Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
...од улица може да влезе во клиника и да работи некоја личност, тоа не значи дека има исти права како редовните вработени?? смешно ми е како размислувате, до толку да не сте запознати со законите?

... Договор на дело е ,,измислено" како советник или да се искористи искуство, знаење и пракса на некоја личност која во моментот не може да се вработи или има друга работа или е пензионер, а не да се ангажира со Договор на дело анонимуси во проблематиката или пилци излезени тукушто од факс и да се вратат како мува без глава и да добијат финасиски износ (тоа не е ,,плата" не важи за него терминологија од Закон за работни односи ,,плата,, стаж,, годишен одмор, К15, здравствено и пензиско осигурување).

...Договор за дело и начинот на такво ангажирање е ист било во здравство било во која друга сфера и тоа се искористува како предност при вработување доколку особата не е вработена и ништо повеќе.

...е сега политички се злоупотребува склучувањето на такви договорци, една група од партиски членови се во работен однос во ЕВН, МЕПСО најчесто со високи плати и склучуваат Договор на дело дополнително на пример во администрација во здравство и изиграваат шерифи со поддршка на партиски поставен Директор,

...друга група се договорци кои не идат воопшто на работа туку им се исплатува само ангажираниот износ на трансакциона, а нив никој не ги видел на работа,
...трета група договорци нивните договори се со друга работна позиција, а работаат сосема трета, на пример склучува договор како болничар или хигиеничар затоа што за тоа има моментално потреба на некоја клиника, а всушност тие се медицински сестри и работаат како медицински сестри, болничар пак нема, а тие после на медиуми ќе кажат дека работеле три години како медицински сестри, а ваму договорот како болничар или хигиеничар, така да Министерство за финасии се збунува при одобрување на средства доколку се вработат, а Министерство за администрација нема никаква систематизација за тие работни позиции!

...и кога ќе се земе во предвид дека медицински кадар со средно образование добива вонредно дипломи иако е стопирано од 2020 год, наоѓаат начин за заверка со последен датум од 2020 год, па влегуваат во здравство економисти гимназијалци како медицински сестри, кога ќе се додаде и завршување на ,,факултет" на медицинска сестра за време на работен однос, тоа значи последиците од незаконско работење на Министерство за образование се рефлектира во здравството и болниците и никој крај не може да им најде!

... значи еден од кривците за хаотичната ситуација со кадар во здравството е и Министерството за образование до сега како работеле, тие не нострифицирале дипломи и специјализации на доктори, а не пак ќе се занимава со среден кадар,

... дополнитрлно Лекарска комора ,,слепа" дава Лиценца за работа на доктори или специјалисти пред да проверат дали воопшто им се нострифицирани дипломите и специјализациите, кој беше претседател на Лекарска комора и сеуште е?

- особа која никој не ја изгласи за претседател и директно била поставена од СДСМ конкретно од З Заев, за што муабет правиме сега?
Во ред, не ги знаеме законите. Ок, не сум правник да ги знам, уште помалку знам за практиканти и специјализанти во здравството, затоа и се оградив за здравството.

Но да ми збориш за други области дека те не иделе на работа, те работеле 2 работи, е тотален апсурд од гаталец. Дете, госпоѓице, госпоѓо, што и да си, не знам дали си работела (зигледа не) кога Марковиќ, Миљовски и Бранко ги распаднаа и запленија фирмите. Ја 5-6 години работев како договорец. Со прекини заради одредени правила према тие закони.
Немаш права на ништо освен месечен надоместок од фирмата. А обврските се исти дури и полоши, ако не сакаш шут карта. Во договорот може да ти стои и директор ама работодавецот ќе ти каже што ќе работиш.

Договор за дело освен за одредени случаи, се злоупотребува од работодавците. Само 10% персоналец, ни пиом ни миом, ни стаж.

Затоа, барем за други дејности не ми соли памет како било. Кроцум малу кога се работи за други занимања и дејности.
..од улица може да влезе во клиника и да работи некоја личност,

Не е точно дека влегуваат од улица, ги потценуваш. Тие се доктори на специјализација, завршиле факултет ако не се лажам. Не се каве мајстори од Работнички.
Автоматски споено мислење:

- особа која никој не ја изгласи за претседател и директно била поставена од СДСМ конкретно од З Заев, за што муабет правиме сега?
Мешаш политика каде не треба. Што има врска тој што требаше да лежи затвор (така ни ветија) со ова што го зборите?
 
Последно уредено:
Авторите на графитите?

Или сега си во пу-пу не важи фаза?

дали е пу-пу не важи, кога го користевте за името да се смени, а сега да ви е апаш со хотели. Што кажуваат Фрчко и ценетиот Ивон Величковски ? :icon_lol:
 
Не е работа на народот да ја оправа републиката. Затоа има премиер и министри. На последните избори добија огромна подршка,ветија дека кога ќе дојдат на власт ќе ја оправат републиката. За да ја оправат републиката треба прво да се занимаваат со судството,здравството економијата. Нема веќе изговори и мавтање со знамиња. На народот најмногу го иритира кога кажуваат за криминалите на предходната власт а не преземаат ништо во врска со тоа. Кај е Муртинецот,нели ќе одговараше?Со чиви пари врти бизниси во Дубаи?Кај е Таче кај се тие од ДУИ? Нели ќе одговараа? До кога со истите финти? Не чинело судствотото. Па ореземи нешто во врска со тоа. Доста само изговори.
Народот може да ја опорави државата само со бунтови и искажување на незадоволството на различни начини , тоа е нормално во секоја држава во која народот сака да оди напред и да не биде во никаква криза , а за жал кај нас голем дел од гласовите на владеачката партија која е на власт се пензионери (тоа е затоа што младите не се палат повеќе на патриотизам и слични бајки,бидејќи сакаат промени и систем каде што се сигурни а не шупливи приказни), кои земваат пензии и немаат потреба за големи бунтови освен ако муе намалена пензијата или слично а додека младите бегаат од државата во држави каде што има посредено здравство ,образование едноставно подобар систем за развивање, додека не се свестиме дека треба да се бориме за нашето лебче и дека промените тргаат од нас нема никогаш да одиме напред!!!
 
дали е пу-пу не важи, кога го користевте за името да се смени, а сега да ви е апаш со хотели. Што кажуваат Фрчко и ценетиот Ивон Величковски ? :icon_lol:

Не знам мене врз основа на што ме имплицираше во тоа „користевте“?

Полека малку со македонштината, нема ништо тука на репрезентација од буџет :icon_lol:

Не знам за тие двајцата ама знам дека овој дотичниов сега хотелиер беше сива еминенција каде со прст одбираше кој што ќе биде кај патриотите, и уште де факто е. После толку години фаланга и комити испадна со приредба да замине името. Од кадровски аспект туто комплето таборот беше кама, револвер, крст и кандило, тоа што испаднаа чист фолклор :tapp:

Не знам мене врз основа на што ме имплицираше во тоа „користевте“?
ама не иде тоа така. Ако имплицираме-ќе имплицираме сите. Не може вие да сте врховен арбитар на тоа што претставува “непартиски загрижен граѓанин'.
Полека малку со македонштината, нема ништо тука на репрезентација од буџет :icon_lol:

Не знам за тие двајцата ама знам дека овој дотичниов сега хотелиер беше сива еминенција каде со прст одбираше кој што ќе биде кај патриотите, и уште де факто е. После толку години фаланга и комити испадна со приредба да замине името. Од кадровски аспект туто комплето таборот беше кама, револвер, крст и кандило, тоа што испаднаа чист фолклор :tapp:

Точно. Истиот за бројните криминали и злодела требаше да апсен, спружен и заборавен под затворот од гарнитурата што тоа го ветуваше. Наместо тоа, дотичниот беше користен и од вас, ама и од амбасадите од напредниот свет како сојузник. Зашто сега има хотел во Охрид ќе го прашаш про-европскиот нобеловец што има зграда во Дубаи

Полека малку со македонштината, нема ништо тука на репрезентација од буџет :icon_lol:

Важно е да капе од фондациите, “на вистинската страна на историјата си' како што милувавте да си кажете на времето
 
Какво е тоа миснистерство без ресор? Дали има такви министерства по другите држави? Со која проблематика се занимава? Дали има еден куп паразити вработени во тоа министерство?
Не постои "министерство без ресор", ни кај нас, ни некаде во светот, туку само позицијата министер без ресор. Измислена позиција за функционер кој не раководи со министерство, но учествува при носењето одлуки на Владата.
 
Хотелот во Охрид сите може да го видиме.
Мене живо ме интересира како изгледа зградата во Дубаи што ја гради "нобеловецот" , сакам да купам станче таму пошто биле за 20-30 % поевтини сега поради кризата.
Ако може некој од сектата ДПМНЕ да ми пушти слика пошто само тие имаат инфо и фото од истата?!

Испрани мозоци.
 
Целосно испрани мозоци, како може да поверуваат дека правел криминал и парите ги однел во Дубаи. Нема никаква потврда од единствената страна што е најверодостојана вистинометар. Еве ако има некој на форумов од Дубаи нека пише тука да ти потврди и да завршиме со дискусијата.
 
ама не иде тоа така. Ако имплицираме-ќе имплицираме сите. Не може вие да сте врховен арбитар на тоа што претставува “непартиски загрижен граѓанин'.

Нема зошто да не, едноставно тука имаш две заблуди, првата е дека од гледна точка на партиски определен ти е несфатливо да постои нешто како непартиски загрижен граѓанин, втората е околу разграничувањето на партиски и политички неопределен, што се две различни работи. Партиски неопределен не значи немање на политички став.
Точно. Истиот за бројните криминали и злодела требаше да апсен, спружен и заборавен под затворот од гарнитурата што тоа го ветуваше. Наместо тоа, дотичниот беше користен и од вас, ама и од амбасадите од напредниот свет како сојузник. Зашто сега има хотел во Охрид ќе го прашаш про-европскиот нобеловец што има зграда во Дубаи

Важно е да капе од фондациите, “на вистинската страна на историјата си' како што милувавте да си кажете на времето

Не знам кои се тие вас/вие на кои имплицираш цело време, повторно си во некаква заблуда, иако тоа не е баш заблуда туку обид некој да се импутира во некаква структура па да може да се спрегне наративот патриоти/предавнци.

Пак да кажам дотичниот сеуште е сива еминенција и тоа домољубите го тетовираа и правеа графити со неговиот лик, безброј начини има да се спречи нешто ако се поседуваат автентични убедувања и не се работи само за фолклор, така да алиби и префрлување на вина т`нко некако. На крај краева може и сега да расчисти власта со се тоа што си набројал за ликот ако вистински сака и не се работи само за дистанцирање во јавноста и дел од некаков аранжман.

Не знам дали капе некаде и од кои фондации ама гледам дека грга од кредити за да се наплати љубовта кон Македонија.

HOU2mzsWAAAAVQY

Овие фондации?
 
Целосно испрани мозоци, како може да поверуваат дека правел криминал и парите ги однел во Дубаи. Нема никаква потврда од единствената страна што е најверодостојана вистинометар. Еве ако има некој на форумов од Дубаи нека пише тука да ти потврди и да завршиме со дискусијата.
Воопшто не е важно дали има доказ, контекст или логика. Ако утре се појави некој рандом профил со слика од Бурџ Калифа и напише ова е од Венко, во сектата автоматски се активира опцијата го сакам Кам во поштенско сандаче, онака масовно за цело село. Значи не е битно што има на сликата, не е битно дали е вистина, важно е само да се сподели. Плус да не правиме муабет што ретардираните се до толку отидени што водат евиденција кој и колку пати го шернал истото.
 
Хотелот во Охрид сите може да го видиме.
Мене живо ме интересира како изгледа зградата во Дубаи што ја гради "нобеловецот" , сакам да купам станче таму пошто биле за 20-30 % поевтини сега поради кризата.
Ако може некој од сектата ДПМНЕ да ми пушти слика пошто само тие имаат инфо и фото од истата?!

Испрани мозоци.

И тебе ќе те потсетам дека Формула 1 Гран При имаш гласано. Не се јавувај за ништо.
Нема зошто да не, едноставно тука имаш две заблуди, првата е дека од гледна точка на партиски определен ти е несфатливо да постои нешто како непартиски загрижен граѓанин, втората е околу разграничувањето на партиски и политички неопределен, што се две различни работи. Партиски неопределен не значи немање на политички став.

Не знам кои се тие вас/вие на кои имплицираш цело време, повторно си во некаква заблуда, иако тоа не е баш заблуда туку обид некој да се импутира во некаква структура па да може да се спрегне наративот патриоти/предавнци.
Многу е можно да постои такво нешто, ама сигурно тоа нешто не се подмочува на Фрчко, така да , да си се поштедиме.
Впрочем, кога мислиш дека можеш само ти да одредуваш што е македонец и да редиш епитети за србомани и руски светови, скроз коректно е да се укаже дека епитетите доаѓаат од комуњар-блгарин, па така ќе си се редиме до недоглед.
Пак да кажам дотичниот сеуште е сива еминенција и тоа домољубите го тетовираа и правеа графити со неговиот лик, безброј начини има да се спречи нешто ако се поседуваат автентични убедувања и не се работи само за фолклор, така да алиби и префрлување на вина т`нко некако. На крај краева може и сега да расчисти власта со се тоа што си набројал за ликот ако вистински сака и не се работи само за дистанцирање во јавноста и дел од некаков аранжман.
А зашто би се нафаќале да го решаваат(дури и кога би имале воља) кога некој веќе ги олабави од тој терет со тоа што све живо му овозможија да испере во замена за европскиот пат. Амбасадорите што толку ги сакате со идолот Ивон Величковски беа тие што го мољакаа . Што треба да се деси за вие евро-фанатиците да се осетите искористени и предадени ?
Не знам дали капе некаде и од кои фондации ама гледам дека грга од кредити за да се наплати љубовта кон Македонија.

HOU2mzsWAAAAVQY

Овие фондации?

Не , на тие на Милен Врабевски мислев, ама па мислам дека знаеш .
 
Мицко ја виде неказнивоста на неговите претходници и си рече, еј па ја луд ли сум да не утанкам 100-200 миљона и да ме нема низ бел свет додека не се стиши овде!? Помалце ќе направи од Заев и Грујо секако, ама ќе напраи говнарот една 100ка гарант.
 
Мешаш политика каде не треба. Што има врска тој што требаше да лежи затвор (така ни ветија) со ова што го зборите?
... јас не мешам политика, таа се меша каде не и' е место, јас само констатирам и истражувам, онака секој има таква улога за доброто на човечанството и правдината, барем тоа е мое животно мото!
Затоа, барем за други дејности не ми соли памет како било.
...ако не сакаш дискусија со мене, нема да те цитирам, ќе си напишам општо мислење, нема потреба од нервоза, никого не потценувам ниту ,,солам памет".
Но да ми збориш за други области дека те не иделе на работа, те работеле 2 работи, е тотален апсурд од гаталец.
... јас све што пишувам е од лично искуство, сите податоци со име и презиме и временски кога и каде можам да приложам во секој момент доколу, нели, е потребно во специфични ситуации,
Во ред, не ги знаеме законите. Ок, не сум правник да ги знам, уште помалку знам за практиканти и специјализанти во здравството, затоа и се оградив за здравството.
... затоа сите зависат од некој друг кој ќе го злоупотреби финасиски, што значи тоа ,,не сме правници" па не ги знаеме законите, па денес сите закони се транспарентни лесно разбирливи, па и правникот да реши некој случај или да одговори на прашањето ќе го побара членот во тој закон и ќе речат ,,утре ќе видиме" за да го најде членот од тој закон, мислиш тие го знаат напамет,
Дете, госпоѓице, госпоѓо, што и да си,
...ако од толку време на форум не направи некоја перцепција на членовите барем кои се редовни, па се двоумиш за мене дали сум дете или госпоѓа, тоа е голема разлика, не знам што да кажам.
Ја 5-6 години работев како договорец. Со прекини заради одредени правила према тие закони.
Немаш права на ништо освен месечен надоместок од фирмата. А обврските се исти дури и полоши, ако не сакаш шут карта.
...никој не те побара и не те терал да работиш, ти сам си се понудил и ти рекле дека може само ,,да те ангажираат" со Договор на дело, не можеле да те вработат со конкурс и затоа обврските, исплатата се по друга основа, не како вработен, туку како ангажиран, сакаш да работиш по тие услови на договорци, чим си сакал така си одлучил со потпис на заемен договор, не сакаш се раскинува договорот и чао, довиџења!

... сурово, но тоа е тоа, зошто сите трчат да се вработат влегувајќи во политички партии за предност на такви привремени ангажирања!
Не е точно дека влегуваат од улица, ги потценуваш. Тие се доктори на специјализација, завршиле факултет ако не се лажам. Не се каве мајстори од Работнички.
...овде моментот не ми го разбираш, штом не е вработен со конкурс и обезбедени средства од министерство за финасии и обезбедено работно место по систематизација, не може било кој ,,од улица" фигуративно, да има исти обврски, исплата и права ако работи до колегата кој е со конкурс вработен!

...сите доктори кои завршиле Медицински факултет не можат СИТЕ да специјализираат под ,,капата на државата" и да бидат сите државни специјализанти, тоа значи дека сите кои се дипломирани доктори треба да се вработат по болниците каде ќе добијат одредена специјализација и тие ќе бидат покриени финасиски од дотичните болници или клиники и тие се т.н државни специјализанти, дали е возможно тоа?
...тие доктори, нели кој во моментот завршиле Медицински факултет и имаат Лиценца за работа како општ доктор, сакаат да се образуваат повисоко т.е. да идат на специјализација, а не се вработени, специјализацијата ја плаќаат сами од сопствен џеб и тие се приватни специјализанти.
...дали сега ти е појасно кои се државни специјализанти, а кои приватни?
...приватните специјализанти уште ,,учат" некоја специјалност и немаат сеуште Лиценца за работа за таа специјалност која ја плаќаат со сопствени средства зошто не се вработени, па државата, клиниките, болниците склучуваат Договор на дело и како ангажирани лица ако се отворат конкурси за вработување истите да имаат предност пред другите кои се надворешни т.е воопшто не работеле.

...е сега следи еден важен момент на што треба да се држат овие ,,приватни специјализанти" кои се со Договор на дело, не муабети кои не држат вода, дискриминација за договорци со редовни вработени ова она ,

...приватните договорци специјализанти треба да следат конкурси и доколку, пази сега, идат финтите на Директорите кои ги раскинуваат договорите пред конкурсите што само тие знаат дека ќе следат, за да потпишат други Договори на дело со други надворешни лица никогаш што не работеле дали по непотизам, партиски, корупција, се дава приговор и жалба со документација на до тогаш Договорот на дело, трансакциона сметка каде го добива ангажираниот износ и нема шанса некој друг да го примат наместо него или да склучат Договор на дело пред отворениот конкурс за вработување,

...треба само да се запази рокот на жалба на договорците кога се отвара конкурсот за вработување, а тие се одбиени или пред тоа намерно им се раскинува Договорот на дело, конкурсот ,,ќе падне" се додека има приговор/ жалба од приватните слецијализанти или било кој здравствен работник кој сака да се вработи, а работел со Договор на дело, а се има предвидено со конкурсот таков профил.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom