Проблемот е што нашите власти ( без разлика која е партија на власт ) не сакаат да менуваат ништо.
А и менталитетот на висок процент од народот е проблематичен, пример обични смртници а успеат да средат некоја работа по институциите и да фатат врска и после таквите луѓенца се фалат наоколу како успеале со врски да избегнат да платат казни за сообраќајни прекршоци и казни за премин на улици надвор од пешачкиот премин.
Ама истите тие се жалат кога ќе им се случи ,, неправда " кога ќе немаат врски за во болница.
Истите оние кои претходно биле соучесници во креирањето на скапаниот систем.