Justae Verum
Sic Semper Tyrannis
- Член од
- 22 септември 2005
- Мислења
- 3.633
- Поени од реакции
- 4.398
Директен цитат од Маск од пред 2 дена.Не знам од каде ова дека ќе одвоел 100 мил за проект на Мел Гибсон кога тој самиот изјави дека сакал до крајот на 2026та да направи Одисеја користејќи го Грок.
Ова ќе биде епски фејл, загарантирано.
А и Елон Маск е ебиветре. Многу почесто само тресе зелени и ништо не прави.
Еве две години како е Трамп, влијанието не е намалено а колку само се јачаа пред избори ќе направеле она, ќе направеле ова...
Води многу компании истовремено и не може подеднакво да им се посвети на сите. Кога станува збор за Трамп, американскиот политички систем е многу сложен, не е ова ламба со џин што ќе исполнува желби преку ноќ. Укинувањето на USAID можеби е една од најдобрите работи што можеше да ги направи за светот.
Твоето анегдотално искуство е различно од моето. Од луѓето што ги познавам, речиси никој повеќе не оди во кино, а порано најчесто одевме барем еднаш месечно.А и не гледам зашто филмската индустрија би пропаднала. Бев пред два дена во кино (не за Одисеј), преполно беше а се прикажуваше истовремено во две сали. Луѓе кои ретко гледаат филмови ми зборат како планирале да одaт во кино за овој. Оценките се веќе високи па ако гледаме од тој аспект, филмов е успешен.
Го немам гледано сеуште и немам создадено мислење ама ете во Наполеон на Ридли Скот каде немаше вакви пропаганди испадна тежок просек.
На крајот, луѓето гласаат со својот паричник. Мојот избор е да не трошам пари на луѓе кои, според мене, го деградираат и уништуваат филмскиот медиум.







