СП 2026 во САД, Мексико и Канада - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kumanovo88
  • Време на започнување Време на започнување

За кои репрезентации навивате на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, 2026?

  • Алжир

  • Аргентина

  • Австралија

  • Австрија

  • Белгија

  • Босна и Херцеговина

  • Бразил

  • Канада

  • Зелено'ртски острови (Cabo Verde)

  • Колумбија

  • Хрватска

  • Курасао

  • Чешка

  • ДР Конго

  • Еквадор

  • Египет

  • Англија

  • Франција

  • Германија

  • Гана

  • Хаити

  • Иран

  • Ирак

  • Брег на слонова коска

  • Јапонија

  • Јордан

  • Мексико

  • Мароко

  • Холандија

  • Нов Зеланд

  • Норвешка

  • Панама

  • Парагвај

  • Португалија

  • Катар

  • Саудиска Арабија

  • Шкотска

  • Сенегал

  • Јужна Африка

  • Јужна Кореја

  • Шпанија

  • Шведска

  • Швајцарија

  • Тунис

  • Турција

  • САД

  • Уругвај

  • Узбекистан


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Иран 4ца, нема грешка. :icon_mrgr:
Еве друга листа
Не знам ни оваа дали е точна
Ќе треба братот Forza ACM да ги преброи лично, па да добиеме релевантна статистика

1000021016.jpg
 
Еве друга листа
Не знам ни оваа дали е точна
Ќе треба братот Forza ACM да ги преброи лично, па да добиеме релевантна статистика

Прегледај го приврзокот 480780
Уопште Шведска не е инклузивна со само 5 црнци. Треба да учи од Франција и Англија.
Франција имаат поише црнци од колонии како Бразил, Еквадор и Колумбија :pos: :pos:
 
Аиии Ј.Африка историја. Прв пат во втората фаза. Ј.Корејциве како разочараа после отварањето. Со Мексико калкулираа денеска Африканциве ги надиграа 80 минути. Само последните 10 минути притисна Кореа откако примија. Секоја чест на Африканциве имаа неколку прилики да отворат уште порано.
Доста интересна група испадна на крај. Чесите пропаст. Ништо не изиграа три утакмици.
 
Последно уредено:
Чешка подобро и да не се пласираше. Каков резил во таква лесна група. А ние што згрешивме толку што ни го дадоа Седло да не води во баражот. :facepalm:
Ј. Африка - Канада ќе е интересна затоа што и за двете екипи е прв пат да поминат групи.

Абе Англија да сакаше и Шпанија ќе ја тепаше во финалето на ЕП 2024, ама не сакаа ни тогаш.

Каде бе со муабетиве …
Изгледај ја пак утакмицата па види како шутираат како екипи од трета лига. Таа со Шпанија беше финале, сосема различно од второ коло по групи.
 
Колку бода мислите дека ќе имавме во оваа група ако се квалификувавме наместо Чешка? (и Милески да останеше)
 
Аууу Корејциве не се нормални. Какви потешки групи поминуваа и што победуваа милениумов , во оваа група си дозволија ваков кикс. Африканциве спремни со 90% да влезат во нокаут фаза (само Тунис ужас). Можда Сенегал се исто критични , а и имаат огромни проблеми околу федерација и услови, но па можат да ги напунат Ирак и со нешто среќа да поминат. Другиве од Африка сите имаат реални шанси да се најдат во 1/16 финале.
Шкотска скоро невозможно да поминат, а и не заслужија колку да ни е мерак на форумов ради фановите.
Од заебанции за шитхол и мемиња , Јужна Африка во добра позиција да игра и 1/8 финале. Не мења многу дека се Канада домаќини, а и квалитетот им е тој ко на Кореа. А за Кореа и покрај киксов , ќе се најде може место во нокаут фаза.
Ај нека има малце и вака неочекувани резултати, историјата покажала дека во нокаут фаза скоро секад го јаде еден од големите. Можно е и нешто од типот Шпанија - Аргентина , Бразил - Холандија, Португалија - Англија уште на стартот , што ја лично се надевам нема да се деси.
 
Чешка подобро и да не се пласираше. Каков резил во таква лесна група. А ние што згрешивме толку што ни го дадоа Седло да не води во баражот. :facepalm:
Ј. Африка - Канада ќе е интересна затоа што и за двете екипи е прв пат да поминат групи.
Голема предност во квалификациите е домашниот терен во баражите. Уште полошо е што домашниот терен во финалето се утврдува со ждребка.
На еден начин се дава можност и послаба екипа да изненади (како Босна), но сепак најправедно е да има реванши како што имаше порано. Барем во финалниот натпревар.
Во двомеч, Чешка многу тешко би ја елиминирала Данска.
 
Сега проверив - во сите можни сценарија Босна игра против САД, освен во едно, а тоа е ако сите 4 третопласирани од групите А, C, D, F се тие кои нема да одат понатаму. Значи Чешка (евентуално Кореја), Шкотска (евентуално Мароко или Бразил), Парагвај/Австралија, Шведска (евентуално Јапонија или Холандија) - сите 4 да се најслаби третопласирани во групите, што е речиси невозможно. Но ако евентуално се случи такво нешто, тогаш игра со победникот од група Е, а тоа е Германија.

Значи 99,9% е сигурно: САД - Босна и Херцеговина.

Слично е и во систем со 32 екипи иако има помалку варијабили, за да има скроз even field треба сите натпревари од трето коло да се играат во ист термин во ист ден, и пак е прашање.

Засега форматов е добар. Зошто? Затоа што екипите имаат мотив да гризат за бодови во сите три текми во групата. Порано имаше текми кае две екипи ќе имаа гарант пласман во нокаут и последно коло си додаваа топка. Вака екипи како Конго-Киншаса или Капе Верде имаат сериозни шанси за ноаут. Куп екипи направија и праат рекорди на своите земји на СП или како Капе Верде играчите ќе прераснат во легенди на островите. Одлично светско за сега, мојата Шкотска мувли невидени но треба да се има предвие дека играат во екипи од чемпионшип, шкотска лига (на рамниште на чемпионшип) и некојрандомликови од серие А. Освен МекГин и МекТоминеј нема друг класа играч, нападот е очаен, одбраната слаба едино средина колку толку. Да беше Били Гилмор на СП мооожеби...
Повеќе среќа на Еуро 2028 кога ќе бидат кодомаќини.
 
Немаат загарантиран пласман, сите домаќини ќе играат квалификации :)

И Англија? Не сум знаел.
Без разлика ќе дидат 12 квалификациски групи по 4/5 екипи и првите две одат на ЕП, нема да има трансфер од лига нации.
Кларк е одличен тренер, со една изузетно лоша репка успева да се пласира на СП и два пати на ЕП и еднаш беше во бараж за СП во Катар, значи од 4 такмичења кои ги водел, има приличен успех.
Изваде макс од потпросечни играчи, па чак и една победа на СП! Оној напаѓач Дајкс нема дадено гол во новата ера а Шанкленд беше јак пред две години кога натовари 30+ гола во Шкотска лига, оваа година имаше 14 или така нешто.

Фан факт - Сер Алекс Фергусон беше тренер на Шкотска во Мексико 1986 (прво првенство кое го паметам) и тој не успеа да влезе во нокаут фаза :angel:
 
Ова изгледа како во поговорката, како да се вртиш, газот ти е од позади.
 
1000030228.jpg

Спас за Шкотска групиве со помал процент од нив да изиграат според очекувањата и помош од некој од Австралија, Австрија , Белгија, Египет и + Сенегал - Ирак или Конго - Узбекистан да изиграат нерешено. Минимални победи на Ирак и Узбекистан исто би им одговарале.
 
Back
На врв Bottom