ,,ќе пукнам од мака", зашто би, не ми е јасно, не се умилкува на ,,кремчето" на таков начин.
не е хумано некој, долг временски период, да се држи на договор на дело.
... а хуманоста што врска има со Договор на дело каде се ангажира личноста според законски договор меѓу двете страни, како правник ги спроведуваш законите или гледаш хуманост?
Имаш лица со идентичен образовен профил, слично работно искуство, а притоа имаат различен третман и различна плата! И тоа под државна капа, не приватна.
...па нормално и законски е така, кога едните се вработени, а другите не се вработени!
... под државна капа не се приватните специјализанти тие се со Договор на дело ангажирани денес важи договорот утре не важи, државниот вработен специјализант не може да си замине на друго место и по специјализација, а приватниот специјализант оди каде сака нема обврска према болницата зошто не е вработено лице туку со Договор на дело АНГАЖИРАНО!!
... но држи вода ова опција - ,,со идентичен образовен профил исто работно место вработени под државна капа, а различна плата" така да доктор специјалист од било која специјалност од ОБ ,,8ми Септември" Скопје, зема побајаги поголема плата од ист колега специјалист од иста специјалност и стаж од ОБ Струмица.
Колку што знам, земаат и финсен надоместок, независно од работата во смени, работата во недела и правник (ако ја има) и ноќната работа. Ова е класично криење на работен однос, нешто што драконски ќе се казни во приватниот сектор, ако се падне во радарот и рефлекторите на трудовите инспектори.
...не знаеш баш добро,
ако мислиш за приватни специјализанти дека земаат ,,финасиски надоместок, ноќна работа итн" не земаат по законски пат и не важи за сите, само за ВИП личности и тоа колега кој е вработен по директива на заштитникот на ВИП приватен специјализант, си допишува фиктивно дополнителни часови на работа на пример во месецот 130 ч и тие пари, кога ќе подигне плата вработениот колега му ги дава на рака на ВИП специјализантот кој е со Договор на дело, па наместо само 26 000 ден ќе зема 70 000 ден вкупно тој месец,
...јавна тајна, контроли имаше сега кога С.Клековски беше Директор на ФЗОМ, законски, неделно може вработен да има САМО 8 ч дополнителна работа, а годишно мислам беше 190 ч, све друго над ако има потреба треба да образложи написмено Директорот на клиника до ФЗОМ да ги запознае и да добие ,,одобрение" за оправданоста на тие дополнителни часови, а ваму само во еден месец 130 ч.
Во склоп на тие институции, сестрите и болничарите земаат повеќе од 26.000 денари, хаус мајсторот (или по ново домаќинот или домаќин-економот) зема повеќе, па дури и чистачките, сите овие имаат далеку помал ризик во однос на докторот. Зошто продуктивност труд да не се вреднува, независно дали се државни или приватни специјализанти?
...тие земаат повеќе од 26 000 ден затоа што се вработени лица на таа здравствена институција и плата им се пресметува според бодовите на образовниот профил одреден со систематизација множено со вредноста на коефициентот со дополнителен износ за стаж ако има, додека СИТЕ ангажирани со Договор на дело земаат ангажман фиксен финасиски износ од 26 000 ден (тоа не е плата зошто не се вработени лица) било да се хигиеничари, медицински сестри, доктори, економисти, болничари СИТЕ 26 000 ден таков е Договорот на дело, беше претходно 18 000 ден, па 21 000 ден, па сега 26 000 ден.
...еве убаво ти објаснив, се надевам дека ќе разбереш!