ајде да ги наредам,
Л.М.(40) од Тетово, вработена во Клиничкиот центар Тетово пријавила кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од здравство“. Следете a1on на Instagram Според пријавеното, додека извршувала службени дејствија, настанала вербална расправија помеѓу неа и нејзин колега К.К.(67) од...
a1on.mk
Медицинска работничка од Клиничкиот центар во Тетово пријавила дека била физички нападната од свој колега додека ги извршувала работните обврски. Според информациите од СВР Тетово, на 29 мај 2026 година во 17:20 часот, 40-годишната Л.М. од
utro.mk
Медицинска работничка од Клиничкиот центар во Тетово пријавила дека била физички нападната од свој колега додека ги извршувала работните
bulevar.mk
Медицинска сестра нападната од колега во Тетовската болница, напаѓачот приведен Прочитајте повеќе на линкот во првиот коментар.
www.facebook.com
Официјалните реакции на синдикатите и медицинските здруженија во Македонија се фокусирани на најостра осуда за инцидентот во Тетово и барање за итни системски промени. Здравствените синдикати и комори го третираат овој настан како сериозен аларм за нарушените меѓучовечки односи и загрозената безбедност во јавното здравство.
Заштита на интегритетот: Посочено е дека медицинските сестри веќе подолг период се соочуваат со притисоци, поради што е неопходно итно законско дефинирање на нивната професија и статус.
Ставовите на Здружението на медицински сестри (во рамки на националните асоцијации како ЗМСТАМ и ЗМСТАС „ЗА-НАС“) се исклучително остри и револуционерни по инцидентот во Тетово. Нивните позиции не се однесуваат само на конкретниот напад, туку на поширокиот третман на оваа професија во Македонија.
Прекинување на молкот за „внатрешниот мобинг“: Здруженијата посочуваат дека овој напад е само врв на ледениот брег од долгогодишниот притисок, потценување и мобинг кои медицинските сестри ги трпат од дел од докторскиот кадар во здравствените установи.
... итн, итн, итн !
...доколку новинарите би ја извршиле како треба својата новинарска професија и со едно лично телефонско јавување, би дознале дека сето то било така монитирано и невистинито искажано со нивно копи /пасте јавно информирање, каде се надополнуваат со Синдикатите и Сојузот на медицински сестри кои сакаат да ја злоупотребат ова невистина за свои цели, нели е срамота вака монтирана невистина да го оформи јавното мислење, дека „доктор нападнал медицинска сестра“ на работно место, па уште и нивната возраст напишана, да се создаде говор на омраза кон постариот гинеколог кој законски си го продолжил својот работен век и емпатија кон „медицинска сестра“ демек „физички нападната“, нели е срамота на искривување на вистината!?
... накратко, вистината,
тука не се работи за никаква медицинска сестра, туку за двајца гинеколози, едниот со искуство и над 40 годишен стаж, од хрватски етникум, кој бил дежурен дента на инцидентот и негова колешка со три години работен стаж малтене до вчера специјализант, од албански етникум, која не била дежурна во тој конфликтен момент т.е. и' било завршено работното време.
... во меѓувреме се јавила пациентка со породилни болки која била интернирана и наместена на бокс во просторија каде дежурниот гинеколог требал да ја прегледа да одреди дали била спремна за раѓање, во моментот, непозвана од никого и од никаде, се појавила дотичната колешка гинеколог и го одгурнува дежурниот гинеколог, при што со рака го изгребала, недозволувајќи истиот да ја прегледа пациентката кажувајќи дека „таа била нејзин пациент“ и нема што тој тука да се меша, искусниот дежурен гинеколог и дал до знаење, при што и тој исто ја гурнал, кога оваа го изгребала за рака, дека тој бил дежурен и одговарал за пациентките не одделот, а не таа, која требала да биде дома по завршено работно време!
... по вербалната расправија, колешката гинеколог со три години работен стаж свртила телефон во полиција пријавувајќи физички напад врз неа на работно место од дотичниот колега гинеколог!
...ете ја вистината, двајцата со кривични меѓусебе, тој со приватна кривична за клевета врз негова професија и попречување за извршување работни задачи на дежурство, а таа со помош на државни институции, злоупотребувајќи го тоа што била женско, за физички напад, а немало сведок, освен пациентката која се изјаснила дека таа не ја повикала, ниту имала против што машки гинеколог требал да ја прегледа, највероватно и таа од албански етникум!
... и така низ сите социјални мрежи говор на омраза кон дежурниот гинеколог, а тој ни крив ни должен да добие такви погрдни коментари од народот кој тој толку долго истиот им помагал во породување на нивните сестри и мајки!