Токму така. Од вакви трагедии треба да се извлече поука за во иднина. А поуката е да не постојат вакви објекти и институциите да не дозволуваат да работат, а не ретроактивно да се бара вина кај родителите затоа што го пуштиле детето на концерт.
Родителот има обврска да го заштити детето од разумно предвидливи ризици. Ваква трагедија не е разумно предвидлив настан.
Добро, а ако додека сте биле на излегување од касарна се случел пожар во ресторан или дискотека, трагедија што никој не можел разумно да ја предвиди, и која се случува еднаш на 100 години, кој ќе бил виновен?
Детето се советува да не влегува во тепачки, да не пие, или да се јави ако има некој проблем. Не знам кој родител го советува детето како да препознае пожар во објект во кој има 60+ жртви и преку 200 осакатени.