Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Да не знаев ја и другите немаше да викаме дека постираш канализација постови што немаат врска со реалноста.

Кога си внатре во канализацијата, посебно подолг период, ти го потиснува сетилото за мирис и се ти мириса исто т.е смрди, затоа така.
 
Ај @Human те молам дешифрирај што сака да кажи авторов (Рубио) :D

Секако бе Тенеке, вака вика во буквална транскрипција:

The United States of America holds all the cards.
There is no scenario here in which if they decide to go the ladder of escalation they wind up getting the last say.

Туку што бидна со плаќањето транзит низ Хормуз, на што се согласија Иранците во тој меморандумот да не знаеш? Бидејќи тврдеше дека тоа им се исплаќало повеќе од нафтата.
 
:lolzz:
 
Има таму член кој вика дека тоа ќе се регулира локално.
Јас мислам дека Иран и Оман се мисли ќе го регулираат. Може јуесеј како победник ќе добие попуст.
 
Има таму член кој вика дека тоа ќе се регулира локално.
Јас мислам дека Иран и Оман се мисли ќе го регулираат. Може јуесеј како победник ќе добие попуст.

Ништо нема да регулираат.

Туку проблемот беше сосем друг, не беше Хормуз.
Нуклеарната програма.
Иако сериозно разнишана, првично уништени многу нуклеарни постројки и луѓе кои работеа на проектот, сепак Иран може одново да ја изгради за деценија-две.
Ако крајниот договор не вклучува елиминација на нуклеарната програма;
-САД не ги остварија целите,
-Ќе има повторно војна во иднина.

Тука некаде беше и прашањето за соработка со САД/Кина, т.е. секундарна цел беше дали САД може да издејствуваат раководство што ќе биде благо наклонето на нивна страна. Рано е да се каже во која насока ќе одат работите тука.
 
Нуклеарната програма е прашање кое мислам никад нема да го решат.
Штом сега со сила не успејаа, со преговори мало сутра.
 
На повеќе места беше објавен меморандумот, е сеа колку е веродостоен кон онаа што е стварно потпишано ќе попричекаме малку.

ГП
1. Исламската Република Иран и Соединетите Американски Држави, заедно со нивните сојузници во тековната војна, со потпишувањето на овој Меморандум за разбирање прогласуваат непосреден и траен крај на војната на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан, и се обврзуваат да не иницираат никакви непријателски дејствија едни против други отсега и да се воздржат од закана или употреба на сила едни против други. Конечниот договор ќе ги потврди одредбите од овој член и преостанатите членови.

2. Исламската Република Иран и Соединетите Американски Држави се обврзуваат да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет едни против други и да се воздржат од мешање во внатрешните работи на другиот.

3. Исламската Република Иран и Соединетите Американски Држави се обврзуваат да преговараат и да постигнат конечен договор во рок од максимум 60 дена, со можност за продолжување по заемна согласност.

4. Веднаш по потпишувањето на овој Меморандум за разбирање, Соединетите Американски Држави ќе ја укинат поморската блокада, ќе спречат какво било мешање или опструкција на Исламската Република Иран и ќе го вратат целосниот капацитет на сообраќајот во рок од максимум 30 дена. Бродскиот сообраќај ќе биде соодветен на нивото на сообраќај на Исламска Република Иран пред војната. Соединетите Американски Држави, исто така, се обврзуваат да ги повлечат своите сили од околните области во рок од 30 дена од конечниот договор.

5. По потпишувањето на овој Меморандум за разбирање, Исламската Република Иран ќе преземе итни чекори за враќање, во рок од 30 дена, на движењето на трговските бродови од Персискиот Залив до Оманското Море и обратно на нивоата пред војната, земајќи ја предвид потребата од отстранување на техничките пречки и неутрализирање на мини што треба да ги изврши Иран.

6. Соединетите Американски Држави се обврзуваат да развијат, заедно со своите регионални партнери, сеопфатен план за обнова и економски развој на Исламска Република Иран, договорен од двете страни, со финансирање од најмалку 300 милијарди долари. Механизмот за спроведување на овој план, како дел од конечниот договор, ќе биде развиен во рок од 60 дена.

7. Соединетите Американски Држави се обврзуваат да ги укинат, во согласност со распоред што ќе биде договорен како дел од конечен договор, сите видови санкции со кои моментално се соочува Исламската Република Иран, вклучувајќи ги резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации и Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија, како и сите еднострани санкции на САД, и примарни и секундарни.

8. Исламската Република Иран повторува дека никогаш нема да произведува нуклеарно оружје. Исламската Република Иран и Соединетите Американски Држави се согласија дека судбината на збогатениот материјал и судбината на сите други меѓусебно договорени прашања поврзани со нуклеарната програма, вклучувајќи ги и нуклеарните потреби на Иран, ќе бидат соодветно решени во конечниот договор. Конечниот договор ќе ги потврди одредбите од овој член.

9. Исламската Република Иран и Соединетите Американски Држави се согласија да го одржат статус квото додека не се постигне конечен договор: Иран ќе го одржи статус квото во својата нуклеарна програма, а Соединетите Американски Држави нема да воведуваат нови санкции врз Иран ниту ќе ги зајакнуваат своите сили во регионот.

10. Соединетите Американски Држави се обврзуваат дека веднаш по потпишувањето на овој меморандум за разбирање, а до датумот на укинување на санкциите, Министерството за финансии на САД ќе издаде ослободувања за извоз на иранска сурова нафта, петрохемиски производи и нивни деривати и за сите поврзани услуги, вклучувајќи банкарски услуги, осигурување, транспорт и слично.

11. Соединетите Американски Држави се обврзуваат дека, во светлината на напредокот во преговорите според конечниот договор, замрзнатите или ограничените средства и средства на Исламската Република Иран ќе бидат ослободени и целосно достапни. Таквите средства, без разлика дали се чуваат на главна сметка или се префрлени, ќе се користат за секое конечно исплаќање на корисник назначен од Централната банка на Исламската Република Иран и ќе бидат целосно достапни за употреба. Соединетите Американски Држави се обврзуваат да ги издадат сите потребни дозволи и лиценци врз основа на тоа.
12. Исламската Република Иран и Соединетите Американски Држави се согласуваат дека ќе се воспостави механизам за имплементација за следење на успешното спроведување на конечниот договор и идното почитување на обврските од тој договор.
13. По потпишувањето на овој Меморандум за разбирање и по добивањето на гаранции дека спроведувањето на членовите 4, 5, 10 и 11 од овој Меморандум за разбирање е започнато и дека овие чекори ќе продолжат, Исламската Република Иран и Соединетите Американски Држави ќе започнат преговори за конечен договор само во однос на преостанатите членови.
14. Конечниот договор ќе биде одобрен со обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации.

-ова е првиот чекор со кој страните треба да пристапат кон преговори и кон потпишување на договор;
-во овој меморандум а веројатно и во договорот никаде не е спомнат(не потпишал ништо) Израел туку потписници се САД и Иран;
-ако договорот го следи наративот на меморандумот тогаш Иран е апсолутен победник, па така не вервам дека оваа ќе се преточи во договор, по крајот на СП ќе видиме како понатаму;
-бидејќи оваа војна е во корелација со онаја во Украина нешто не ми се верва дека Епштајновците ќе почитуваат што и да потпишат;
-че биде интересно до колку дојде до договор, кој че плајча 300 милијарди :pos: ;
-Иран не попушта, до кога, дали тие што се позади него се сигурни и ќе останат се поразот на западната империја, да се надеваме!

US Embassy denies Ben-Gvir visa waiver, requires fingerprint, visit canceled

Нуклеарната програма е прашање кое мислам никад нема да го решат.
Штом сега со сила не успејаа, со преговори мало сутра.
Иран изгуби доста од воените капацитети, нуклеарните постројки се исто така во голем дел уништени.
Ќе треба долго време да ги изградат.
Израел, а можеби и САД ќе имаат период од неколку години да вршат притисок, а и нова војна за да го решат тој проблем.

Всушност, има големи шанси да не дојдат до договор после меморандумот. Ќе кажи времето.
 
Реално сега Иран му прави услуга на Трамп. Да не тоне уште пониско. Оти Ормуз мормуз, сите држави трошат од резервите.
А дека пак ќе има војна, тоа 99.9% јуесеј ќе војува додека постои. Е како ќе и се сложат коцките во иднина, сам бог знае.
Оти ѓаволот, порано или покасно, доаѓа со сметката.
 
Пишуваат дека започнале копнена инвазија во Јужен Либан, Израел. Исто така дека вршат воздушни удари.
 
Реално сега Иран му прави услуга на Трамп. Да не тоне уште пониско. Оти Ормуз мормуз, сите држави трошат од резервите.
А дека пак ќе има војна, тоа 99.9% јуесеј ќе војува додека постои. Е како ќе и се сложат коцките во иднина, сам бог знае.
Оти ѓаволот, порано или покасно, доаѓа со сметката.
Зашто би им праеле услуга :D
 
Зашто би им праеле услуга :D
Не им, му.
Сетики и тие го потпишуваат договорот, па се трудат колку толку другиот потписник да има дигнитет, не апла изгубен американец!
Тоа се тие политичко империјални нијанси, кога правиш на ти го-дај ми го.
 
Реално сега Иран му прави услуга на Трамп. Да не тоне уште пониско. Оти Ормуз мормуз, сите држави трошат од резервите.
А дека пак ќе има војна, тоа 99.9% јуесеј ќе војува додека постои. Е како ќе и се сложат коцките во иднина, сам бог знае.
Оти ѓаволот, порано или покасно, доаѓа со сметката.

Затоа што знаат колку е непресметлив, и затоа што така се советувани. На пример види РФ колку му го прават филмот на Трамп, а на терен спротивно прават.
Не губи Иран ништо со ова. Прво ова е само меморандум „на разбирање“. Што практично е само прв чекор до договор, си кажуваат едни на други дека разбираат кој што бара (а не мора другиот да се согласи). За Иран ова е прв чекор за да ја легализираат патарината на теснецот Хормуз. Се обврзуваат само на некои лабави проверки за неразвивање на нуклеарно оружје, што не значи ништо во реалност и во краток/среден рок дефакто ќе развијат нуклеарно оружје (посебно сега кога го нема Ајатолахот кој стави фатва на развојот).

Не им, му.
Сетики и тие го потпишуваат договорот, па се трудат колку толку другиот потписник да има дигнитет, не апла изгубен американец!
Тоа се тие политичко империјални нијанси, кога правиш на ти го-дај ми го.
Но „Иран изгуби доста од воените капацитети, нуклеарните постројки се исто така во голем дел уништени.“ !!!
 
Back
На врв Bottom