Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Пред 24 години на денешен ден излезе хитот Дилема на Кели и Нели. И уште не знам дали Нели ја доби пораката што Кели му ја напиша во Excel табела?

#ПрашањаШтоМеМачат

20260625_215318.jpg
 
Драга,

добредојде во 1984та.
Не годината туку книгата. Знаеш дека тоа што се смета за теорија на заговор после извесен временски перид станува вистина ?
Она што го кажуваа на филмовите : "Да не зброруваме по телефон, да се видиме во живо" и телефоните ги ставаа во микробранова ..... ќе треба да стане реалност.
 
Драга Кајагана,

На времето кога работев во Коузон процедурата беше секој вторник во 11 имаше презентација за работа на брод и после презентацијата се правеа 1 на 1 интервјуа со заинтересираните момци и девојки и после се праќаа нивни ЦВ-ња по бродските компании. Тогаш презентацијата ја држеше колега што на брод работел долги години ама само во ресторан департмент. Еден вторник доаѓа дечко со брада подолга од поповите, заинтересиран да работи на брод. Колегава ми вика ае има еден нешто фото/видео нешто, мавни го некако многу ми е чуден. Му викам океј, ајде ќе го видам дечкото и ќе му кажам дека ќе го видам на скајп... Излегувам од моето сопче и го гледам, типичен металец, си викам океј... му викам зафатен сум денес целосно, ајде в четврток на скајп да се видиме. Испадна дека дечково е технички директор на мала телевизија и дека сите прашања што ги имав ги одговори океј. Му реков дека следно колешката Николина ќе го контактира кога Викинг ќе дојдат во Скопје за интервју, само ќе треба да се потспастри, да ја скрати малку брадата.

И доаѓа интервјуто, прва фаза со општ регрутер од Викинг, уште вечерта таа му го праќа ЦВ-то на дечково на главниот за ентертејнмент на Викинг. Наредниот ден иако недела човеков закажува да го види на скајп веднаш. После интервјуто и праќа мејл на Николина, дали може уште во вторник да го качи човеков на брод? А човеков ни лекарски преглед, ни виза, ни STCW сертификати... Енивејз, за две недели се качи на брод како ентертејнмент техничар. На колегата што ги држеше презентациите му реков, виде ли што се случи, ти ми рече да го мавнам а тој прв се качи од сите луѓе што пројдоа интервју. Од тогаш тој колега само ќе ми кажеше, Тони имам кандидат/ка за тебе.

Ова беше пред некои 9 години ако не грешам, плус/минус... Зошто ја пишувам целава прикаска? Затоа што за неколку дена тој човек доаѓа на бродот каде што сум сега како Бродкаст Менаџер и ако нема измени ќе се дружиме до средина на октомври кога јас летам назад за Македонија.
 
Од копиљаци кои демолираат игралишта и фучат со тротинети насред булевар, преку волци кои не се соодветно згрижени и прават параспур во Зоолошка, до базени со посебни термини за мажи и жени. Јебао нас среден век.
 
За тие уште не го виделе, топла препорака да се посети инста профилот на некој македонски ресторан Антико во Сидни - antikobvh . Ја појак лик одамна немам видено, со нинџаки со све. Краљ.
 
Водителка на контактна емисија: Немојте да излегувате надвор без потреба.

Фала ти моја Славице, да не ми кажеше планирав сега да излезам јајца да пржам на асфалтот.
 
Драа

Мои ботљаци па ме навлечесфа на Продиџи. И сфе тој се деси случајно пред едну недељу две, кд идеше на телевизор у позадину Вуду Пипл на едн од онија програми што ги стависфа место ЕмТиВи.
Вика тато попушти, оваа песа ми се сиѓа.
:vozbud:

Ај ја Драа не сам ти кажуваја дека мои први почетоци сс музику су бш Продиџи.Омилени ми бесфс док не почна да слушам транс у девеес девету.
И много ми е криво што никад не ги слуша лајф док беше жиф Кејт Флинт. Тежак минус ми е тој му моју солидну денсфлор кариеру. Слуша ги 2023 на Егзит, ама нели Кејт умре 2019.
Безвременски бесфа еј. Али мора да признам дека не ми праесфа мерак после паузу и кд се избацисфа сс Бејби згона темпа.

Ск сфаки дн се журкамо са ботљаци, рокамо ги на јутуб, гасимо сфетло, спуштамо ролетне, палимо едну лајт шоу пирамиду што ми сфети у разни бое и лудуемо. Тај со крокодилот и Фајастата су ги омилени, наравно после Вуду Пипл.
За Смек Ма Бич Ап још су мали :icon_lol:
Парватеа највише лудуе на Дизел Паува, рапуе сс руке у вис хаха.
 
Драга,

Гомна да јадат овие што се против возење велосипед! Си има задоволство кога возиш надвор од град, па уживаш во пејзажите, а на пример и во градот можеш да налеташ на прекрасни глетки. Како на пример што видов на една постројка една мала црна цицлеста. Како да е вајана од Микеланџело, а доправена од Фрида Кало. И додека ја скенирав внимателно како да скенирам рок на производи по продавница, во последен момент успеав да го свртам погледот напред и да запрам. Инаку ке се залепев во гепекот на некој имбецил што го паркирал автомобилот на улицата и ќе направев апсолутен блам пред целата постројка.
 
Draga kajgana vremeto 41 a se osekja kako 28 isto kako jas axixixi
Автоматски споено мислење:

Draga kajgana mu prativ 8poraki ne mi vrati ke mu pustam i 9ta ako i na taa ne mi vrati mu idam pred vrata pa si imam svoe jas be nemoze taka axixixi
 
Последно уредено:
crazy eyes GIF
 
Драга,

изедов бурексо месо со козјо кислео млеко, пиев спрајт, грицкав пола кило кикирики, пола кило лубеница изедов и на крај изедов цел корнет сладолед од ванила.
Се напнав од уругвајциве што сами се елиминираа, тивко пувнав и собава ми се замрачи ........................

И да сакам нема шанси да заспијам особено на топлово. Ко што ми изгледа ќе ги гледам Египет и Иран у 5 сабајле.
 
Драга Кајгана,

Не за џабе рекле: “Пази што си замислуваш, затоа што може и да ти се оствари”.

Изминатиов месец ми се случија три работи кои некогаш само ми поминале низ мисла. Две убави и една неубава. И сфатив една голема вистина, џабе ти се сите убави работи на светов, ако внатрешно не ти е се океј.

Најчесто самата се обвинувам, се преиспитувам, си викам дека јас негде грешам... Се трудам со цело срце, а за возврат како да не го добивам истото. Генерално не сум човек кој сака да се жали, ама преку глава ми е веќе од сопствената емпатија и способност да ги жалам и разбирам другите повеќе отколку самата себе. Се си ставам на душа, се секирам како другите ќе изреагираат, и несвесно се доведувам во ужасна емоционална состојба. Некогаш се прашувам, како бре се станува себичен човек?

Ужасно е тешко кога од една страна се трудиш да балансираш за да има мир, а од друга страна внатрешно се распаѓаш. Се мислам дека сите околу мене гледаат низ таа маска. Можеби тука е и изворот на сите мои проблеми.

Морам да закочам со се во моментов, да здивнам и искрено да се преиспитам каде терам со животов. Ме јаде тешка грижа на совест и кривица за се што треба и не треба.

Толку имам да кажам, да си олеснам на душава. Ми треба тишина и пауза малку од сите.
 
Србиве имаат повеќе таканаречени геостратешки-аналитичари дури од нас. Се појавуваат на сите нивни телевизии и поткасти и сите до еден го знаат следниот маестрален потез на Путин. Блазе си им.
 
Back
На врв Bottom