Проблемот е што тоа дали играчот сака само во Јунајтед или не, требало уште во Април да биде договорено, а не тек сега да дознаваат дека на играчот му е сеедно, буквално, кур го боли дали ке игра во Јунајтед или Спарс. Ете, играчот вика дека Де Зерби му се јавил, и го убедил да дојде кај нив, покрај нели, очигледната поголема плата и трансферот платен на едно.
Тоа што не преплаќаме, мене ми делува дека има обратен ефект. Прво, клубовите не ги боли уво каква репутација ке имаш, дали си преплаќач или не, тие ке си бараат сума која им е наумена уште претходно за играчот. Ројал Анверп не влечеше со Ламенс скоро месец дена, и на крај им дадовме 4-5 милиони повеќе, зошто 17 милиони фунти се збореше цело време, на крај излезе 22-23. Исто и Брентфорд, 3 пати мораше да накачуваме за да се сложат.
Друга работа е што сега е уште потешко да купиш играч по помала цена, и сега ке почнат шпекулации за играчи како Коне он Рома, Сангаре, Будади, Садики, зашто за Скот и за Балеба сега цената е уште повисока, и секоја будала ке го посочува трансферот на Андерсон како бенчмарк кога ке одредува цена. Ако сите знаат дека си очаен за играчи(МОРА да купиме средњаци), тоа нив ги става во подобра преговарачка позиција, а не тебе како клуб, само заради тоа што си напуштил преговори за Андерсон и Фернандеш. Сакаш нејкеш, ке мора да му шлапнеш 300к плата на Чуамени, ако сакаш да дојде.
Економист сум по школување, ама ова што го прават иде контра сите закони на пазарна економија. И да, мора да почне да правиме паметни трансфери, и да земаме free agents, или играчи во последна година од договор. Не може секој трансфер да биде 70 милиони фунти.