Договорот сеуште не му го продолжуваат, а вака како што оди изгледа и ќе си замине.
Малиот од поодамна престана да се замара за фудбал. Врска нема со играчот од пред 2 години. Вака некако му беше еволуцијата:
Доаѓа како млад гуштер, една од ретките светли точки во очајната сезона. Има се освен реализација. Понашање на терен нормално.
Под менторство на Бензема, Крос, Модриќ и остали, и со многу труд, станува врвен играч, еден од најважните. Освојува ЛШ со Бензема. Понашање на терен нормално.
Бензема заминува, доаѓа Белингам, на општо изненадување освојува уште една ЛШ али овој пат со куп лигавење на терен. Ради тоа лигавење не добива Златна топка иако со играта и тоа како ја заслужува.
Моментално: Лигавењето е x 3, престана да игра одбрана, трча кога сака, мисли дека е најбитен играч во тимот (а не е), непосакуван од пола фан база, се ожени со плава спонзоруша на која не и беше тешко да му го смени личниот опис...
Мислам дека тука некаде ќе е крајот на приказната во Реал. Штета за малиот, лошо е кога на подпросечно интелигентен играч идол му е Нејмар.