Не верувам дека ќе си дозволи Милан да ја скашка работата со Леао и да се изглупира со некои драстични мерки за да го тргне од тим, као обични позајмици без обврска за откуп, казни и слично.
И мене ми е чудно што дотолку баш нема интерес се уште, ама за тоа е крив Леао самиот затоа што избрза на почеток на летото со изјавите дека ќе си оди од Милан и сеа тимовите коишто евентуално би биле заинтересирани ваљда играат на време за да спуштат цена, многу нормално. Иначе нема објаснување за фактот дека некој во Англија е спремен да дае толку пари за Гарначо, а не за Леао. Или можда има објаснување ако Челзи и Вила си мутат меѓусебно као Јувентус со Сасуоло/Џенова своевремено и си продаваат играчи за луди и необјашњиви суми за да равнат и штелуваат сметки таму.
Мислам дека ако Милан не успее да добие најмалку 50 милиони за перманентен трансфер, позајмица со обврска или ептен скапа обична позајмица со право на откуп (што би било налик на обврска), ќе спакуваат приказна демек еве Аморим успеа да го убеди да остане, Рафа го препозна проектот, ќе биде друг чоек од понеделник и тако даље и ќе го задржат во тим. Е сеа тоа е проблем од тактичка перспектива дека Аморим ќе мора да импровизира со позицијата на Леао кај него во формација и тоа ќе биде очобол и ќе ја ебе цела формација и атмосфера во тимот и ќе биде темпирана бомба што ќе може да ја уништи сезоната и најверојатно ќе ја уништи заедно со кариерата на Леао којшто догодина мирно и тивко ќе замине обична позајмица со право на откуп за 13 миљони во амбициозниот Трабзонспор, со изјава дека Трабзон е прекрасен град на Црно Море. На крај ќе заврши како продавач на рачно направени алки на плажа со гумени папучи низ коишто прстите ќе му висат надвор.
Друга работа е што пред Леао има тон ѓубре што треба да се исчисти од тимот, мене појше ме секира што нема интерес за Лофтус, Томори, Фофана, што Бенасер (иначе неговата плата е моментално трета највисока за одржавање во клубов) ги дупи и се влече и што продажбиве тешко им одат.