Теории на заговор vs. Coincidence theory

  • Креатор на темата Креатор на темата Toecutter
  • Време на започнување Време на започнување
Шо убаво, си го казнува својот продукт со стварање лошо што ќе му напакости на чесниот и послушниот за тој и неговите најблиски пројдат низ голгота на земјата. Гуд гај Господ.

Извини, не верувам дека тоа е поентата на стварањето. Нелогичностите се повеќе ми потврдуваат дека религиите немаат допирна точка со Господ и поентата на постоењето, едноставно сите биле на ниво на секта додека рандом моќник не ги искористи во своја полза да раководи со масата (Константин, Никеа). После требало конкуренција па се јавил тој калифот да го направи истото со исламот и така…
Бог му ја предаде целата власт на својот син единец и Исус е Број 1 од него се почнува и се завршува..Аполон е само орудие во неговите раце и го шамара како сака парче го праи кога овој ќе се умисли дека е бог..А оваа околу историја Константин и Никеа е гомнарија и превара невидена и кој би можел тука да утврди било што кога ни е сокриено од пред очи се што се случувало..
 
Последно уредено:
@датум Можеш нешто повеќе да ни кажеш околу следниве пасуси?
Дела 1:11
Евреи 9:28
Откровение 1:7
Тимотеј 2 2:17
Овој последниов, кој си, Именеј или Филит?
 
@датум Можеш нешто повеќе да ни кажеш околу следниве пасуси?
Дела 1:11
Да, ова е најава за тоа што следи во Дела 2

Овде се вели дека Христос умира за да ги избрише гревовите на луѓето и се враќа не за да суди туку за да донесе спасение за тие што го чекаат

Откровение 1:7
„Еве, доаѓа со облаците и ќе го види секое око, и оние, кои Го прободоа, и сите земни племиња ќе заридаат за Него. Да, амин!“

Овде се мисли на тие што биле живи кога он бил распнат и тие што го предале

Во Дела на Апостолите 2 е одговорот, 1-5

Тимотеј 2 2:17
Значи и ти го негираш Христовото воскресение?

Тимотеј 2 2:8
„Помни Го Исуса Христа, Кој воскресна од мртвите“

Тимотеј 2 2:17
„..кои се оддалечија од вистината, тврдејќи дека воскресението веќе станало“

Сега воскресението се случило или не се случило?

Овој последниов, кој си, Именеј или Филит?
Јас сум крстен, си имам име и презиме

Кој фактор си ти да ми даваш на мене други имиња?
 
Во ред, отпилика знам на што си, имаш слободна воља јас целосно ти ја почитувам.
Дела 2 зборува да педесетница, освен ако мислиш дека Христос и Светиот Дух се иста личност и иста улога.
Настрана што во Дела 3:20 Христос е сеуште на на небото и дека Бог допрва ќе го прати.
Чудно, авторот на Евреите пишува после 30- ина години од воскресението... изгледа немало кој да му кажи дека биднало второто доаѓање.
Павле во истото поглавје експлицитно ги нарекува еретици и отпаднати од вистината оние луѓе кои го тврделе ова што ти го тврдиш. Така да Павле е тој што ти дава такви имиња, не јас. Јас ти го честитам твоето име и презиме.
За крај можеш да им сугерираш на црковниве лица (бидејќи си убеден), да не го практикуваат она што Павле после 20 год. од воскресението им го наложил на коринтјаните во неговото прво послание 11:26
Имај исполнет живот пријателе, продолжете со дускусија со останатите членови.
 
Светите Оци? Кои се овие луѓе?

Во ред, отпилика знам на што си, имаш слободна воља јас целосно ти ја почитувам.
Дела 2 зборува да педесетница, освен ако мислиш дека Христос и Светиот Дух се иста личност и иста улога.
Ама јас тоа не го негирам, напротив потполно се согласувам со тоа

Гледам дека сте поинформирани, сигурно знаете дека во евангелијата се вели „... Светиот Дух кој Таткото ќе го испрати во мое име“

Тоа не дели нас од римокатолиците, ние знаеме дека Светиот дух исходи од Таткото и само од Таткото

Настрана што во Дела 3:20 Христос е сеуште на на небото и дека Бог допрва ќе го прати.
Браво за ова што го спомена

„Затоа, покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, за да дојдат, од лицето на Господа времиња на освежување и да Го испрати Претскажаниот за вас Исуса Христа“

Како вие го сфаќате ова?
Не го заборавајте горенаведеното за светиот дух

Чудно, авторот на Евреите пишува после 30- ина години од воскресението... изгледа немало кој да му кажи дека биднало второто доаѓање.
Дискутабилно е ова

Има многу големи нејаснотии за кога што е напишано

Се вели дека Лука ги напишал Делата и Евангелието помеѓу 60тите и 70тите но според првата страна од евангелието не е така.
Авторот во евангелието се обраќа на човек по име Теофиле..

„..намислив и јас, откако испитав сѐ подробно од почеток, да ти ги опишам по ред, честити Теофиле,
за да ја разбереш вистинитоста на она, во кое што си бил поучуван.“

Запазете го терминот честити, бо грчкиот јазик тој се користи за обраќање кон некој што има највисока свештеничка улога.
Тоа е Теофиле бен Ананас, кој бил свештеник во период од '39 до '42, 6-9 години од неговото распнување

Така да јас не би избрзувал со заклучоци кога се работи за тоа кога делата се напишани

Павле во истото поглавје експлицитно ги нарекува еретици и отпаднати од вистината оние луѓе кои го тврделе ова што ти го тврдиш. Така да Павле е тој што ти дава такви имиња, не јас.
Да ама Павле во истото поглавје укажува на Христовото воскресение
Така е и победена смрта, според традиционални христијански верувања.

Јас ти го честитам твоето име и презиме.
За крај можеш да им сугерираш на црковниве лица (бидејќи си убеден), да не го практикуваат она што Павле после 20 год. од воскресението им го наложил на коринтјаните во неговото прво послание 11:26
Имај исполнет живот пријателе, продолжете со дускусија со останатите членови.
Кога тогаш ќе биде сигурно

Јас го почитувам тоа кажаното, меѓусебно решавајте тоа што на некој му е нејасно

Уште еднаш, запрашајте се кога кој што напишал и може ќе ви биде појасно
 
Последно уредено:
Јас не знам како е православно, како не, ама знам дека Пророкот не е православен и не знам зашто сите комуницирате со него како да е. Сум седел со хардкор верници и пола од стварите што ги пишува, они не веруваат така. Братот има своја верзија на христијанството.
 
100 попа да донесеме сите ќе имаат различна визија за христијанството.
 
1, Како се нарекува „мојата„ верзија од православното христијанство?
2. Како изледа/што учи вистинското православно христијантво?
3. Во кое христијанство веруваат твоите хард-кор соговорници?
Автоматски споено мислење:

100 попа да донесеме сите ќе имаат различна визија за христијанството.
По што ќе расудиш кои од тие 100 попови зборува вистина?
 
1, Како се нарекува „мојата„ верзија од православното христијанство?
2. Како изледа/што учи вистинското православно христијантво?
3. Во кое христијанство веруваат твоите хард-кор соговорници?
Автоматски споено мислење:

По што ќе расудиш кои од тие 100 попови зборува вистина?
Не може да знам јас како се вика твојата верзија, ти си имаш некое твое толкување. Како што реков не знам многу, ама дефинитивно е различно од твојата верзија. Како прво, православен христијанин не би се потпишал "Пророкот". Ништо лично, ама често морбидно ми е кога те читам.

Небитно, постот ми беше повеќе насочен кон другите членови кои мислат дека ако тебе те побиле со аргумент, ја побиле православната вера и те земаат за пример како размислува православен христијанин, иако не е така.
 
По што ќе расудиш кои од тие 100 попови зборува вистина?
Не е битно кој што збори, секако ќе си го одбереш тоа што тебе ти одговара спрема моменталниот систем на верување, кој го браниш со приврзување кон тоа што оди у прилог на истиот.
 
@датум Според Јован 16:7 накратко кажано, Исус мора да замине, па да го прати Утешителот. Според овој стих Исус го праќа Светиот Дух. Претходното поглавје 15:26 исто зборува дека Исус го праќа, само дополнува дека го праќа од Отецот. Не знам зошто тука се поделени двете цркви по ова прашање, можеби ради двата стиха и во нив нијансите што ги дополнуваат.
За мене лично, му верувам на Јован. Да, како што пиша и ти дека Духот исходи од Таткото и само од Такото(15:26 Јован го потврдува ова), но Исус самиот вели дека Тој(Јас) ќе ви го пратам.

Иначе околу Дела 3:20 Петар зборува од позиција обдарен со Светиот Дух. ПО воскресението, ПО вознесението и ПО педесетница. Јасно е дека ззборува за идни времиња. Ете така јас тоа го сфаќам.

Второто доаѓање е глобален настан, секое око ќе го види, секое колено ќе се свитка и секој јазик ќе го исповеда. Трулото ќе се преоблече во нетруло, смртното во бесмртно... засега од ова ништо не збиднало.
Христовото воскресение е само почеток на тој процес, не крај.

п.с. мислиш дека воскресението е само духовно, не и телесно?
 
@датум Според Јован 16:7 накратко кажано, Исус мора да замине, па да го прати Утешителот. Според овој стих Исус го праќа Светиот Дух.
Госпоѓо, ова е ерес не знам дали сте свесни за тоа

Духот исходи од Таткото и само од Таткото.
Објаснето е во Јован 14:26

За останатиот дел ќе одговорам приквечер или утре

Бидете поздравени
 
Госпоѓо, ова е ерес не знам дали сте свесни за тоа

Духот исходи од Таткото и само од Таткото.
Објаснето е во Јован 14:26

За останатиот дел ќе одговорам приквечер или утре

Бидете поздравени
Класична секташка тактика!!! Земаш еден стих (Јован 14: 26) за да поништиш други два јасни стиха, наместо да ги споиш во една целина, нели логично...
Тврдиш дека е ерес Христос да го праќа Светиот Дух. Значи ли тоа дека Христос лаже во 15:26? За разлика од тебе Библијата не си противречи сама на себе!

Во православното и традиционалното христијанство,Светиот Дух по Својата вечна природа, излегува САМО од Отецот. Но, Светиот Дух го праќаат и Отецот и Синот ЗАЕДНО!
Отецот го праќа ,,во име на синот,, , а Синот ,,од Отецот,,. Чунки тоа е заедничко дејство, бидејќи тие се ЕДЕН Бог!

Јован 20:22 И кога го рече ова, дувна и им рече: ,,Примете Дух Свети,,! Ако нема власт да го испраќа или дава, зошто Христос дувнал и им го дал Духот Свети? Направил според тебе ерес?

Во Дела 2:33 Петар вели ,, И така откако се вознесе со десницата Божја и Го прими од Отецот ветениот Дух Свети, Тој(Исус) го изли сето ова што го слушате и гледате сега.,, Дали според тебе Петар е еретик?

И пак овој Јован 5:19 ,,Се што прави Отецот, прави и Синот,, Така беше.... или не?

Срдачен поздрав од ,,госпоѓата,, @датум! Тука јас дефинитивно се одјавувам, одговорите чувај си ги за други ,,госпоѓи,,. Биди благословен и имај многу среќа по патот кој го одиш, а ќе ти треба, мада најмногу ти треба Светлина, и тоа онаа од Изворот.
 
Back
На врв Bottom