Македонци во Германија

  • Креатор на темата Креатор на темата Rocky990
  • Време на започнување Време на започнување
Ти ли беше истиот што викаше дека нашите од странство се враќале или грешка сум ? Ајде ќе го игнорираме тоа ама..
Не, по втор пат кажуваш работи кои не сум ги кажал
Јас кажав друго за бројките, биди фер и пренесувај како што сум напишал

Визите се намалени за цел Балкан х4 во споредба со пред 5-6 години
Нормано е дека бројките ќе покажуваат помала разлика, која сеуште е во полза на тие што заминуваат од МК

Ќе ти кажам само дека тоа што јас го гледам ќе биде за 3-5 год од сега.

Луѓе се враќаат, ама не во толкави бројки за да кажеме дека е во обратна насока променето.

Сфати го како што е кажано, ако не ти е фрка

2 плати во Мекдоналс во Германија пак ти се цирка 3600-4000 приходи таму.
Рента, сметки, рата за автомобил и храна за 4ца без да гледаш цени во маркетот и да дозволиш тоа што сакаш пак преку сила ќе ти биде 2500 евра месечно значи пак ти остануваат нешто да тргаш на страна или да ги уживаш за други работи.
Јас не кажав дека примињата не се ок, туку дека работата во мекес( и гастрономија генерално) не вреди за парите.
Секој ден си имаш работа со разни пациенти(вработени и гости)
Тоа влијае на психата на еден човек

Кај нас 2 плати околу 1000-1200 евра, од кои за кирија сметки и храна која е патем иста цена како во маркетите низ Германија ќе ти отидат скоро 1000 евра така да со останатите 200 евра можеш само да се сликаш. Ниту автомобил ќе купиш дури и на кредит, ниту пак ќе отидеш на летување зимување освен ако двајцата не зимате над просечни плати што % се мал дел од вработените тука.
Ајде малце подетална математика
Да рачунаме дека кредит за стан има за плаќање во таа сума, тоа се 350-400 евра според платите.
Остануваат 800
Еве вие кажете колку од тие идат на сметки и храна.
200-300 евра да останат не е мала работа за МК, во времето јас сеуште кога живеев и не бев заминат работевме за 20-25 илјади плата а минималецот беше едвај стигнат до 13/15 илјади..
Ништо не остануваше, значи и 200 евра што остануваат пак е некој напредок
Ова рачунаме со средината меѓу просекот и минималецот.

Моиве генерации сите скоро зимаат над 700-750 евра, тоа се огромен број на луѓе и заштедата е поголема.
Не сите штедат не заборавај, брзиот живот е сеуште присутен низ државата

Стандардот е кренат малку ама инфлацијата го има изедено, стан квадрат 2020 во градов кај нас беше 500-600 евра сега е x2
За тоа сум согласен, цените отидоа многу високо.
Да не отидоа толку високо уште подобра ќе беше ситуацијата
 
Според мене, еве можеби грешам, зборот органско земјоделство е само име кое ја зголемува цената на производот за 4х на едно семе кое е 988765654333246 вкрстено за изгледа поголемо, "позрело" и да се намали количеството на гликоза а со тоа и скрати храната на микроорганизмите кои би го уништиле тој производ (знаеш оноа "пластично" овошје и зеленчук).

Да се разбереме и тоа т.н. неорганското е исто такво семе со можеби многу повеќе вкрстувања направено.

Кој во каква приказна верува во таа.

Купуваш органски домати а тие сите иста големина и сите се од едно стебло сосе стебло пакувани. Дури и големината и стеблото е "дизајнирано" со вкрстено семе заради полесно пакување и транспорт.

Семето може и да е исто како конвенционалното, само органското е третирано со многу послаби препарати често пати направени и во домашни услови со состојки на природна база. На пример од дедово кај што јас зимам домати и компир ги прска со ферментирана коприва што ем делува како прихрана ем е природен инсектицид. Во конвенционалното покрај јаките хемии за заштита користат и глифосфат против плевелите ја загадуваат и почвата, тука се работи рачно или со алатки/механизација во поголеми фирми што е генерално потешко и поризично производство и затоа поголема цена ама не би требало да биде x4 тоа е веќе претерано.
 
Кога сме кај храната, не се зезајте луѓе, па кај нас секој сумлив производ ќе помине во државата, тука барем има строги контроли и нема да јадам пилешко замрзнато со салмонела увезено од Косово
За изборот на асортиман не ми се збора, маркетите во Германија можеби се најфул во Европа.
Во Македонија овошја и зеленчуци шо не се произведуваат кај нас треба бубрег да продајш за да ги купиш.
Органска храна, не знам за Скопје, верувам дека има, ама во Битола не постои во маркет такво нешто, јадеме производи со пестициди, за бебе мало тоа е отров, остајте вие на времето нашите баби и дедовци кога јаделе од бавча директ, сега се е под аранжерии растено и увезено, земјоделството во изумирање ни е.
На пазар бев останата дури бев Македонија, редовно од таму си Лазарев, еден земјоделец дали има, сето прекупци.
400 грама био телешко вчера беше на акција 5.90 еур, кај нас 1600 денари килограм ми наплатија во Веро за младо телешко, мислам дека беше Бајрам па можеби и затоа таква цена, јунешкото е упола цена ама сепак е поскапо од Германија.
Тврдам дека храната е поскапа во Македонија, за дрогерии да не правиме муабет, бебешката храна и козметика за бебе неспоредливо поефтина во Германија.
Не зборам за инает, факт е тоа.
Облеката ами, во Битола партали од тему ги продаваат како некои бренд парчиња да се, тука во аутлет маркети можиш да купиш квалитетна облека кога има попусти, а скоро секогаш има.
Апарати за домаќинство исто горе долу тука цените се квалитетот неспоредливо.
Зимава купив Ayr fryer, 90 евра го платив, кога ги видов цените во Нептун ми се стемна.
Релаксаторот за малиот во чико на излог седи 250 евра, 110 го зедов јас, истиот релаксатор скроз.
Да решам да го продадам долу, ќар ќе излезам од него :)
Автоматски споено мислење:

Дај ми некоја минута и ќе ти споделам местото
На било кое место на Лас америкас плажата, хепи часа има околу ручек време тие се цените.
Инаку горе долу 2/3/ евра беше секаде, најскапото пиво го платив во еден резорт 4 евра
Смештајот гледам се уште е ефтин, за 600 евра цел апартман од 80 квадрати со базен добиваш, 1200 евра за седум дена со доручек и вечера за двајца возрасни и дете, поефтино од ова шашма.
Тенерифе е ослободено од царини па затоа се такви цените
 
Не, по втор пат кажуваш работи кои не сум ги кажал
Јас кажав друго за бројките, биди фер и пренесувај како што сум напишал

Визите се намалени за цел Балкан х4 во споредба со пред 5-6 години
Нормано е дека бројките ќе покажуваат помала разлика, која сеуште е во полза на тие што заминуваат од МК

Ќе ти кажам само дека тоа што јас го гледам ќе биде за 3-5 год од сега.

Луѓе се враќаат, ама не во толкави бројки за да кажеме дека е во обратна насока променето.

Сфати го како што е кажано, ако не ти е фрка

Визите ќе се намалени кога веќе еден куп од младите се иселени, од мојата генерација веќе 70% се надвор а сум рани 30ти. Дека се враќаат назад исто така не е точно, освен ако не ги рачунаш како прилив овие од непал, турција, бангладеш кои доаѓаат тука за работа

Јас не кажав дека примињата не се ок, туку дека работата во мекес( и гастрономија генерално) не вреди за парите.
Секој ден си имаш работа со разни пациенти(вработени и гости)
Тоа влијае на психата на еден човек

Не знам што толку хејт према нашите што работат мекдоналс таму, и тука имаш слични работи со секакви пациенти само платата е 4x помала

Ајде малце подетална математика
Да рачунаме дека кредит за стан има за плаќање во таа сума, тоа се 350-400 евра според платите.
Остануваат 800
Еве вие кажете колку од тие идат на сметки и храна.
200-300 евра да останат не е мала работа за МК, во времето јас сеуште кога живеев и не бев заминат работевме за 20-25 илјади плата а минималецот беше едвај стигнат до 13/15 илјади..
Ништо не остануваше, значи и 200 евра што остануваат пак е некој напредок
Ова рачунаме со средината меѓу просекот и минималецот.

Не рачунав јас отплаќање на стан туку кирија 200-250 евра месечно, 150 евра сметки и едно 5-600 евра за храна да поминеш поскромно и отиде 1000ката. Значи тие 200 ти „остануваат“ за други работи како облека, хоби и рекреација или може ќе ти текне да земеш кола на кредит а за летен одмор или зимување може само да сонуваш со такви примања. Додека во Германија дури со работа во мекдоналс ќе отплаќаш просечна кола, ќе отидеш по еднаш на летување и зимување како секој нормален човек да одмориш 15-20 дена во годината

Во Македонија ако немаш приход над 2000 евра фамилијарно живееш и полошо од оној со мекдоналс работа во Германија
 
Последно уредено:
Не знам всушност што споредувате? Многу паушали и екстремни примери за да се покаже некое правило.

Све е индивидуално. И во Македонија и во Германија може да имаш примања во разни висини. Треба да споредувате исти бранши а не некој ИТ експерт во Македонија со ист во Германија а не со минималец што работи во фаст фуд.

Исто така храната. Зависит што споредувате. И во Македонија и во Германија може да се најде разновиден квалитет. Доматите и крстајците и пиперките од Македонија се далеку повкусни од тие што се од Холандија или Мароки на пример. Ама има и од други држави за други цени. Не би судел каде е подобро иако овошјето и зеленчукот во Македонија мене лично подобро ми вкуси.

А за квалитет на живот ако земеме фактори како здравство, инфраструктура, екологија итн. во западните семји во просек е подобро. Сега секој за себе треба да донесе одлука, дали таа подобра околина му вреди за да се одсели од матичната држава. Оти ако не можеш да се вклопиш и те удира носталгија за назад, тогаш покрај објективните подобрувања губиш на животен квалитет. Ако не се чувствуваш некаде добро за џабе другите работи.

А за цените како секаде вариират. Некои работи на горе некои на долу. Секаде инфлацијата удира. Од тоа што гледам се чудам лично од цените на некои производи во Македонија кои се доста поскапи од Германија. Дрогериски производи на пример. Увезена роба исто така. Поефтини се услугите, јадење во ресторан, бербер, мајстор итн. Па и техниката во Македонија е поскапа.
 
Семето може и да е исто како конвенционалното, само органското е третирано со многу послаби препарати често пати направени и во домашни услови со состојки на природна база. На пример од дедово кај што јас зимам домати и компир ги прска со ферментирана коприва што ем делува како прихрана ем е природен инсектицид. Во конвенционалното покрај јаките хемии за заштита користат и глифосфат против плевелите ја загадуваат и почвата, тука се работи рачно или со алатки/механизација во поголеми фирми што е генерално потешко и поризично производство и затоа поголема цена ама не би требало да биде x4 тоа е веќе претерано.
Многу знаеш ти со што ги прскаат, тебе ќе ти кажат баш
Автоматски споено мислење:

Поефтини се услугите, јадење во ресторан, бербер, мајстор итн. Па и техниката во Македонија е поскапа.
Само услугите се поефтини. Другото е поскапо и понеквалитетно.
 
Визите ќе се намалени кога веќе еден куп од младите се иселени, од мојата генерација веќе 70% се надвор а сум рани 30ти. Дека се враќаат назад исто така не е точно, освен ако не ги рачунаш како прилив овие од непал, турција, бангладеш кои доаѓаат тука за работа
Пак од лично искуство кажуваш
Еве јас ако кажам од лично искуство од тие што дојдовме сега едвај 5 души за кафе се собираме

Има и луѓе на сезонска работа, во зима најубаво може да се види ситуацијата во Македонија.

Дека се враќаат назад можеш да си провериш во државни институции

Не знам што толку хејт према нашите што работат мекдоналс таму, и тука имаш слични работи со секакви пациенти само платата е 4x помала
Хејт?
Не е хејт, тортура е да работиш таму со неиживеани ликови
Не дека понизно гледам кон работната позиција, туку кажувам дека таа работа не може да се спореди со ништо во Македонија, па ни со градежништво, поготово ако те лупнат трета смена да работиш

Не рачунав јас отплаќање на стан туку кирија 200-250 евра месечно, 150 евра сметки и едно 5-600 евра за храна да поминеш поскромно и отиде 1000ката. Значи тие 200 ти „остануваат“ за други работи како облека, хоби и рекреација или може ќе ти текне да земеш кола на кредит а за летен одмор или зимување може само да сонуваш со такви примања. Додека во Германија дури со работа во мекдоналс ќе отплаќаш просечна кола, ќе отидеш по еднаш на летување и зимување како секој нормален човек да одмориш 15-20 дена во годината
Во ред, во тие 25-30% спаѓаат и луѓето кои заедно имаат 1200 евра примиња(максимум)
Останатите зимаат над тоа

Во Македонија ако немаш приход над 2000 евра фамилијарно живееш и полошо од оној со мекдоналс работа во Германија
Многу рандом тврдење без никакво објаснување

@Saber Rider
Еве ти си фамилијарен чоек отприлика да кажеш дали 1500-2000 би стигнале за четиричлено семејство а притоа да плаќаш и рата за кредит..?
 
Пак од лично искуство кажуваш
Еве јас ако кажам од лично искуство од тие што дојдовме сега едвај 5 души за кафе се собираме

Има и луѓе на сезонска работа, во зима најубаво може да се види ситуацијата во Македонија.

Дека се враќаат назад можеш да си провериш во државни институции

Хејт?
Не е хејт, тортура е да работиш таму со неиживеани ликови
Не дека понизно гледам кон работната позиција, туку кажувам дека таа работа не може да се спореди со ништо во Македонија, па ни со градежништво, поготово ако те лупнат трета смена да работиш

Во ред, во тие 25-30% спаѓаат и луѓето кои заедно имаат 1200 евра примиња(максимум)
Останатите зимаат над тоа

Многу рандом тврдење без никакво објаснување

@Saber Rider
Еве ти си фамилијарен чоек отприлика да кажеш дали 1500-2000 би стигнале за четиричлено семејство а притоа да плаќаш и рата за кредит..?
Не си видел во рандом кујна во угостителство во Македонија каква тортура е :)
 
Не си видел во рандом кујна во угостителство во Македонија каква тортура е :)
Напротив, имам искусено и таму и ваму.
Јас работев во мекес нема што да се срамам од тоа, за секој е тоа отскочна даска ако е со виза

Моментално угостителството штеди на вработени, јас барем знам повеќе фирми кои тоа го прават.
Работиш за тројца, зимаш пари за еден чоек

Другите бранши се ок
 
@Saber Rider
Еве ти си фамилијарен чоек отприлика да кажеш дали 1500-2000 би стигнале за четиричлено семејство а притоа да плаќаш и рата за кредит..?
Мора на долго и широко да опишам :D

Тричлено семејство сме засега, ама ќе се обидеме да сме четиричлено наредниве години :D Малку доцниме, но подобро некогаш од никогаш.
Да кажам дека детево е мало и немам некои преголеми трошоци за него, освен стандардните пелени, марамици, витамини, поскапо месо од месара за него и слично.
Многу поголеми се трошоците кога имаш деца кои излегуваат, а уште не работат (основци, средношколци, па и студенти).

Имаме примања нешто над 2000 евра заедно, а имам така асален кредит, со кој паѓаме под примања од 1500 евра. Се решив 10 години додека е мало (се надевам мали) детето (децата), да го испукам цел со фиксна камата. Имам "занает" за дополнителни средства, кој ако затреба ќе го активирам за не дај боже. Засега сакам да сум присутен 100% во сите домашни активности и најмалите години на детето.

Не само што живееме пристојно, туку и успевам да заштедам нешто. Ама не сум репрезентативен примерок на секојдневниот просечен македонски маж. Иако, во друштво сите 5-6 души сме ист тип, сите без проблем си градат фамилија, со кредити, со деца.
Разликата е што имаме други приоритети од повеќето (а би рекол дека сите што влечат кон програмирање и некои инженерски струки, да не речам попаметни дечки, имаат сличен живот).
Не сме опседнати од што ќе кажат комшиите. Ако на нешто најмалку трошам пари, тоа е за облека. Немам проблем да носам исти маици 5 години, низ маало да шетам со маица од 5-то одделение, со шорцеви од Стружанка. Освен што не штедам за удобни патики, другото апла ме заболе дали е бренд или не. Не патам од такви комплекси. Не трошам илјадници денари на телефони, на брендирани цвикери, што ти ја знам. Гледам функционалност. Повеќе ќе дадам за апарати за домаќинство потребни за дома, апсолутно не штедам пари за храна и гледам да е квалитетно тоа што го јадеме, а единствено што сите ние не штедиме се пари за патувања. Секако, се' си има мерка, одиш вон сезони и слично, ама муабетот е дека сме далеку од тоа што се има замислата за македонецот дека оди во Грција со патлиџани и пиперки од дома (а и ова веќе не е вистина, затоа што веќе и тие што одат само во Грција трошат ко да нема утре и ќе потрошат повеќе отколку буџетарски да ја шеташ Европа за еден месец).

Ама, за сите нас важи дека не се коцкаме, не се дрогираме, не сме алкохоличари :D
За жал, оние што немаат и тоа малку што го имаат го трошат на овие работи.
Исто така немам комплекс за да бидам виден секој ден да дремам по кафиња и да трошам безвезе пари. Повеќе сме кафана тип на луѓе со мерка, кога стварно имаме потреба да се собереме. За друго, попрво ќе седнам на пиво во маало. Ептен сум маало тип на човек.

Исто така, кога биравме стан прегледавме може 100 станови во година и кусур. Ама цело време бев одлучен да купам стан во реон на општина Карпош.
Затоа што имаш автобуси во секое време, булевари во кои скоро никогаш не те фаќа гужва особено кога врне, блиску ти е се' и пред се' затоа што ни е блиску до работните места. Ниту јас, ниту сопругата не одиме со коли на работа. Колата ептен по потреба се користи, да не речам за патувања и за детево да го расшетуваме по гости. Со тоа трошоците за гориво и паркинзи (уште една важна ставка која го цеди буџетот на скопјани) ми се минимални. Имаме парно, па сметките за струја не се главоболка како кога живеев во куќа 30 години и зимно време плаќавме над 10.000 денари, а грееш една соба.
Високата цена за станот која ја платив, ја надокнадувам со овие работи кои сигурно ми заштедуваат бар по 150 евра месечно и мнооооогу време и живци кое би го изгубил во скопскиот сообраќај. Плус се' што ти треба е на 5 минути, градинки, школи итн. За неколку години секако се селам во некој друг град или село :D

Така што одговорот ми е да и за мене и за сите од мое друштво. Повеќето доаѓаме од фамилии што вода во очи немале кога сме биле мали ние.
Е сега, имаме отселени другар(к)и во други држави, но и кај нив побудите беа поинакви (нефункционалноста на државата или некои приватни причини).
Се' на се', не гледам дека они во странство живеат (или имаат време за нешто плус) нешто поразлично од тоа што живееме ние. Баш ќе отворев ваква тема деновиве :D
 
Семето може и да е исто како конвенционалното, само органското е третирано со многу послаби препарати често пати направени и во домашни услови со состојки на природна база. На пример од дедово кај што јас зимам домати и компир ги прска со ферментирана коприва што ем делува како прихрана ем е природен инсектицид. Во конвенционалното покрај јаките хемии за заштита користат и глифосфат против плевелите ја загадуваат и почвата, тука се работи рачно или со алатки/механизација во поголеми фирми што е генерално потешко и поризично производство и затоа поголема цена ама не би требало да биде x4 тоа е веќе претерано.
Пред неколку години во Холандија работев проект за автоматизација на марули, домати, пиперки во оранжериско производство. Нагласено беше од фирмата дека работат органски ама ни О од органски немаше, туку имаше препарати кои ни во Македонија не врват. За зреење, задржување на форма, боја имаш по 10 препарати, а сите се исти и убави.
 
Кое органски, се нагледав јас во Грција органски маслинки. Пробаа една година, нула приход, плукнаа и си продолжија со прскање, ама органско :)
 
Јас за пивата да се навратам, бидејќи останав без инфо.

Значи не евро. Туку над две. Евро е по маркетите. Тенерифе не е ослободено од царини туку помал данок има на ДДВ за разлика од копнена Шпанија. 21% наспроти 7% колку што е на секој остров од Канарските.
Хепихоурот е најчесто 5-6 евра за 2 кригли.

Тоа евро за пиво. Само Азија имам доживеано. Виетнам и Тајланд. Виетнам дури 30 центи беше за 330мл локално пиво.
Во Шпанија дури и пред короната во 2018. Малага и Барселона, па не беше евро пиво. Ниту на Тенерифе. За Мајорка пак да не зборам или Ибица.
 
Те лажам ? Што корист би имала ?
Кога ќе ти речам дека едно евро плаќавме значи едно евро не се инаети :)
И Аликанте имаше ваква понуда во еден хотел на сама плажа, ама таму беа мали кригли 0.33
Автоматски споено мислење:

1257.jpg
 
Последно уредено:
Те лажам ? Што корист би имала ?
Кога ќе ти речам дека едно евро плаќавме значи едно евро не се инаети :)
И Аликанте имаше ваква понуда во еден хотел на сама плажа, ама таму беа мали кригли 0.33
Инфо не добив. Сакав само да дознаам зошто сум бил повеќе пати на Тенерифе и знам како одат цените. И објаснив работи за кои тотално имаш утнато со таксите пример. Во маркет да. Имаш червези за 1 евро. Ако е така и во Германија има за 50центи пиво во маркет.

Не сум јас тој што се инаети на темиве. Шпанија ми беше дестинација број1 кога живеев во Германија и пред корона немаше лето кога не бев таму.
Олабај се малце со тоа инаети ова она.

Еве ти од Тенерифе пред 4 месеци. Значи надвор од сезона.

IMG_2283.jpeg
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom